Скопје
Денес посебен сообраќаен режим кај Соборна во Скопје

Денеска 06.01.2024 поради најавено одржување на настан за одбележување на Бадник во Скопје, од 10.30 часот се до завршување на настанот, за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајниците околу соборниот храм “Св. Климент Охридски“. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќајот на околните сообраќајници.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Скопје
Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот

На 17.06.2025 во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во просторија од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, Н.С.(43) од Скопје со стол кој го фрлила наназад ја удрила Г.Н.(45) од Скопје-вработена во училиштето.
Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.
Скопје
МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице

По преземени мерки и активности, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава по итна постапка по член 131 од Кривичниот законик против лицето Ф.С.(18) од Скопје.
Имено, на 17.06.2025 околу 19.50 часот на ул. ,,Цветан Димов” во Скопје, по кратка расправија во сообраќајот, настанала физичка пресметка помеѓу лицата Ф.С. и Р.С.(56) од една страна и 14-годишник од Скопје од друга страна, при што биле употребени остри предмети.
Во пресметката со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот и Р.С., додека Ф.С. се здобил со телесни повреди. Ф.С. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му изрекол мерка на претпазливост – времено одземање на патната исправа, вели МВР.
Скопје
Во Скопје било пријавено дека залутано зрно од огнено оружје оштетило битолски „мерцедес“

На 15.06.2025 во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Лазар Личеновски“ од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранско стакло од патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Т.Б. (71).
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
-
Lifestyle1 ден
Кичево овој викенд добива ново место за ноќен живот, добредојде за „Клиника Клуб“, официјално отворање со Катарина Грујиќ во живо!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (19 јуни)
-
Македонија9 часа
Полнете гориво, дизелот значително поскапува од ноќеска
-
Македонија1 ден
Во Скопје лице со остар предмет се обидел да нападне полицаец, бил веднаш лишен од слобода
-
Скопје1 ден
МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице
-
Скопје7 часа
Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот
-
Спорт3 часа
Мбапе итно хоспитализиран, клубот ја соопшти причината зошто „голгетерот“ не беше во план против Ал Хилал
-
Lifestyle13 часа
Природен летен пијалок што го чисти телото и ги топи мастите – потребни се само две состојки