Македонија
Денешен Ковид-19 биланс по градови
Во последните 24 часа направени се 3.702 тестови, а регистриран е 1.091 нов случај на КОВИД-19:
• Скопје – 586
• Битола – 58
• Куманово – 52
• Тетово – 44
• Кавадарци и Велес – по 39
• Прилеп и Струмица – по 29
• Кичево – 23
• Штип и Неготино – по 22
• Гостивар и Охрид – по 20
• Кочани – 16
• Гевгелија и Ресен – по 13
• Струга – 11
• Свети Николе – 9
• Дебар – 8
• Радовиш, Крива Паланка , Берово и Пехчево – по 5
• Богданци – 4
• Демир Хисар и Демир Капија – по 3
• Делчево, Валандово и Македонски Брод – по 2
• Виница и Кратово – по 1
Од вкупниот број на позитивни (1.091), регистрирани се 156 реинфекции.
Од вкупниот број на починати лица (36), кај 32 лица се регистрирани коморбидитети.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 23 починати лица: 13 починати лица од Скопје (69г, 69г,72г, 74г, 78г, 78г, 78г, 82г, 83г, 84г, 85г, 87г и 90г), 3 починати лица од Велес (53г, 78г и 82г), по две починати лица од Струга (52г и 62г) и Тетово (69г и 70г) и по едно од Гевгелија (44г), Кратово (64г) и Свети Николе (76г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 13 починати лица од: Скопје (4), Гевгелија (2), Битола (1), Кочани (1), Штип (1), Струмица (1), Гостивар (1), Кичево (1) и Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 61 – 90г. Лицата за починати се пријавени во период од 01.02. до 04.02.2022. Од починатите лица, 10 се починати во домашни услови, а 3 лица во болнички услови.
Регистрирани сe 2.322 оздравени пациенти од:
• Скопје – 1.356
• Битола – 113
• Охрид – 104
• Прилеп – 95
• Кавадарци – 90
• Тетово – 87
• Гостивар – 53
• Куманово – 46
• Кичево – 41
• Велес – 39
• Струмица – 33
• Гевгелија – 30
• Неготино – 29
• Штип – 28
• Струга – 23
• Свети Николе и Делчево – по 19
• Радовиш – 17
• Берово – 14
• Виница – 13
• Ресен – 10
• Крива Паланка и Валандово – по 9
• Богданци и Македонски Брод – по 7
• Крушево – 6
• Кочани – 5
• Дебар, Пробиштип и Македонска Каменица – по 4
• Дојран – 3
• Демир Хисар и Демир Капија – по 2
• Пехчево – 1
Направени се 3.702 тестови преку:
ИЈЗ-596, ЦЈЗ Скопје-103, ЦЈЗ Битола-97, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово–6, ЦЈЗ Куманово-100, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–175, Жан Митрев (Филип Втори)-92, Авицена-154, Биотек-158, Систина-91, лабораторија Лаор-84, Синлаб-23, Ремедика-14, Плодност-42, Генеа-11, Никоб Лаб-341, ВФВ Медикал-76, Ели Медика-33, Ројал Медика–20, Спектра-ММ-19, Рапид Лаб–28, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-21
ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.363.
Досега во земјата се направени вкупно 1.855.720 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 289.797, бројот на оздравени пациенти е 272.184, на починати е 8.829, а бројот на активни случаи изнесува 8.784
Македонија
Жена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул. „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Н.И.(26).
Во незгодата со телесни повреди се здобила Л.Т., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, известуваат од МВР.
Македонија
ПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од, Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.
При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.
Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
-
Кичево2 дена„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Хороскоп12 часаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Македонија15 часаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Здравје и убавина2 денаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
-
Македонија20 часаПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
-
Кичево3 часаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Спорт15 часаАко не победат „Кралевите“ против Сити, клубот ќе го менува Алонсо, по незадоволството од поразот против Селта Виго?
