Следете не

Временска прогноза

Денес сончево и топло, од пладне можни локални врнежи од дожд и грмежи

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Околу пладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне локално ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа и во следните денови во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Пишува: Славчо Попоски

Временска прогноза

Попоски најавува пороен дожд, еве кога може да се очекува

Објавено пред

на

Денес времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека од утре особено попладне и навечер од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд.

Особено во вторник ќе биде и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Исто така од утре па натаму ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Температурите и тоа поради јужното воздушно струење ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени.

Во Скопје и околината исто така денес ќе биде стабилно, а од утре доцна попладне и во текот на ноќта кон вторник, како и во вторник ќе растат условите за врнежи од дожд. И во Скопскиот регион ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Температурите ќе се искачуваат до околу 23 степени.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Пред нас стабилно и суво време, од вторник повторно промени и дожд, ова се најновите информации за временската прогноза

Објавено пред

на

До крајот на оваа недела времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Дестабилизација на времето и повеќе врнежи се очекуваат од вторник кога ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст и тоа особено за време на викендот како и во почетокот од следната недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

И во Скопскиот регион времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени, за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Попоски: Најава за провејување на снег и заладување на времето

Објавено пред

на

Од денес па во текот на новата седмица ќе имаме многу пониски температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината, и тоа поради влијанието на МНОГУ ПОСТУДЕНИОТ воздух од север.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Услови за локални послаби врнежи од дожд ќе има на средината од неделата кога на највисоките планински места и во Македонија ќе има услови за провејување на снег.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 10 степени што значи дека ќе биде ДОСТА СТУДЕНО, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, додека од среда барем отсега гледано ќе биде уште посвежо преку ден – вели за Еспресо метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево35 минути

Fecky Faris, Milan & Ultimusa овој викенд во Република 96250!

За сите љубители на лудите ритми, Република 96250 подготви одличен викенд полн со возбудливи настапи. Петок (30.09.2022) за одлична забавна...

Магазин1 час

Од оваа недела WhatsApp воведува нова функција која ќе израдува многумина

Марк Цукерберг ја објави оваа нова функција на Facebook. Апликацијата сега овозможува поедноставни повици до аудио разговори, а наскоро ќе...

Магазин1 час

Meta брише лажни профили од Кина и Русија

Meta ги засилува безбедносните напори против дезинформации Meta отстрани голем број лажни профили од Кина кои ги таргетираа САД со...

Магазин1 час

Samsung го претстави својот компјутер со лизгачки екран

За време на конференцијата Innovation 2022, Samsung претстави интересен уред кој вклучува хардвер на Intel. Прикажан е „лизгачки“ компјутер кој...

Гејминг1 час

Rockstar потврди големо протекување на податоци за GTA VI

Протекувањето податоци за играта Grand Theft Auto VI се чини дека е реално. Rockstar Games ја потврди автентичноста на протекувањето...

Магазин1 час

iOS 16 предизвикува сериозни проблеми со батеријата

Најпрво системот на камерата се тресеше и зуеше на „Pro“ моделите од најновата серија на мобилни телефони на Apple iPhone,...

Кичево1 час

Камион излетал од коловоз на Стража, возачот бил тешко повреден

Денес во 12 часот и 15 минути според лидерскиот медиум од Гостивар (gostivarpress.mk) во СВР Тетово пријавено е дека на...

Спорт6 часа

Аматерската репрезентација на Македонија во фудбал ќе учествува на реномираниот „Regions Cup“ во Рим, Италија

Аматерската репрезентација на Македонија во периодот од 28 септември до 5 октомври ќе биде учесник на Regions Cup  турнир во организација...

На денешен ден9 часа

28 септември – На денешен ден

48 п.н.е. – Во Египет е убиен Гнеј Помпеј Велики, еден од најголемите римски државници и војсководци, кој во 69...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за среда (28 септември)

ОВЕН  Ако можете, искористете ја можноста да патувате или да присуствувате на оние деловни настани што ќе ви помогнат да...

НАЈЧИТАНИ