Македонија
Денешен Ковид-19 биланс, нови 1,715 случаи, починале 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.811 тестови, а регистрирани се 1.715 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 882
• Битола – 87
• Куманово – 75
• Тетово – 69
• Кавадарци – 66
• Велес – 63
• Охрид – 56
• Прилеп и Струмица – по 48
• Гостивар – 36
• Гевгелија – 33
• Неготино – 29
• Штип – 28
• Кочани – 26
• Кичево – 24
• Радовиш – 20
• Валандово – 17
• Богданци – 16
• Струга и Крива Паланка – по 14
• Ресен – 12
• Виница – 9
• Свети Николе и Делчево – по 8
• Демир Капија и Пехчево – по 5
• Кратово и Македонски Брод – по 4
• Пробиштип – 3
• Дебар и Демир Хисар – по 2
• Македонска Каменица и Дојран – по 1
Од вкупниот број на позитивни (1.715), регистрирани се 240 реинфекции и една втора реинфекција.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 7 починати лица од Скопје (58г, 70г, 70г, 74г, 76г, 82г и 87г), 2 починати лица од Битола (77г и 81г) и по едно починато лице од Велес (59г), Гевгелија (81г), Кавадарци (64г), Куманово (66г), Неготино (63г), Охрид (57г), Ресен (82г), Свети Николе (73г), Струга (68г), Тетово (66г) и Штип (66г). Од пријавените лица 19 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Струмица (1), Штип (1), Вландово (1) и Битола (1). Починатите се на возраст од 51г до 76г. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 26.01.2021 – 01.02.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=24), 9 лица се целосно вакцинирани, а кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.
Регистрирани сe 2.057 оздравени пациенти од:
• Скопје – 1.276
• Тетово – 192
• Гостивар – 101
• Куманово – 88
• Кавадарци – 84
• Велес – 63
• Гевгелија – 44
• Кочани – 25
• Штип – 24
• Неготино – 20
• Битола – 19
• Радовиш – 18
• Крива Паланка – 13
• Прилеп, Струмица, Свети Николе и Делчево – по 12
• Виница и Богданци – по 6
• Кратово – 5
• Кичево, Македонска Каменица, Демир Капија и Пехчево – по 4
• Берово – 3
• Пробиштип и Демир Хисар – по 2
• Струга и Дојран – по 1
Направени се 4.811 тестови преку:
ИЈЗ-469, ЦЈЗ Скопје-99, ЦЈЗ Битола-100, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–12, ЦЈЗ Куманово-87, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-13, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-130, Авицена-193, Биотек-222, Систина-70, лабораторија Лаор-98, Синлаб-43, Ремедика-25, Плодност-41, Генеа-15, Никоб Лаб-429, ВФВ Медикал-78, Ели Медика-31, Ројал Медика–16, Спектра-ММ-46, Рапид Лаб–24, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-27
ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.290.
Досега во земјата се направени вкупно 1.803.508 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 274.144, бројот на оздравени пациенти е 251.688, на починати е 8.494, а бројот на активни случаи изнесува 13.962
Македонија
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија

Екипа на ТППЕ Кичево на барање на Општина Македонски Брод со сите расположливи средства сеуште се борат со огнената стихија во с.Самоков, потточно во фаб. за муниција.
ЦУК предмалку го истакна следново:
Денес до 18:00 часот има вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
АКТИВНИ: 8
1. Општина Прилеп: с.Бешиште (приземен во мешана шума);
2. Општина Македонски Брод 1: с.Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки);
3. Општина Чашка: под Солунска глава помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка каде нема активен пламен, само чад во карпест дел (шумски пожар);
4. Општина Чучер Сандево: помеѓу селата Блаце и Чучер (мешана шума и ниска вегетација).
5. Општина Македонски Брод 2: нас.Самоков во фабриката за муниција и оружје “Сувенир” (Опожарен е магацин /хала со гуми и палети )
6. Општина Македонски Брод 3: с.Слатино (лисната постелка и ниска вегетација)
7. Старо Нагоричане: с.Белаковце ( гори шума)
8. Општина Дојран с.Николич (нискостеблеста шума)
Македонија
Поради пожар целосно е прекинат сообраќајот кон Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.
Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот.
МВР апелира до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот, за сите дополнителни информации соодветно ќе ја информираат јавноста.
Македонија
Земјотрес почувствуван денеска, епицентарот бил во подрачјето на Валандово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес со епицентар во подрачјето на Валандово, на 123 км југоисточно од Скопје, со локална магнитуда ML 2.9 според Рихтеровата скала.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и нивната блиска околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Извор: ЦУК /Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје
-
Кичево11 часа
Нова самопослужна автоперална „Fi-Go“ во Кичево: Брзо, практично и достапно решение за чисто возило
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (7 јули)
-
Македонија1 ден
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба
-
Временска прогноза2 дена
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите
-
Спорт2 часа
(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец
-
Спорт1 ден
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање
-
Македонија5 часа
ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија
-
Македонија16 часа
(ВИДЕО) Два хеликоптери на МВР и еден на АРМ утрово дејствуваат над пожарите во Чучер Сандево, Чучер и Блаце