Следете не

Хороскоп

Детален Хороскоп (9 февруари)

Објавено пред

на

ОВЕН

Kариера и пари:

Од професионален аспект, февруари ќе биде доста ефективен, што значи дека ќе бидете зафатени скоро цело време. Првиот дел од февруари ќе биде дарежлив: ќе добиете многу материјални привилегии како и луксузни подароци.

Здравје:

Крајот на февруари ќе ви донесе олеснување: Доколку сте имале здравствени проблеми во последниве 6 месеци, сега може да ги снема. До крајот на месецот препорачливо е внимавате на инфекции.

Љубов:

Во поголемиот дел од месецот, нема да чувствувате многу романтика. Дури во последната недела од јули, вашата сензуалност ќе се покачи, а со тоа и ќе се чувствувате посигурни. Исто така, ве очекуваат долги, приватни разговори со некоја личност со која сте биле во минатото, но сѐ уште немате сѐ расчистено.

БИК

Кариера и пари:

Во првиот дел од февруари, ќе имате многу нови шанси за позитивни промени. Ве чека профитабилен период, но и многу договори. Финансиски, ќе имате причина за оптимизам.

Здравје:

Накратко кажано, овој месец нема да има причина да се грижите за вашето здравје. Ова ќе биде период кој ќе ви донесе подобрување на здравјето и медицински решенија, доколку ви требаат.

Љубов:

До 28ми февруари, ќе имате можност да донесувате важни одлуки во врската, но тоа исто така може да предизвика и конфликти. Кон крајот на февруари, вашиот љубовен живот значително ќе се подобри.

БЛИЗНАЦИ

Кариера и пари:

Ќе бидете амбициозни, а токму тоа е она што ви е потребно за поголем успех. Кога станува збор за парите, вашиот среќен период ќе започне од 16ти февруари.

Здравје:

Ќе бидете во одлична форма и ќе чувствувате како стресот полека се намалува. Овој месец немате причина да се грижите за вашето здравје. Единствено полната месечина може малку да ве вознемири во периодот од 11ти до 12ти февруари

Љубов:

Желбата за страст и авантура малку ќе ви се намали. Сепак, оваа состојба ќе ви донесе хармонија и соработка со партнерот, а за оние кои не се во врска може да си ја обноват старата врска.

РАК

Кариера и пари:

Овој месец, Сонцето, ќе ви биде зголемен интересот за напредок. Во последната недела од февруари ќе имате поголем приход од обично, но исто така ќе имате и ризик од поголеми трошоци.

Здравје:

Повторно ќе бидете во добра форма. Психолошката состојба ќе ви биде доста добра и ќе имате радосни моменти. Оптимизмот ќе ви биде на највисокото ниво сѐ до август.

Љубов:

Љубовта лесно ќе го пронајде патот до вас. Доколку сакате да бидете среќни, треба само да го отворите срцето и да ги покажете вашите чувства. Овој месец најмногу ќе си одговарате со некој кој е во знакот на Лав.

ЛАВ

Кариера и пари:

Во првите две недели од овој месец, ќе имате можности за нови соработки. Сѐ на сѐ, февруари ќе биде одличен месец за да се експонирате и да ги покажете вашите способности на работното место. Финансиски, исто така состојбата е добра.

Здравје:

Вашата енергија ќе биде на највисокото ниво. Но, последната недела од февруари може да биде деликатна, па затоа избегнувајте стресни работи.

Љубов:

Овој месец ќе бидете навистина романтично расположени и ќе имате потреба од љубов, блискост и нежност. Вашата врска ќе биде подобра од кога било, а доколку не сте во врска, овој месец можете да започнете врска. Последните две недели одфевруари ќе ви бидат уште поуспешни на љубовно поле, а се чини дека ќе ги паметите уште долго.

ДЕВИЦА

Кариера и пари:

Во првиот дел од февруари, ќе ви недостига ентузијазам, но сепак, можно е да започнете нов проект со луѓе кои го делат вашето мислење. Од 16ти февруари значително ќе си ја подобрите финансиската состојба.

Здравје:

Првата недела од февруари можно е да се чувствувате послаби и уморни. Нервниот систем исто така може да ви биде слаб. Избегнувајте стрес и одморајте се што повеќе.

Љубов:

Во текот на целиот месец ќе претпочитате вашата романса да ја држите во дискретност, отколку да ја покажете пред јавноста. Во последната недела од февруари можно е некој ваш близок пријател да ви изјави љубов. Од 16ти февруари, очекувајте задоволство и успех во вашиот љубовен живот.

ВАГА

Кариера и пари:

Февруари ќе биде месец на истражувања, студии или други интелектуални обврски. Првиот дел на февруари ветува подобрување на финансиите.

Здравје:

Февруари носи добри вести: Здравствените проблеми со кои се соочивте минатиот месец, полека ќе ги снемува. Ќе бидете многу подобро, но, морате да внимавате, вашето тело сѐ уште не е во најдобра форма.

Љубов:

Ќе се истражувате психички себеси и ќе се соочите со стравот од врски. Од 19ти февруари, ќе бидете расположени за сентиментални романтични моменти.

ШКОРПИЈА

Кариера и пари:

Добри вести, ова ќе биде период полн со успеси! Доколку сакате да започнете некој нов проект, или пак да го промените работното место, овој месец е вистинското време за тоа. Финансиски, вториот дел од месецот ќе ви биде попрофитабилен отколку првиот дел.

Здравје:

Ќе бидете во добра форма во текот на целиот месец, а последните неколку дена од февруари ќе чувствувате зголемена хармонија, мир и спокојство, што дополнително ќе ве разведри.

Љубов:

Во првите две недели од овој месец ќе бидете постојано во дилема, а тоа може да ви донесе стресни моменти. Ова исто така ќе биде важен месец за вашата врска, во кој ќе сфатите дали сте еден за друг со партнерот. Добрата вест е тоа дека на 28ми февруари притисокот ќе се намали, а вашиот љубовен живот ќе стане похармоничен.

СТРЕЛЕЦ

Кариера и пари:

Добри вести! февруари ќе виде важен месец за договори, соработка и тимска работа. Ќе имате многу можности да ги докажете вашите вештини и знаења на работното место, па можеби и ќе добиете унапредување. Кон крајот на месецот треба да очекувате екстра сума на пари.

Здравје:

Внимавајте на здравјето бидејќи можно е да напредне здравствениот проблем кој сте го имале.

Љубов:

Вашиот партнер претстојниот период ќе ви стане најважната личност, а доколку не сте во врска, можно е да започнете нешто со нова личност, но тоа кратко ќе трае. Од 13ти февруари, ќе се засили романтичноста во вашата врска. Очекувајте разбирање и добар сентиментален живот.

ЈАРЕЦ

Kaриера и пари:

Првите две недели од февруари ветуваат перспективен период на професионално поле. Можно е да добиете предлог за унапредување, или пак да склучите некој важен договор. Кога се работи за парите, овој месец нема место за грижа. Парите ќе го најдат патот до вас.

Здравје:

Можно е да почувствувате мала расеаност, но веќе до крајот на првата недела од февруари повторно ќе се вратите во форма.

Љубов:

Венера ќе ви донесе малку сензуалност и романтично расположение со кое ќе креирате романтични моменти со партнерот. Првиот дел од месецот ќе биде одличен за пронаоѓање на личноста со која ќе сакате да го поминете остатокот од животот.

ВОДОЛИЈА

Кариера и пари:

Овој месец повеќе ќе бидете расположени да одмор отколку за работа. Но, како и да е, обврските чекаат, па затоа препорачливо ви е да го завршите она што се бара од вас, па потоа да планирате нешто друго.

Здравје:

Ќе бидете во одлична форма, посебно во првите две недели од овој месец. Исто така, ќе имате и многу физичка енергија, па добро би ви било доколку ја искористите за танцување, спорт или некоја друга физичка активност.

Љубов:

Ве очекува многу романтичен месец. На 13ти февруари, ве очекуваат промени во врската кои ќе се одразат позитивно на вас. Два дена подоцна, страсни задоволства и бранови на сензуалност. Затоа, искористете ги деновите рационално и уживајте.

 

РИБИ

Кариера и пари:

Ова ќе биде еден одличен месец за да ги докажете вашите таленти! Првите две недели од февруари ќе бидете полни со креативни идеи, организација и лидерски способности. Финансиската состојба ќе ви се подобри кон крајот на месецот.

Здравје:

Во текот на целиот месец ќе водите грижа за вашата хигиена, а тоа е клучот на доброто здравје. За подобрување на вашата линија, почнете да вежбате.

Љубов:

Ова е совршен период за да го истражите вашиот еротски потенцијал и да го подобрите приватниот живот. Последната недела од февруари ќе ги израдува оние кои не се во врска.

Хороскоп

Хороскоп за среда (9 јули)

Објавено пред

на

Овен 

Потрудете се да размислувате малку поразумно кога се работи за љубовта и романсата. Можеби ќе треба да бидете малку повнимателни за да го добиете она што го сакате. Во главно, ова ќе ви биде еден од чудните денови, едно ќе правите, а друго ќе мислите.

Бик

Денот ќе ви започнме со многу обврски. По завршувањето на тие обврски, вечерта поминете ја со партнерот и опуштете се, ќе ви биде потребно. Слободните Бикови нека го искористат времето за да поспијат час-два повеќе.

Близнаци

Утрото ќе го започнете со мало нерасположение, но до крајот на денот испијте релаксирачко кафе со пријателите и тие веднаш ќе ја подигнат вашата енергија и ќе го подобрат вашето расположение.

Рак

Денот започнете го со позитивни мисли, и тие позитивно ќе делуваат на вас. Внимавајте на своето здравје, можни се нарушувања поради алергии. Очекувајте повик од личност од странство.

Лав

Денот ќе го започнете со полна пареа и со многу енергија. Вишокот енергија што ќе ви остане после работното време, искористете го спортувајќи. Отидете на рутински преглед кај лекар.

Девица

Вашето семејство ќе биде прекрасно поради изненадувањата кои ги приредувате за нив. Добриот фамилијарен ручек ќе внесе насмевки и среќа во вашиот дом.

Вага

Денес е прекрасен ден за да го посветите на себеси. Вашите финансии денеска искористете ги за добра масажа или некаков козметички третман, вашето тело ќе ви биде благодарно.

Шкорпија

Убавиот ден искористете читајќи добра книга и уживајќи во времето поминато сами со себе. Остатокот од денот искористете го за чистење и освежување на вашиот дом. Можна е средба со некоја важна личност.

Стрелец

Лицемерните личности околу вас денес избегнувајте ги и ширете позитивна енергија на лицата кои го заслужуваат тоа. Можна е мала расправија со партнерот.

Јарец

Денес е вашиот ден!  Уште рано наутро ќе бидете преплавени со позитивна енергија. Опуштете се и мислете на убавите работи кои ве очекуваат и на изненадувањата кои ќе ви ги донесе овој ден.

Водолија

За поголема среќа во денот, започнете го со мал шопинг. Денешните обврски не ги оставајте за утре, без разлика ако треба да останете малку повеќе на вашето работно место.

Риби

Скоро за сѐ сте сигурни во себе, освен за една работа. Кога станува збор за љубовна врска вие се чувствувате прилично несгигурно. Можеби затоа што не знаете како да постапите. Добро размислете што сакате, пред да продолжите понатаму.

Фото: Maklay62

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за вторник (8 јули)

Објавено пред

на

ОВЕН

Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни се нови познанства, но и понатаму не наоѓате личност која може да го види она што вие го барате. Проблеми со синусите.

БИК

Денес ќе бидете во центарот на вниманието поради успехот на деловно поле во изминатиов период. Може да очекувате заеднички живот со саканата личност. Доаѓа време за убави промени. Водете сметка за забите.

БЛИЗНАЦИ

Нови околности ќе влијаат врз вас негативно. Можно е да ви треба подолг период да се прилагодите. денес вашите брачни проблеми се особено нагласени, па ситуацијата со саканата личност доаѓа до влошување. Проблеми со кичмата.

РАК

Ве очекува можност да се докажете и да ги остварите посакуваните желби на работното место. Продолжете да ги негувате своите амбиции. Денес конечно ќе и дадете до знаење на саканата личност како ја замислувате заедничката иднина. Одлично се чувствувате!

ЛАВ

Одлично се снаоѓате во вашата работа моментално и не би требало да имате било какви проблеми денес. Можеби со саканата личност ќе дојде до некои компликации. Сѐ може да се реши ако имате трпение. Внесувајте повеќе течности.

ДЕВИЦА

Носењето нови одлуки на деловно поле не ви оди многу лесно. Имате впечаток дека некои околности се против вас денес. Доколку сте во врска или брак, со саканата личност ќе имате некои неочекувани случувања. Немате проблеми со здравјето.

ВАГА

Многу сте мотивирани да ги направите промените на деловно поле кои ги планирате некое време. Денес ве очекува интересна средба со личност која ќе ви се додворува директно. Се чувствувате одлично.

ШКОРПИЈА

Може да престанете да се грижите бидејќи конечно ќе дојдат до вас убави вести кои долго време ги посакувате. Денес ве очекува започнување контакт со личност која ви се допаѓа. Полни сте со енергија!

СТРЕЛЕЦ

Денес сѐ ви оди од рака. Ако планирате било какви нови проекти или промени, вложете во тоа! Може да очекувате активирање на полето на флертот и многу нови запознавања. Проблеми со бешиката.

ЈАРЕЦ

Не можете лесно да најдете заеднички јазик со соработниците. Не е секој подготвен да го вложи истиот напор во работата како вас. Ви се допаѓа личност која е воздржана кон вас е делува срамежливо. Чувствителни синуси.

ВОДОЛИЈА

Започнување на нов проект ви делува како добра идеја. Подготвени сте да се посветите на новите случувања на ова поле. Вашиот однос со саканата личност не е добар како порано и полека се губите еден со друг. Внимавајте на исхраната.

РИБИ

Денес бидете внимателни со какви ризици се соочувајте и внимавајте да не дојде до некоја материјална штета. Можеби ви се допаѓа личност која нема лесно да ја освоите, но подготвени сте да се потрудите да го најдете патот до неа. Проверете ја својата диоптрија.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за понеделник (7 јули)

Објавено пред

на

Овен

На работа, и покрај лошите аспекти успевате работите да ги завршите на време. Не очајувајте, доаѓаат подобри времиња.

Денес, важно е да излезете и убаво да си поминете.

Во здравјето, немате лоши тегоби.

Бик

Имате одлична соработка со една Девица. Искористете го периодот кој е пред вас, бидејќи имате многу можности кои за жал само вие не ги забележувате.

Искористете го времето за нешто што ќе ве направи среќни. Поминете време со личност која ви е драга.

Можни се болки во грлото.

Близнaци

На работа, ситуацијата не е најдобра, но треба да обрнете повеќе внимание на сите детали а не само на оние кои вам ви одговараат.

Постои личност на која често мислите, а која исто така мисли на вас. Не ја игнорирајте.

Излезете на прошетка.

Рак

Ако планирате новини на работа, може е подобро да почекате, бидејќи вашето расположение се менува од миг во миг.

Сакате да фасцинирате една личност, но тоа не ви носи успех. Време е да бидете конкретни во своите намери.

Потребни ви се повеќе течности.

Лав

Не сте во лоша ситуација, се додека имате излез од тоа. Она што не можете да го постигнете е добра соработка која ви се нуди од една Риба. Почекајте.

Премногу барате од својот партнер. Балансирајте меѓу своите и нивните желби.

Тахикардија.

Девица

Влегувате во некој работен ангажман со голем ентузијазам, но повеќе внимание треба да обрнете на соработката со остантите членови на тимот. Поработете на тоа.

Во љубовта, премногу давате на погрешна личност. Размислете каде ве води тоа.

Кашлица.

Вага

Отворени сте за нова соработка и ќе уживате во таквата промена. Потрудете се да доведете во ред некои детали.

Ако сте во долгогодишна врска денес е ден за размислување за брак.

Опуштете се со тивка музика.

Шкорпија

Се соочувате со стрес поради поголемата потреба од финансии. Чувствувате промена во вашиот паричник.

Заљубени сте во еден Рак. Ви годи дружењето со нив, но морате да ги покажете емоциите.

Ослободете се од стресот.

Стрелец

Надредените бараат многу од вас. Морате да се фокусирате на задачата, бидејќи тоа е важно за вашата кариера.

Не ве загрижува мислењето на другите. Вие си имате свој приоритет кој е неразбирлив за нив, но уживате во љубовта.

Стрес.

Јарец

Финансиската ситуација се подобрува. Воочувате причина за ново напредување, кое ќе дојде оваа недела.

Ви доаѓа подобра ситуација на ова поле од она со што се соочувавте досега. Ќе бидете во одлично расположение. Личност родена во знакот Рак ве обожава.

Под стрес сте и реагирате импулсивно.

Водолија

Зголемениот интерес за посилен финансиски прилив е нешто што ви се допаѓа, но за што не преземате ништо конкретно.

Заљубени сте и сметате дека не треба да ја пропуштате шансата да бидете со еден Јарец, кој е покрај вас во последно време.

Здравјето е одлично.

Риби

Полето на странство ви носи една уабва соработка. Бидете спремни за успех.

Доколку работите не одат онака како што вие сакате, не очајувајте. Некој ве набљудува, но потребно му е време.

Медитирајте.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза6 часа

Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за среда (9 јули)

Овен  Потрудете се да размислувате малку поразумно кога се работи за љубовта и романсата. Можеби ќе треба да бидете малку...

Кичево17 часа

Во сабота традиционална „Мото парада 2025“ по повод „Петровден“, именден на нашиот градски храм „Св.Петар и Павле“

Почитувани кичевчани, чест и задоволство ни е да ве информираме дека и оваа година продолжува традицијата по повод именденот на...

Магазин1 ден

Најдобрите телефони на Xiaomi можеби ќе добијат голема промена

Кинескиот технолошки гигант Xiaomi планира значителна промена во стратегијата за мобилна фотографија. Според доверливи извори, компанијата ќе ја прекине соработката...

Магазин1 ден

YouTube Create конечно достапен и на iOS: Видео едитор за мобилни уреди пристигнува на iPhone

По речиси две години од првото појавување, мобилната апликација за уредување видеа YouTube Create конечно пристигнува и на iOS уредите,...

Lifestyle1 ден

Напиток што ги топи килограмите, го чисти телото и забрзува метаболизмот – резултатите се видливи за 7 дена

Ако сакате да се ослободите од тврдокорните маснотии на стомакот, чувството на тежина и надуеноста – а немате време за...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за вторник (8 јули)

ОВЕН Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни...

Скопје2 дена

Лишен од слобода скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Вечерва (07.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода Д. Н. (57) од...

Спорт2 дена

(ВИДЕО) Екипата на „Рибник-Добреноец“ го освои првото место на традиционалниот турнир во мал фудбал по повод „Иванден“ с.Староец

Денес беше завршниот ден на големиот турнир во с.Староец Кичево по повод Иванден. По одиграните натпревари кои завшрија со следните...

Македонија2 дена

ТППЕ Кичево сеуште дејствуваат во Самоков, до моментов 8 активни пожари ширум Македонија

Екипа на ТППЕ Кичево на барање на Општина Македонски Брод со сите расположливи средства сеуште се борат со огнената стихија...

НАЈЧИТАНИ