Следете не

Временска прогноза

Денес облачно со сончеви периоди, во попладневните часови пороен дожд и грмежи, детали до кога ќе имаме нестабилно време..

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално и тоа особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа до недела во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Стабилизирање на времето се очекува на самиот почеток од следната недела. Температурите ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Пишува: Славчо Попоски

Временска прогноза

Попоски: Подгответе се за на плажа, следната недела доаѓаат температури до 40°C – детали..

Објавено пред

на

Нестабилноста во попладневните часови ќе се задржи и во следните неколку денови кога ќе имаме локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и локална појава на град.

Сепак во текот на следната недела, Македонија но и регионот се на удар на првиот изразен топлотен Африкански бран кој ќе услови многу високи температури на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите во одредени денови од следната недела се очекува да се искачат и до 40 степени.

Во текот на следната недела исто така ќе имаме значително повеќе сонце а УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНА вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 10 и 11 па затоа доколку излегувате со вас ЗАДОЛЖИТЕЛНО понесете си капа и наочари за сонце, со цел да се заштитите од лошото влијание на сонцето.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Денес сончево и топло, од пладне можни локални врнежи од дожд и грмежи

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Околу пладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне локално ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа и во следните денови во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Пишува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Покачување на дневните температури, во попладневните периоди продолжува нестабилното време

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со умерена локална облачност. Попладне особено во планинските региони ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до околу 27 степени.

Потоа во следните денови во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, а не се исклучува можноста и за локална појава на град. Температурите поради продор на значително потопла воздушна маса од југ ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ЗанимливостиПред 36 минути

Нова научна студија потврдува дека состојбата на „Земја“ е алармантна

„Несовпаѓањето на енергијата“ укажува на разликата помеѓу тоа колку атмосферата и површината на Земјата ја апсорбираат сончевата енергија, во споредба...

КичевоПред 49 минути

(ФОТО) Поради превртен камион на превој Стража сообраќај по една коловозна лента

На патниот правец Гостивар-Стража, поточно на околу 500 метри пред планинскиот премин Стража, поради превртено ТМВ сообраќајот се одвива наизменично по...

На денешен денПред 8 часа

На денешен ден – 19 јуни

1566 година – Роден е кралот Jamesејмс Стјуарт, наследувајќи ја Шкотската круна како Jamesејмс Шести во 1567 година по абдикацијата...

ХороскопПред 15 часа

Хороскоп за денес (19 јуни) сабота

ОВЕН Без оглед на околината, немојте само да седите и да чекате за другите, туку да бркате што сакате самостојно...

Здравје и убавинаПред 17 часа

Мајчиното млеко за бебињата најдобар заштитник од сите вируси и нивните соеви

Со месеци, лекарите, и странски и домашни, зборуваат за тоа како бебињата добиваат антитела преку мајчиното млеко кои ги штитат...

МагазинПред 22 часа

Диета за 2021 година според бројот на побарувања

Барбара Ролс е основач на волуметриската диета и стана најпопуларна во 2021 година и тоа само како диета која брзо...

На денешен денПред 1 ден

На денешен ден – 18 јуни

1155 година – Папата Адријан IV го круниса германскиот крал Фридрих Први Барбароса за римски-германски император. 1429 година – Француската...

ХороскопПред 2 дена

Дневен Хороскоп (18 јуни) петок

Овен Запаметете го добро овој ден, бидејќи ќе бидете среќни во секој момент. Венера ќе ви донесе насмевка на лицето,...

Временска прогнозаПред 2 дена

Попоски: Подгответе се за на плажа, следната недела доаѓаат температури до 40°C – детали..

Нестабилноста во попладневните часови ќе се задржи и во следните неколку денови кога ќе имаме локална појава на пороен дожд,...

КичевоПред 2 дена

И кичевскиот комплекс „Куќа на Уметност“ нуди работа за „Кувари и Пиц мајстори“

Кичевскиот реномиран комплекс „Куќа на Уметност“ во с.Кнежино има потреба од „Кувари“ за во кујна и „Пица мајстори“ – професионалци...

НАЈЧИТАНИ