Скопје
Денеска бил приведен криумчар на мигранти, пронајдени пет лица од Сирија

Денеска (25.10.2023) околу 13 часот полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Е.Р. (21) од Скопје поради сторено кривично дело криумчарење на мигранти. Возило „ауди“, управувано од Е.Р. било запрено во близина на Смоквица, при што во возилото се затекнати пет лица мигранти од Сирија.
Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава против Е.Р, известуваат од МВР.
Скопје
МВР уште трага, но и апелира да не се шират дезинформации за пронаоѓање на малата Вања

Министерството за внатешни работи ја известува јавноста дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако денеска (27.11.2023) во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта.
МВР апелира да не се шират дезинформации, а Министерството за внатрешни работи исто така постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.
Скопје
Се трага по 14-годишно девојче од Скопје, мајката се огласи дека девојчето утрово тргнало на училиште по што и се губи секаква трага

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од девојчето Вања Ѓорчевска, која тргнала за на училиште утрово, по што и се губи секаква трага. Девојчето учело во О.У. „Песталоц“и во Центар.
„Утрово во 7.20 мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и’ се изгуби секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемперер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало, на пат кон Песталоци. Ако имате било каква информација јавете се на 075 400 816“, додека случајот бил исто така пријавен во МВР, напиша мајката Зорица.
Скопје
Кај малолетничка во школски ранец пронајдена дрога, истата била сослушана и предадена на родител

На 09.11.2023 во 18.30 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода е лишена од слобода 17-годишна малолетничка, кај која при преглед во ученички ранец, извршен во двор на основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, пронајдена е и одземена марихуана.
Во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетничка деликвенција со неа е извршен службен разговор во полициска станица, во која таа го појаснила делото.
Малолетничката е предадена на родителот, за случајот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок, истакна МВР.
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за вторник (5 декември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (4 декември)
-
Хроника2 дена
ТРАГЕДИЈА: Пронајдено безживотното тело на малата Вања, МВР истакна извештај
-
Временска прогноза1 ден
Студеното време зема интензитет, од четврток најава за нови снежни врнежи и на пониските места
-
Македонија1 ден
Од ноќеска цената на горивата се намалува
-
Магазин1 ден
Еве кои телефони добиваат Android 14: Проверете дали вашиот е на списокот
-
Автомобили7 часа
Кои десет работи не треба да ги чувате во автомобилот во зима
-
Спорт1 ден
UEFA ја одби жалбата на Партизан, сепак ќе игра без публика поради однесувањето на публиката на мечот против Нордсјеланд