Временска прогноза
Денеска и утре кон крајот на денот под влијание на влажен бран насекаде во Македонија ќе има интензивни врнежи од дожд
Денес во текот на денот, како и во текот на утрешниот ден и тоа под влијание на голем влажен бран од запад, насекаде во Македонија ќе има врнежи од дожд и на повеќе места истите ќе бидат интензивни, проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер. Локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (над 60 л/м2) со што се можни и локални ПОПЛАВУВАЊА, пз затоа препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, додека од недела па натаму Атмосферата ќе биде постабилна и времето ќе биде претежно стабилно и суво.
Температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД и истите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени, што значи дека температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.
И во Скопје и околината поради влијанието на големиот влажен бран од запад ќе има врнежи од дожд, и тоа особено денес попладне и во текот на ноќта, како и утре. Можно е и локална појава на НЕВРЕМЕ, а температурата значително ќе опадне – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево17 часа
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Кичево2 дена
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза1 ден
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Спорт2 дена
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.
-
Свет2 дена
Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“
-
Магазин14 часа
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери