Временска прогноза
Денес студено и со засилен ветер, деновиве стабилизација на времето

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за сосема слаб локален снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 9 степени.
Потоа во следните денови следува период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Наутро ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 1 степен.
Максималните дневни, особено за викендот ќе бидат во позначителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.
Пишува: Славчо Попоски
Временска прогноза
Вчерашната и претстојната ноќ значително по свежи со слаб северен ветер

Во текот на претстојната ноќ во Македонија времето ќе биде ведро со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Исто така оваа ноќ ќе биде значително посвежа за разлика од изминатите ноќи, а и утрешното утро (недела 15 јуни) ќе биде свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени.
Во Скопје и околината минималната температура до утре (недела 15 јуни) ќе се спушти до околу 14 степени.
Попоски додава: Најава за екстремно топол бран и понатаму немам, што значи продолжува умерениот топол бран од Африка, со попријатни температури преку ден кои ќе бидат без поголеми промени, но и свежи ноќи и утра со пониски температури, заврши Славчо Попоски
Временска прогноза
Денес во Македонија продор на свежина од север, ова се метео информациите

Поради продор на посвежа воздушна маса од север, во Македонија ни следуваат многу попријатни температури на воздухот, како и намалување на интензитетот на топлиот бран од Африка кој овие денови ја зафати нашата Македонија.
Сето ова ќе услови повремено да дува засилен ветер од северен правец, најизразен во Повардарието. Времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе имаме локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Појава на некое големо невреме овој пат за среќа не очекуваме, што значи дека се работи за значително помала нестабилнот за ралика од минатиот пат, кога беше многу нестабилно.
Температурите во следните денови ќе бидат многу попријатни и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33/34 степени, додека во Скопје максималната температура на воздухот ќе се искачува до околу 32/33 степени, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Алармот е вклучен, денес ќе имаме најтопол ден од почеток на 2025-та година!

Денес (недела 8 јуни) во Македонија топлотниот бран од Африка ќе го достигне својот максимум и температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. Во Скопје максималната дневна температура ќе се искачи до околу 37 степени.
Времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има многу висока вреднот и ќе изнесува коефициент 8.
Денешниот ден ќе биде и најтоплиот ден досега оваа 2025 година, доцна вечерва истакна метеорологот Славчо Попоски од Метеоаларм.
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Од понеделник во Кичево започнува наплата на зонско паркирање во три зони
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Денес по пријава ТППЕ Кичево безбедно отстрани змија од возило
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (15 јуни)
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за понеделник (16 јуни)
-
Скопје15 часа
Таксист во Скопје на швајцарец му наплатил 7800 ден и избегал
-
Временска прогноза1 ден
Вчерашната и претстојната ноќ значително по свежи со слаб северен ветер
-
Социјални мрежи7 часа
„WhatsApp“ со нови функции за подобрено корисничко искуство