Македонија
Денеска 593 нови случаи на Ковид-19, починале 10 пациенти..

Во последните 24 часа направени се 3.391 тестирања, а регистрирани се 593 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 272
• Куманово и Прилеп – по 39
• Битола – 38
• Велес – 27
• Кавадарци – 25
• Кочани – 22
• Крива Паланка – 21
• Тетово – 20
• Штип – 15
• Кичево – 10
• Неготино и Пробиштип – по 8
• Кратово – 7
• Радовиш и Делчево – по 6, Демир Хисар – 5
• Берово и Валандово – по 4
• Гостивар и Гевгелија – по 3
• Струмица и Крушево – по 2
• Охрид, Струга, Свети Николе, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (70г, 71г, 84г и 85г), по едно починато лице од Гостивар (77г), Кавадарци (81г), Прилеп (83г), Охрид (81г), Кочани (72г) и Штип (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени четири починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021.Регистрирани се по едно починато лице од Свети Николе, Крива Паланка, Прилеп и Штип на возраст од 46 до 87 години,од кои две се починати во болнички услови ,а две се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 415 оздравени пациент од:
• Скопје – 253
• Прилеп – 23
• Куманово – 21
• Велес – 19
• Тетово – 12
• Кочани – 11
• Крива Паланка, Штип и Пробиштип – по 9
• Кавадарци и Струмица – по 8
• Свети Николе – 6
• Богданци – 5
• Битола и Радовиш – по 4
• Неготино – 3
• Гевгелија и Виница – по 2
• Кратово, Делчево, Демир Хисар, Валандово, Гостивар , Ресен и Македонска Каменица – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.390.369 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 203.298, бројот на оздравени пациенти е 189.264, на починати е 7.159, а бројот на активни случаи изнесува 6.875
Македонија
Приведен раководител во општина Маврово Ростуше за примање поткуп, ветил да одобри урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети

Денеска (19.03.2025), полициски службеници го лишиле од слобода С.Е. раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово Ростуше. Тој бил фатен во угостителски објект во Скопје при примање поткуп. Имено, тој побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети, а требало да се исплати во неколку рати.
Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во објектот во Скопје, откако биле претходно криминалистичко – технички обработени.
Исто така, бил извршен претрес на лицето и службеното возило и биле пронајдени предмети од интерес на истрагата. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, истакна МВР за медиумите и јавноста.
Извор: МВР
Македонија
ЗНМ: Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани

Владата на Република Македонија, во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР) и во консултација со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), како и со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изготвија протокол за безбедност при известување од погребот на жртвите од трагичниот настан што се случи на 16 март во Кочани.
За претставниците на медиумите кои ќе известуваат за настанот, полициските службеници ќе обезбедат посебна зона од патот на поворката, на 300 метри од влезот на капелата до градските гробишта во Кочани. Овој простор ќе биде обезбеден од припадници на МВР со цел да се гарантира ред и безбедност во означената област. На оваа зона исто така ќе важи забраната за управување со беспилотни летала (дронови).
Овој медиумски протокол има за цел да ја заштити приватноста на семејствата на жртвите, додека истовремено овозможува новинарите и снимателите безбедно да го следат настанот од соодветна дистанца.
Имајќи ја предвид чувствителноста на оваа трагедија и универзалните етички стандарди за професионално известување, Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги повикува сите новинари и медиуми да се придржуваат кон следниве етички принципи:
Почитување на личната болка и достоинството – Новинарите треба да известуваат со емпатија, без да навлегуваат во приватноста на семејствата на жртвите.
Избегнување на сензационализам – Известувањето за трагични настани мора да биде ослободено од сензации, шпекулации или емотивно набиени наративи, фотографии и видеа.
Објавување на проверени информации – Треба да се пренесуваат потврдени факти за да се спречат дезинформации.
Зачувување на баланс и непристрасност – Медиумите треба да се осигураат дека нивното известување не придонесува за јавна вознемиреност.
Освен ова, потсетуваме дека Меѓународната федерација на новинари (IFJ) во своето соопштение од 18.03 за оваа трагедија, исто така ја истакна важноста на етичкото известување. Глобалната повелба за етика на IFJ ја подвлекува должноста на новинарите да го почитуваат достоинството на луѓето и да ја стават точноста над брзината при пренесувањето на вестите од овој трагичен настан.
Со цел да се обезбеди непречено движење и идентификација, медиумските работници треба да поседуваат со себе ПРЕСС обележја и новинарски легитимации издадени од нивните матични медиумски куќи, истакна во интегралното соопштение Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) кое ви го пренесуваме во целост.
Македонија
Предмалку земјотрес почуствуван во источна Македонија

Предмалку земјотрес почувствуван во источна Македонија. Истиот според ЕМСЦ е регистриран во 18:33 часот, со длабочина од 10км, неговата дистанца се наведува во изворот е на 11 километри северо-источно од Босилово, Струмица.
Според Евро-медитерантскиот сеизмолошки центар земјотресот е со јачина од 2.8.
ЦУК предмалку ја потврди веста: Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 18 часот и 33 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 115 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.8.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и околината со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала.
-
Хроника16 часа
Филип успеал да излезе, но се вратил во огништето по другарка, потоа никогаш не излегол надвор
-
Кичево13 часа
ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета
-
Кичево2 дена
(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани
-
Македонија1 ден
Министерството за здравство предмалку истакна најново соопштение
-
Македонија2 дена
Агенцијата за цивилно воздухопловство и МВР со важно известување за корисниците на воздухоплови без екипаж „дронови“ за територија Кочани и Штип
-
Македонија14 часа
Предмалку земјотрес почуствуван во источна Македонија
-
Македонија2 дена
Сообраќајци се обиделе да сопрат возило со мигранти, изгубило контрола и удрило во нив!
-
Хроника16 часа
(ФОТО) Тренингот не е ист без Андреј Лазаров, ФК Шкупи тагува по својот фудбалер