Следете не

Култура

Дeнот на очекување на радосната вест, денеска е „БАДНИК“, да се помолиме за здравје, среќа, љубов и мир!

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес е Бадник, додека истражувачите на овие обичаи истакнуваат дека во почетокот Коледе бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, со раѓањето на новото сонце што значело и раѓање или обнова на животот. Подоцна Христијанската црква овој ден го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите свети Августин одговарал: „Ние го празнуваме не како неверниците поради сонцето, туку поради оној што го создал сонцето”.
Иако обичаите што се изведуваат на Бадник и Божик во некои детали меѓусебно се разликуваат од регион до регион, па дури и од село до село, сепак, во основа се изделуваат неколку заеднички елементи, како што се богатата софра, што се подготвува на Бадник навечер, потоа коледарскиот оган заедно со дрвото Бадник, како и коледицата проследена со многу коледарски песни.

Богатата трпеза со исклучително посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и сл. според верувањето, има цел врз принципот на имитативната магија да обезбеди богат род на земјоделските култури. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така, заедно со храната да остане целата ноќ, а во некои места така останува во текот на трите дена додека се празнува Божик. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани. Во Кукушко се подготвувала вечера и за дедо Боже, трпезата се поставувала во дворот, а домаќинот го поканувал: „Поели дедо Боже да вечераме.” На Бадник софрата се става врз слама за спомен на јаслите од Витлеемската пештера во која е роден Исус. Подоцна со оваа слама се врзуваат овошките со верување дека таа ќе ги штити од болести и штетници и дека ќе дадат богат род.

На Бадник, во повеќе краишта на Македонија се меси кравајче, пита или погача во која се става сребрена пара. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравајчето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравајчето ја бараат парата и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои. Оној што ќе ја најдел парата ја ставал во грне или чаша со вино од која сите пиеле за здравје и среќа. Парата ја земал тој што ја нашол или му ја давал на домаќинот и за тоа добивал подароци. Во некои краишта овој обичај се изведува на Василица.

Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца. Во некои краишта дрвото што се гори е пенушка од даб, во други смрека, а некаде се гори круша горничка (дива круша) зашто се сметало дека таа е најродна, раѓа секоја година. Тоа се правело за да биде и годината родна. Таа ноќ, како што запишал К. Шапкарев, „сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: Бадник – будник”. И многумина други истражувачи на овие обичаи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеењето, будноста покрај овој обреден оган. К. Шапкарев уште забележал дека во Скопје кога оваа пенушка „ќе приближи на догорување, ги истеруваат машките деца надвор, а остануваат само женските, за да видат само тие кога ќе догори. Тоа значело да се раќаат се женски од живата стока на домаќинот т.е. јагниња, телиња, коњи и сл.” Во зборникот на браќата Миладиновци среќаваме податок дека во Кукуш од пенушката оставале едно парче „кое вардат до другата година, за да потпалет огнот во истиот вечер”, а во Воден „това парче закопват в лозје за да се сторит лозјето црно”. Во Дебарско, според записите на В. Икономов, исто така, внимавале “да остане едно парче недогорена гламна коешто секоја вечер од Божик до Богојавление се подгорува и се угаснува со вино – за зачувување од повреда на домашниот ситен добиток.

Во Струга децата одејќи по коледа носеле дрвени чеканчиња со кои тропале по влезните врати и пееле:
– Сива, сива голабица,
каде си се осивила?
– Таму горе на бел Дунав.
– Што имаше, што немаше?
– Ми имаше златна чаша,
златрна чаша, иконата,
да служиме млада Бога,
млада Бога Божикова,
Божик ми е на небеса,
слава му е на земјата.

Раѓањето на Исус Христос нашло место и во повеќе други верувања и преданија, а некои истражувачи веруваат дека оттогаш останало коледето, децата да одат по куќите и да го соопштуваат раѓањето на Богомладенецот Исус Христос.
Интересни обичаи поврзани со овој празник сè уште се изведуваат во Западна Македонија, поточно во с. Битуше. Денот пред Бадник се вика Кршенделија и тогаш при ставање на софрата се става и каленик (чинија) со ореви. Секој зема по неколку и ги крши при што се верува дека ако тие се здрави, односно со бели и големи јатки и годината ќе биде плодна, односно семејството ќе има напредок. На Бадник, рано наутро, децата оделе во гората да соберат бодници (бадници). Тоа се дабови гранки коишто потоа стоеле покрај домашната икона односно покрај иконата на светецот заштитник. Вечерта кога ќе седнеле на вечера сите се фаќале за бадниците, при што едно бадниково гранче фрлале во разгорениот оган. Верувајќи дека оваа ноќ може да биде опасна поради негативните демони, луѓето ги затворале портите верувајќи дека со тоа им го зџатвораат и простапот на нечистите сили. Тоа трело до пеењето на првите петли кога сите станувале и се подготвувале за одење „в црква”.

Театар

Ајде да се смееме, вечерва во Кичево и Гостивар доаѓаат неповторливите „Солзи и Смеа“ со премиерата „Ја Мишките“

Објавено пред

на

Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнуваат својата голема турнеја, а покрај сите градови доаѓаат во Кичево и Гостивар, каде за прв пат во овое градови ПРЕМИЕРНО ќе ја изведат нивната најнова урнебесна претстава “ЈА МИШКИТЕ”. Станува збор за урнебесна комедија, која со сигурност ќе Ве насмее до солзи!!!

Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови, бидејќи овој месец имаат голема турнеја низ цела Македонија. Каде и да се појават, ги полнат салите во градовите ширум нашата земја.

Ова најново комично шоу на “Солза и Смеа”, ќе се одржи вечерва 17.10.2024 во 18:15 часот во НУЦК Кочо Рацин – Кичево, a потоа истиот ден на 17.10.2024 г. во 20:30 часот претставата со популарните Солза и смеа започнува во Гостивар во НУЦК АСНОМ – Гостивар.

Билети може да си резервирате 24/7 на 078/66-77-97

Побзајте, резервирајте си билети додека сеуште има!!!

Прочитај повеќе...

Музика

(ВИДЕО) Лозано денес премиерно го пушти во етер неговиот најнов сингл „Жолто црвено“. Нумера и видео запис кој допираат до секој Македонец

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес премиерно нашиот кичевчанец Влатко Лозаноски го објави својот најнов сингл насловен како „Жолто црвено“. Одлична мелодија, уште подобра интерпретација, вистинска симболика на љубов, убавина и радост. Сочинета со единствени стихови кои ќе допрат до секој Македонец.

„Оваа туѓина на мир не ме остава,
во душа само празнина ми отвара,
а таму кај што чука срцево
се вее знаме жолто црвено“

дел од моќните стихови на песната. 

Текстот го напиша единствената Магдалена Цветковска – Ена, додека целиот аранжман е на незаменливиот Лазар Цветковски-LCV, додека маестралниот видео запис е дело на „Сустеин Продукција“ под палката на еден од најдобрите македонски режисери Даниел Јовески.

Ова прекрасно дело погледнете го и слушнете го во продолжение:

Прочитај повеќе...

Култура

(ФОТО) Славата на светиот Крст во преубавиот Манастир Свети Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица

Објавено пред

на

©porta.mk | ©bigorski.org.mk

Торжествата во чест на Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст Господов во свештената Обител на Светиот Великомаченик и Победоносец Георгиј во Рајчица, го достигнаа својот врв на светото литургиско собрание, предводено од нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј. Заедно со него, во овој врховен светотаински чин сослужуваа и архимандритите, јеромонасите и јероѓаконите на Бигорската Обител, а беа придружени и од нашиот долгогодишен собрат и почитуван пријател, отец Давид Сомалис, претставник на Архиепископијата на Тијатир – Православната Црква во Обединетото Кралство, како и од дебарскиот свештеник, о. Миле Ангеловски. Утрената богослужба и евхаристиското Таинство беа украсени со молитвените и слаткогласни напеви на нашите драги гости, псалтите Јоргос Савас и Атанасиос Куѓас, како и на хорот на Бигорскиот Манастир.

Целиот овој настан, во својот духовен и таинствен тек, ја носеше во себе длабоката симболика на Крстот, кој преку молитвените и умилителни стотици „Господи помилуј“ се спушташе и се издигаше пред нашите очи, како да сакаше да нѐ повика да навлеземе во длабините на неговото спасоносно значење. Ова таинство, скриено во самиот центар на христијанската вера, го открива Крстот како симбол на жртва и смирение, но истовремено и на воскресение и победа над смртта. Беше тоа жива поука, која нѐ повикуваше првин да се симнеме во себеси, да ги согледаме нашите падови и страсти, длабоко закопани во срцето, и со скрушеност и покајание да ги исповедаме пред Бога, за да примиме очистение и мир на внатрешниот човек.

Овој пат, кој е неизбежен за секој Христијанин, не е пат само на болка и страдања, туку е пат кон вистинското воскресение – преобразба на нашата ранливост и немоќ во ново, обожено битие. Само откако ќе се смириме во своите срца пред Крстот, ќе можеме да ја разбереме и вистинската сила која тој ја носи во себе. Тоа е силата на љубовта која победи, која се разоткри на Голгота и која продолжува да обединува, да надминува секој раздор и разделба. Во светот што се распаѓа под тежината на своите страсти и оттуѓеност, Крстот се јавува како единствениот столб на вистината и љубовта, преку кој се обновуваат и утврдуваат сите што искрено пристапуваат кон него.

Затоа, вдахновиме од овие торжествени мигови, ги вознесеме своите мисли кон Крстот и се молиме да станеме преносители на неговото обединувачко дејство, сведоци на спасоносната љубов која Христос ја покажа преку Своето Распетие. Со таа сила, нашиот збор може да стане жив и дејствителен, да ја зацврсти верата кај нашите солуѓе и да ги поттикне на подвигот на вистинската, пожртвувана љубов, што во суштина е срцевината на христијанскиот живот.

А има ли посилни зборови за ова од оние изречени од устата на нашиот Старец, во неговата инспиративна и полнотаинствена беседа? Неговите зборови нѐ повикаа да не гледаме на Крстот само како на орудие на страдање, туку како на патоказ кон преобразбата и спасението. Така, преку неговите зборови и пример, сме охрабрени да го носиме и споствениот крст со вера и надеж, зашто токму таму, во смиреното и во доброволно прифаќање на Крстот, ние ја наоѓаме вистинската слобода и радост на животот во Христа. Оваа беседа нѐ потсети дека Крстот, со своето длабоко таинство, не е само знак на болката, туку и на конечната победа над секој грев и смрт. Тој останува столб на вистината и на светлината во секое време и за секоја епоха, повикувајќи нѐ секогаш да Му се поклонуваме и да го бараме Неговото моќно воздејствие, преку кое и ние, како светите маченици и исповедници, се издигнуваме во полнотата на животот што Христос ни го подари, вели соопштението на Бигорски.

Повеќе фотографии од овој Господов настан ќе најдете на официјалниот линк од Бигорскиот Манастир – ТУКА, додека во продолжение исто така проследете го чествувањето во Навечерието ден пред Крстовден – ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт2 часа

Младата фудбалска репрезентација до 16 години денес на „Петар Милошевски“ го игра вториот контролен меч против Словенија, првиот по одлична игра заслужено го добивме!

Младата репрезентација на Македонија до 16 години (фудбалери родени 2009 година) денес со почеток во 13. часот ќе го одигра...

Хороскоп4 часа

Хороскоп за четврток (24 октомври)

ОВЕН Може да се потпрете на соработниците. Денешниот ден е поволен за работа, доаѓаат некои нови решенија. Може да очекувате...

Македонија5 часа

Викендов започнува зимското сметање на време, сонцето ќе заоѓа порано и деновите стануваат значително пократки

Зимското сметање на времето секогаш почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март. Ноќта на 27...

Спорт5 часа

Новак Ѓоковиќ потврди дека нема да игра на Мастерсот во Париз годинава

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска потврди дека нема да ја брани титулата на претстојниот Мастерс во Париз. – За жал,...

Гејминг16 часа

Нови попусти на Steam! Некои опасни наслови моментално се во продажба

Ако сте љубител на видео игри за компјутер, сега е време да ги проверите најновите зделки на Steam! Неколку интересни...

Автомобили16 часа

Големи промени за возачите: Екраните влегуваат во историјата?

Mobis и Zeiss објавија дека развиваат систем за вградување во нови возила веќе во 2027 година, а демонстрациите на прототиповите...

Магазин16 часа

Meta воведува технологија за препознавање лица во борба против измама

Meta претстави решение за сè почестите проблеми со измами и кражби на сметки на познати личности на своите социјални платформи....

Магазин16 часа

Samsung го подготвува Galaxy S25 Ultra во четири бои

Samsung традиционално ја претставува својата нова серија телефони Galaxy на почетокот на годината, па не е чудно што се појавуваат...

Магазин16 часа

Sony прославува 30 години PS1! Специјално издание на PS5 распродадено за помалку од 24 часа! Еве како изгледа (видео)

Sony слави 30 години од објавувањето на оригиналната PlayStation конзола со специјална, ограничена колекција на PlayStation 5 конзоли и додатоци....

Автомобили16 часа

BMW: Забраната за возила на бензин и дизел во ЕУ не е реална

Планот на Европа да ја забрани продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година ќе доведе до...

НАЈЧИТАНИ