Следете не

Хороскоп

Денешен Хороскоп -(14 ноември)- недела

Објавено пред

на

ОВЕН
Целото ваше внимание е насочено кон некој семеен проблем. Денес ќе се случи конечната кулминација на сето тоа а добрата вест е дека решението е едноставно и поволно за вас. После големите турбуленции ви пристигнува големо олеснување.

БИК
Ве обзема идеа да започнете некоја приватна работа. Затегнатите односи со шефовите и лошата атмосфера во опкружувањето може да издвои екипа на луѓе со кои е возможно остварување на самостоен бизнис. Не заборавајте дека онаму каде што владее интересот, љубовта и сочувството спијат.

БЛИЗНАЦИ
Конечно ги привршувате заостанатите работи со кои сте се мачеле долго време. Конечно се назира епилог на нешто на кое долго сте работетел. После долго чекање ќе ви годи чувството на мала победа па имате право да си дозволите краткотраен одмор.

РАК
Денот ќе го започнете стресно и со големо незадоволство. Доколку не избегнете непотребни трошоци, можете да западнете во голема финансиска криза. Од попладнето можете да рачунате на позитивни вести и интензивна комунилација со странство.

ЛАВ
Свесни сте дека пред вас е напоред период на речиси сите полиња. Полни сте со енергија и волја а вродениот борбен дух и оптимизам ќе ве направи уште посилни. Иако ќе вложите многу труд, на крајот ќе бидете задоволни со постигнатите резултати.

ДЕВИЦА
Брзи сте но и невнимателни. Поради претераното брзање сте приморани да направите селекција што е важно а што не е. Сепак, со оглед на тоа колку сте се залетале, шансите да направите опасна грешка се минимални. Бидете внимателни особено во сообраќајот.

ВАГА
Чувствувате дека сте професионално доста ценети, а денес ви стигнува и мала потврда за тоа. Паралелно со тоа ќе имате позитивен напредок во семејните односи и тоа додатно ќе ве орасположи. Добрата атмосфера создава миг кога ќе сакате да изнесете се што ви лежи на срце.

ШКОРПИЈА
Внимателно испланирајте го денот и ќе имате прилика да изградите нова деловна стратегија која долгорочно ќе ви донесе резултати на кои ќе бидете доста горди. Насочете се кон работата и семејните односи оставете ги настрана.

СТРЕЛЕЦ
Не се обидувајте да ги спроведете своите замисли во дело, сте избрале погрешен ден. Наместо тоа, прочитајте ја омилената книга и посетете кино или театар. Чувајте се од инфекции и овој ден поминете го во изолација од другите луѓе.

ЈАРЕЦ
Полни сте со енергија толку што не знаете што да правите со неа. Кога немате каде да ја трошите почнете да ја пренесувате тензијата на околината. На удар е саканата личност а знаете дека немате причина за тоа. Со своето однесување можете непотребно да ја нарушите стабилноста на врската.

ВОДОЛИЈА
Пронајдете баланс помеѓу деловниот и семејниот живот. Премногу зборувате за она кое треба да биде ваша интима а тоа може да биде сигнал дека ве мачи некаква грижа на совест. Размислете за тоа пред околината да почне да ве избегнува.

РИБИ
Математички сте го израчунале својот љубовен живот па по ваше мислење не постои шанса нештата да бидат онакви какви што сте ги замислиле. Сфаќате дека не е лесно да го предвидите развојот на случувањата особено ако во односите се вклучени и емоции.

Хороскоп

Хороскоп за петок (11 октомври)

Објавено пред

на

ОВЕН
Конечно би можеле да донесете одлука што ја одложувате толку долго. Откако еднаш ќе пресечете и ќе го надминете стравот и својата неодлучност, ќе сфатите колку убавина има во преземањето одговорност. На овој начин, вие му давате слобода, и на себе и на вашиот партнер.

БИК
Крајот на еден циклус на работа ќе ве направи многу горд. Вашиот удел е голем и очекувате материјална награда за наградата. Без оглед на вашите вистински заслуги, бидете подготвени за фактот дека финансискиот профит нема да биде пропорционален на вложениот труд.

БЛИЗНАЦИ
Фокусот е на семејните односи, без разлика дали станува збор за вашето семејство или вашиот партнер. Посветеноста е нешто што ве издвојува, но овој пат не сте сигурни дали вашиот ангажман е неопходен. Повеќе би сакале да спиете преку слободното време.

РАК
Негативната енергија што ја започнавте се генерира околу вас. Ви се чини дека околината ве исцрпува, а вие го занемарувате фактот дека ги оптеретувате со вашето досаѓање. Запомнете, она што ве достигнува е пропорционално на она што го давате.

ЛАВ
Непланираните трошоци ве исфрлаат од рамнотежа. Не разбирате зошто, иако сте ангажирани до исцрпеност, не можете финансиски да врзувате крај со крај. Проблемот не е во малиот прилив на пари, туку во претходното трошење.

ДЕВИЦА
Можни се проблеми во љубовните врски. Во минатото славевте мала победа со која му соопштувате на вашиот партнер каде припаѓа. Денес сето тоа доаѓа на наплата и вашиот авторитет може да се разниша ако не го зауздате егото на време.

ВАГА
Имагинативни сте, разноврсни и полни со идеи, така што постои голема шанса која треба добро да ја искористите. Сепак, за да постигнете некои поголеми цели, ќе мора да жртвувате нешто, а тоа е најверојатно нешто што е поврзано со вашиот приватен и љубовен живот.

ШКОРПИЈА
Поволен ден за истражување и учење. Исто така, сигурно е дека ќе добиете понуда да се зачлените во хуманитарна организација каде што целосно би се изразиле затоа што вашата комуникативност и убедливост се вредни за таа работа.

СТРЕЛЕЦ
Ве очекува важна лекција во која треба да го надминете вашиот песимизам, што е една од вашите црти што често работи против вас. Верувате во вашите интелектуални моќи, но мора да бидете свесни и дека е нереално дека сте секогаш во право.

ЈАРЕЦ
Ве очекува ненадеен пад на енергијата. Напнатоста може да предизвика отворени конфликти со луѓе кои се ваши пријатели. Посесивното однесување на саканата личност дополнително ги комплицира сите ваши обиди да ги поправите работите и да ја зачувате врската.

ВОДОЛИЈА
Ве привлекува личност со која љубовната врска е невозможна. Страсното расположение го претворате во креативност, која ве исполнува со скапоцена енергија. Одлична мотивација ве инспирира за одлични деловни потези што ќе ви донесат чувство на вистинско задоволство.

РИБИ
Направивте избрзани потези, па се најдовте во навидум безизлезна ситуација. Блефирањето не успеа, па имате непријатен разговор со претпоставениот. За да ги ублажите последиците, доброволно преземете одговорност и решете го проблемот.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за четврток (10 октомври)

Објавено пред

на

ОВЕН

Можеби ќе имате некој конфликт поврзан со работното опкружување. Ве очекуваат многу проблеми на ова поле. Потребен ви е подобар пристап во комуникацијата со саканата личност бидејќи имате некои проблеми. Зајакнете го имунитетот.

БИК

Ги преиспитувате своите амбиции и доаѓате до заклучок дека постојат некои рабаоти кои треба да ги промените во своите планови. Можно е подолго време да сте биле насочени на една личност која не покажува интересирање. Водете сметка за исхраната.

БЛИЗНАЦИ

Почекајте некои работи да се смират, не е време за нови одлуки и за брзоплети потези. Мирната ситуација со емотивниот партнер ви одговара. Сигурни сте во вашата љубов и одлично се чувствувате. Водете сметка за стомакот и цревата.

РАК

Доколку сте посветени на својата работа, може да очекувате дека ќе успеете да остварите одлични резултати. Ќе остварите и добра комуникација со личноста која ви се допаѓа. Вашиот однос може да напредува. Поведете сметка за градниот кош.

ЛАВ

Ќе остварите значајно подобрување на полето поврзано со заработката. Може да се надевате на позитивни промени. Сакате да бидете во врска со личност која кон вас покажува емоции и добри намери. Внесувајте свежи намирници.

ДЕВИЦА

Уште малку почекајте пред да донесете нова важна деловна одлука. Потрудете се да ги погледнете работите од повеќе агли. Комуникацијата со саканата личност може да стане комплицирана поради мешање. Минлива кашлица.

ВАГА

Доколку ви се потребни нови проекти или промени на деловно поле, ќе успеете да ги започнете денес. Може да очекувате некое познанство кое ќе остави добар впечаток на вас. Внесувајте магнезиум.

ШКОРПИЈА

Можеби постои неискреност во вашето деловно опкружување и некои работи се случуваат позади вашиот грб. Може да очекувате одличен однос со саканата личност. Потребен ви е сон.

СТРЕЛЕЦ

Можеби ќе ви се укаже можност за промена на работата само прашање е дали ќе сакате да ја искористите. Ве очекува интересна средба со личност која гаи искрени емоции кон вас. Развивајте здрави навики.

ЈАРЕЦ

Многу сте упорни и сакате да остварите напредување на работното место. Сметате дека заслужувате нови можности за напредување. Ви се допаѓа личност која е срмежлива и потребно и е време да се опушти. Проблеми со тахикардија.

ВОДОЛИЈА

Вредно работите и важно ви е да ги остварите своите амбиции. Давате сѐ од себе. Немате дилеми кога станува збор за личноста која ви се допаѓа. Знаете дека сакате да бидете само со неа. Променете го стресниот начин на живот.

РИБИ

Потрудете се обврските да ги завршите во дадениот рок и не ги избегнувајте своите одговорности. Многу бргу ќе остварите ново познанство со личност која ќе покаже дека искрено и се допаѓате. Можен е мал пад на енергија во текот на денот.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за среда (9 октомври)

Објавено пред

на

Ќе оставите многу позитивен впечаток при нов деловен разговор. Може да очекувате поволна фаза на работа. Личност која живее во ваша близина ќе покаже дека има желба да бидете повеќе од пријатели. Проблеми поради исцрпеност.

БИК

Слободно спротиставете се на туѓото мислење бидејќи на крај ќе докажете дека сте биле во право. Постои можност со саканата личност да изградите стабилен и добар однос ако разговарате искрено во врска со сѐ. Здравјето е во ред.

БЛИЗНАЦИ

Промена на работата е пред вас. Може да се надевате на многу позитивен период за нови случувања и заработка. Напнатата атмосфера ве оптеретува и не можете повеќе да издржите во врската во која кавгите се константни. Можни се проблеми со колковите.

РАК
Не е поволен период да носите нови одлуки на деловно поле. Сѐ укажува на тоа дека е можно да направите грешка. Прилично сте ладни кон саканата личност и не ви е лесно да покажете што ве повредило. Избегнувајте слатки.

ЛАВ

Сакате по секоја цена да покажете на работа дека сте подоминантни од другите и дека на некој начин победивте. Обидете се да не обрнувате внимание на трачевите кои кружат околу вас. Важни се само емоциите. Болка во грлото.

ДЕВИЦА

Ве оптеретуваат ситници кои не сте успеале да ги решите на ова поле. Многу работи ви создаваат притисок. Не ви се допаѓа ставот кој го зазема саканата личност и тешко ви е да се помирите со некои работи. Проблеми со уринарниот тракт.

ВАГА

Склони сте кон започнување на кавги со личност со која имате блиска соработка бидејќи не сака да работи онака како што и кажувате вие. Не умеете на вистински начин да ги покажете своите емоции и вашиот негативен став го одбива партнерот. Потребен ви е сон.

ШКОРПИЈА

Сметате дека дојде време полека да ја менувате работата. Имате впечаток дека на моменталното работно место не можете да напредувате. Потребна ви е поголема флексибилност и став кон саканата личност. Проблеми со синусите.

СТРЕЛЕЦ

Поволен викенд ако се занимавате со административна работа или ако чекате било каков документ. Имате можност да бирате со кој ќе бидете, додворувачите постојано ви се појавуваат. Емотивното поле ви е многу возбудливо. Ве мачи кашлица.

ЈАРЕЦ

Немојте премногу да се потпирате на другите луѓе и потрудете се сами да ја завршите работата која е пред вас. Премногу сте склони кон кавги и тензии, па поради тоа партнерот може да почне да го избегнува вашето присуство. Можни се проблеми со црниот дроб.

ВОДОЛИЈА

Се наоѓате пред нова, важна животна одлука во која ќе мора да покажете колку всушност сте созреале. Можно е помеѓу вас и саканата личност атмосферата да не е многу поволна веќе некое време и тоа многу ве боли. Полни сте со енергија.

РИБИ

Имате финансиски проблеми и не знаете кому да се обратите за помош. Имате впечаток дека сите околности се против вас. Можно е да не можете да се контролирате и на саканата личност пребрзо да и изразите љубов. Не се чувствувате добро поради стрес.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за петок (11 октомври)

ОВЕН Конечно би можеле да донесете одлука што ја одложувате толку долго. Откако еднаш ќе пресечете и ќе го надминете...

Спорт13 часа

Рафаел Надал заминува во спортска пензија!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да се повлече од спортот, последните натпревари за Шпанија ќе ги одигра на крајот на...

Lifestyle13 часа

Проверете во кои ситуации не треба (веднаш) да ги миеме забите

На социјалните мрежи кружат различни совети за хигиената на забите, а посебно внимание привлече еден – тврдењето дека постојат три...

Lifestyle13 часа

Седум видови одмор за враќање на енергијата

Во денешниот зафатен свет, многу луѓе се борат со хроничен замор и исцрпеност. Иако спиењето е важен аспект на закрепнувањето,...

Магазин14 часа

Рангирање на најпопуларните брендови во светот на лаптопите

Lenovo води во глобалната трка на пазарот на компјутери, додека Apple забележува пад на продажбата и Asus го престигнува во...

Магазин14 часа

Апликацијата NVIDIA ќе ја замени GeForce Experience

Идните ажурирања ќе имаат за цел да ги спојат GeForce Experience и NVIDIA контролната табла. Апликација NVIDIA Овој февруари, NVIDIA...

Временска прогноза14 часа

Денес и утре „мини-лето“ преку ден, додека утринските температури ќе бидат ниски

Денес (четврток) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво, сончево и топло, со појава на умерена локална облачност, додека утре...

Свет24 часа

(ВИДЕО) Жителите во областа Тампа добија порака „Преземете акција да ги заштитите вашите животи“

Областа Тампа, која се подготвува за претстојното предупредување дека тука ќе биде застапен ураганот Милтон, официјално доби порака дека доаѓа...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (10 октомври)

ОВЕН Можеби ќе имате некој конфликт поврзан со работното опкружување. Ве очекуваат многу проблеми на ова поле. Потребен ви е...

Спорт1 ден

Македонската фудбалска репрезентација утре оди на победа, Милевски размислува за стартниот тим, Чурлинов и Трајковски се повредени

Македонската фудбалска репрезентација утре ги продолжува своите настапи во Лигата на нации со дуелот против Летонија во Рига. Нашиот национален тим...

НАЈЧИТАНИ