Македонија
Денес повеќе оздравени пациенти, додека 718 се нови случаи на Ковид-19. Како последица на вирусот починале 14 пациенти во болнички услови

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.044 тестови, а регистрирани се 718 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 505, Битола – 30, Куманово – 29, Прилеп – 26, Кавадарци – 23, Гевгелија – 14, Велес – 10, Гостивар и Струмица – по 8, Тетово – 7, Штип, Кичево и Делчево – по 6, Неготино и Ресен – по 5, Струга, Богданци и Демир Хисар – по 4, Свети Николе и Радовиш – по 3, Охрид, Крива Паланка и Дебар – по 2, Кочани, Валандово, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонска Каменица – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (718), регистрирани се 95 реинфекции.
Регистрирани сe 1.244 оздравени пациенти од: Скопје – 612, Битола – 105, Прилеп – 104, Куманово – 47, Тетово – 34, Кавадарци – 33, Велес – 30, Струмица и Штип – по 28, Валандово – 26, Гостивар – 22, Гевгелија, Кичево, Ресен, Радовиш и Кочани – по 18, Неготино – 15, Богданци – 9, Свети Николе – 8, Крушево и Берово – по 7, Кратово, Македонска Каменица, Македински Брод и Пехчево – по 5, Делчево, Демир Хисар и Пробиштип – по 4, Дебар и Виница – по 2, Струга, Охрид и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 3 починати лица од Скопје (68г, 83г и 84г), 2 починати од Охрид (80г и 84г) и по едно починато лице од Битола (90г), Делчево (80г), Демир Капија (87г), Кавадарци (70г), Кратово (58г), Крива Паланка (73г), Неготино (79г), Прилеп (69г) и Радовиш (63г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Македонија
ЕВН Кичево за утре најави времен прекин на електрична енергија во реонот на М.Брод, потточно во овие македонски села

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре 26 мај – 2022 година – четврток, ЕВН Кичево ќе работи на реонот кон Македонски Брод, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата во следните македонски села:
село. Звечан, Косово, Битово, Волче, Заград, Кичин Растеш, Близанско, Здуње, Требовље, Ботушје и Брест (Од 09:00 до 15:00 часот)
Инфо: струја
Македонија
Од ноќеска ново поскапување на бензините!

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 18.05.2022 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,624 ден/кг и сега ќе изнесува 54,963 ден/кг.
Од 24.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 95,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 97,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,963 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,699%, кај дизелот намалување за 2,684%, кај екстра лесното масло намалување за 2,390% и кај мазутот зголемувањето е за 1,573%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,143%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 24.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Македонија
Вчера во СВР Охрид било пријавено дека жена паднала од зграда, која била итно пренесена во болница

На 21.05.2022 околу 13:20 часот во СВР Охрид, пријавено дека, на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, од зграда паднала Н.К.Д.(29).
Taa била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.
Се работи на расчистување на настанот.
За медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за 25 мај (среда)
-
Хороскоп17 часа
Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток
-
Култура5 часа
Денес се слави големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица
-
Временска прогноза1 ден
Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести
-
Скопје19 часа
Следните скопски реони утре со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН
-
Временска прогноза2 дена
Вечерва локално невреме во источните краеви на државата – ова се деталите
-
Магазин2 дена
Giveaway: Евротип спортските обложувалници доделуваат навивачки комплет само за вистински навивачи на Ливерпул и Реал Мадрид
-
Занимливости1 ден
Среќен 15-ти роденден на „Google Street View“