Култура
Денеска е „Велика Сабота“ – За многу години!

По Христовите страдања и смрт, во светата и Велика Сабота го празнуваме погребението и слегувањето во адот на Господа Исуса Христа. Он кога дојде до адовите врати тие се скршија и ги повика кон Божјото царство сите дотогаш починати, од Адам па сѐ до последниот. Сепак, како што душите овде на земјата можеа да одберат дали ќе Го следат Христа така и таму некои поверуваа, а некои не и останаа во крајната темнина.
Но сепак, Црквата тоа го опишала во една богослужбена песна, каде што вели: „Да молчи секоја твар човечка и да стои со страв и трепет, и ништо земно во себе да не помислува; зашто Царот над царевите и Господ на господарите доаѓа да се заколе и да им се даде“.
На прашањето како Он беше во адот, исто така е опишано во еден тропар во богослужбата: „Во гробот телесно, во адот со душата како Бог, во рајот со разбојникот, и на Престолот Си бил Христе со Отецот и Духот, сè исполнувајќи, Неопислив“.
Поимот АД е земен од грчкиот поим, којшто означувал подземно место на смртта, а еврејскиот поим е ШЕОЛ. Тоа е местото каде што пребива секоја човечка душа и каде што после смртта нема светлина, сѐ до доаѓањето на Светлината – Господ Исус Христос. Денес, во сфаќањето на православната традиција има пекол, којшто е поинаку разбран од старозаветното толкување. Поради сето ова, и иконата за Велика Сабота е слегувањето во рајот и избавување од ѓаволските замки.
Оваа Сабота е единствената сабота од сите во која се држи строг пост (без масло).
Култура
Денес е голем празник „Петровден“, утре „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!

Денеска е Петровден, а утре Павловден, со кој се поврзани многу обичаи. Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден.
На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и слично, иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.
Павловден, жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи и се пази од пајаци, да не го каснат некого. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.
Во некои краишта, на пример во гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека св. Петар бил богат и сербес, а св. Павле сиромав и добродушен.
Во некои места обичај е пред големиот празник да се палат китки кои се направени од млада кора на дива цреша или бреза. Обично тоа се прави на место каде се собира народ, на плоштади, раскрсници и во тоа учестуваат деца и млади.
Палењето огнови ги симболизира оние времиња кога христоборните цареви ги прогонувале и мачеле христијанитем врзувајќи ги за дрвени столбови, по што ги полевале со смола и ги палеле.
На овој празник не се работи, порано стоката се прскала со вода за да биде здрава цела година, а се плетеле и венци и им се ставале на роговите на животните.
На овој ден не смеат да се сечат јаболки со нож, ниту да се удираат јаболки една од друга. Се верувало дека во спротивно ќе падне силен град. Некои им носат јаболки наутро на соседите, а некои разнесуваат за покојните.
Обичај е да се меси колач со јаболки.
Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некој го држат празник само до пладне, а попладне работат.
Галичник
Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш иделе печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија.
Култура
Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј

Со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а во духот на молитвено единство и евангелска љубов, на 13 јули (недела) 2025 година – во денот посветен на Соборот на светите апостоли (Павловден), ќе се изврши торжествената хиротонија на избраниот Високопреподобниот отец Георгиј, кој со Божја благодат ќе биде ракоположен во епископски чин како Митрополит на Дебарско-кичевската епархија.
Култура
Денеска е „Духовден“ – Празник на Светиот Дух

Денес се слави Духовден, голем христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите. Овој празник, познат и како Педесетница, секогаш се одбележува во недела и трае три дена. Тој е единствениот меѓу 12-те големи празници кој нема претпразненство, но празничната атмосфера се чувствува во целиот период од Велигден до Духовден.
Во народната традиција, денот пред Духовден е познат како Задушница или „Мртва сабота“, ден посветен на душите на починатите, кога се изведуваат обичаи во нивна чест.
Празникот Педесетница се слави токму 50 дена по Велигден и е поврзан со еврејската традиција – кога Евреите го добиле Законот на Мојсие на Синај. Во христијанскиот контекст, тој ден ја одбележува дарбата на Светиот Дух врз апостолите, што се смета за основање на Христовата црква.
Според Библијата, на тој ден апостолите биле собрани заедно, кога одеднаш се слушнал силен звук како од ветрот, а Светиот Дух во форма на огнени јазици слегол врз секој од нив. Сите почнале да зборуваат на различни јазици. Народот што го слушнал шумот се зачудил, некои мислеле дека апостолите се пијани. Тогаш апостол Петар објаснил дека тие се исполнети со Светиот Дух и повикал народот да се покае и крсти. Тоа го направиле околу 3.000 луѓе.
Овој момент е опишан во книгата „Дела на светите апостоли“, каде се вели дека тоа било исполнување на пророштвото на Јоил – дека Светиот Дух ќе се излее врз сите луѓе. Тоа е и остварување на зборовите на Св. Јован Крстител, кој најавил дека Христос ќе крштева со Светиот Дух и оган.
Поради ова, Духовден уште се нарекува и празник на Света Троица – бидејќи на овој ден се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со тоа, овој ден се смета за роденден на Христијанската црква.
Народни обичаи и верувања
Во македонската традиција, Духовден се смета за многу важен ден – не се работи, се оди на црква, се прават гозби и обичаи, а на места попладне се игра оро. Во некои села се практикува обредот „Скрсти“ – молитва за дожд и плодна година.
Во народното верување, се смета дека од Велигден до Духовден душите на мртвите се слободни и се движат меѓу живите, често престојувајќи на цвеќињата на дрвјата. Се верува дека на Духовден душите разговараат меѓу себе, а ако некој ставел уво на гроб можел да ги слушне како шепотат.
На Задушница се организираат трпези и се дели храна „за душа“. Се верува дека душите мора да бидат нахранети пред да се вратат во задгробниот свет. Затоа, луѓето раздаваат храна и вода, и не се јаде ништо додека не се раздаде. Ако некој не добие, душата му останува „непричестена“.
Традиционално, црквите, домовите и гробовите се украсуваат со зелени гранки и цвеќиња – симбол на обновување и духовна свежина. Оревовите гранки, пак, имаат посебна улога – според верувањата, тие привлекуваат души, а истовремено ги штитат алиштата од молци.
Локални обичаи
Во некои краишта, како селото Лески во Неврокопско, постои верување дека полето го чува змеј кој живее во пештера, па на Духовден му принесуваат курбан за да го заштити посевот од град. Ако не се изврши ритуалот, се верува дека ќе дојде несреќа.
Во тој ритуал, се коле овен на планински врв и крвта се пушта во пештерата – домот на змејот. Жените носат лепчиња и ги редат околу пештерата, а обредите се прават со чукање клепало.
Во многу места на овој ден на гробовите се оставаат бардачиња (дулиња) со вода. Тие се носат дома и се пие од нив „за душа“. Во некои краишта тие се оставаат на гробот и се дополнуваат со вода во текот на годината.
Се верува и дека оние што починале меѓу Цветници и Духовден одат директно во рајот. Во Гевгелиско, пак, се верува дека до Духовден мора да се пожнее јачменот, оти потоа доаѓаат силни ветрови што може да го уништат родот.
-
Кичево11 часа
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (17 јули)
-
Хроника14 часа
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Временска прогноза2 дена
Попоски: Од утре се очекува брз продор на посвежа воздушна маса од север
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Скопје2 дена
Лишен од слобода затворски полицаец, се обидел да внесе дрога во Затвор Идризово
-
Македонија9 часа
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Свет5 часа
Најголемото парче од планетата Марс на Земјата продадено преку аукција за рекордни 5,3 милиони долари!