Следете не

Временска прогноза

Денес стабилно и суво, утре попладне невреме со врнежи од дожд и грмежи

Објавено пред

на

До крајот на денов во нашата држава останува стабилно, суво и топло време со максималните температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Потоа почнувајќи од утре попладне, па во текот на следната недела нашата територија ќе биде зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе услови поројни врнежи од дожд и појава на грмежи.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот претежно од 21 до 29 степени.

И во Скопскиот регион од утре попладне, а особено во текот на следната недела Атмосферата ќе се дестабилизира и ќе има повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и локална појава на град, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 29 степени..

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на НЕВРЕМЕ  и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, додека овчарите своите овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

Автор: Славчо Попоски

Временска прогноза

Точни прогнози, Копаоник под снег, ова се деталите..

Објавено пред

на

Како што и беше најавено, студениот воздушен бран од север и од североисток стигна во сосетството и го донесе првиот снег. Снег во моментов врне на Копаоник, Србија.

Таму веќе има и тенка снежна покрвика, додека температурата се спушти до неверојатни 0 степени:

Студениот бран ја зафати и Македонија, и тоа особено северната половина а до вечерва ќе ја зафати цела Македонија. Истиот ќе услови умерен до засилен северен и северозападен ветер и повремен локален дожд.

Не се исклучува можноста на највисоките планински врвови да провее и првиот снег за оваа сезона.

Овој студен бран е невообичаен за овој период од годината, а ново затоплување на времето ќе имаме веќе од петок па натаму.

Пишува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Детална анализа: Од денес уште постудено време, утринските температури некаде и до 0°C, ова се деталите..

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СВЕЖО со умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Особено попладне и во вечерните часови ќе има повремен локален дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СВЕЖО со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и навечер ќе има услови за слаб локален дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.

Потоа утре претпладне сеуште ќе има нешто повеќе облачност, додека попладне облачноста ќе се намалува и од петок, па за време на викендот ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Наутро температурите ќе бидат особено НИСКИ и понекаде ќе се спуштат дури до -1 степен. Максималните пак од петок, па за време на викендот ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН пораст и тоа под влијание на топла воздушна маса од југ, и истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степен.

И во Скопје од петок, па за време на викендот температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 28 степени.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Топло време денес, од утре вистинска зима со можен снег на планините, во четврток стабилизација

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе се задржи сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Особено во западните предели ќе има услови за локален краткотраен дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец. Температурата ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа под влијание на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север и од североисток, од утре температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ, а ќе дува и умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе има услови и за појава на локален дожд, особено во среда попладне и навечер, кога на највисоките планински врвови има услови за сосема слабо провејување на СНЕГ. Температурите, особено од средината на оваа недела ќе бидат значително под просекот и минималните понекаде ќе се спуштат дури до околу 0 степени, а максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Целосно стабилизирање на времето се очекува од четврток.

Пишува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 15 часа

На денешен ден (24 септември)

768.- Почина францускиот крал Пепин III Мали (Пепин ле Бреф), првиот монарх од династијата Каролингија. За време на неговото владеење...

ХороскопПред 18 часа

Хороскоп за денес -[ 24 септември ]- петок

ОВЕН Оваа недела ќе се случи емоционален климакс со влегувањето на месечината во вашиот знак, време е да се посветите...

МакедонијаПред 23 часа

Со Тотал ТВ секогаш си до најдобрите филмски содржини и најпопуларните ТВ серии. Погледнете ги следните најдобри ТВ понуди

Со Тотал ТВ секогаш си до најдобрите филмски содржини и до најпопуларните ТВ серии. Не пропштај и одбери го твојот...

МагазинПред 1 ден

Европската комисија предлага единствен полнач за сите електронски уреди

Европската комисија (ЕК) предложи USB-C да биде заеднички порт за сите електронски уреди. Денешниот предлог предвидува USB-C да стане стандардeн...

СпортПред 1 ден

Женска репрезентација на Македонија до 17: На турнир во Естонија

Женската репрезентација на Македонија до 17 години денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски”, ги започна подготовките за квалификацискиот турнир што...

ГејмингПред 1 ден

Nvidia објавува драјвери за Windows 11 со поддршка за DLSS за повеќе од 28 игри

Nvidia објавува нова програма која додава поддршка за DLSS (Deep Learning Super Sampling) за 28 игри, а сега е сертифицирана...

СветПред 1 ден

Соединетите држави одобрија трета доза Pfizer-Biontek за стари лица и лица во ризик

Соединетите Американски Држави (САД) ја одобрија третата доза на вакцина Pfizer-Biontek против коронавирус за лица постари од 65 години и...

СветПред 1 ден

Вакцинација против корона наскоро и за бебињата: Директор на Модерна за борба против пандемијата на корона вирусот

Во моментов тестираме вакцини кои се адаптирани за делта сојот во клинички испитувања. Тие ќе ја формираат основата на зајакнувачки...

СкопјеПред 1 ден

Поради зафати во електродистрибутивната мрежа следните скопски локации денеска ќе останат без електрична енергија

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, денес на ден 23.09.2021 година – четврток, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини...

СпортПред 2 дена

Спировски: Тимот го победува најтешкиот и најсилниот противник. Верувам дека сме на правиот пат.

Македонскиот репрезентативен фудбал по завршувањето на Европското првенство 2020. отвора нова страница во својата историја. Под водство на новиот селектор...

НАЈЧИТАНИ