Македонија
Детали од МВР за вчерашната трагична сообраќајка на патот Битола-Прилеп каде животот го загубија две лица

На 21.02.2023 во 15.57 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола–Прилеп, на излезот од Битола, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен пикасо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.В.(44) од Прилеп и патничко возило „цитроен ц1“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(63) од Норвешка. На местото на несреќата починале двајцата возачи, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Сопатничката од возилото „цитроен ц1“, А.Е.(48) од Норвешка, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.
Македонија
Приведен криумчар на мигранти кај Неготино

Денеска (02.06.2023) во 12.30 часот кај клучка Демир Капија од страна на патролна служба од Полициската станица за граничен надзор Михајлово на даден знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски таблички, возилото не сопрело туку продолжило да се движи во правец на Неготино.
По преземени активности во 12.50 часот кај клучка Неготино, од страна на друга патролна служба на Полициска станица Михајлово возилото е сопрено и во него се пронајдени 2 лица мигранти од Сирија.
А.Н. од Скопје, кој го управувал возилото, е лишен од слобода, за случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар, известуваат од МВР.
Македонија
Дно! Во Охрид со „поло“ удриле велосипедист и избегале

На 01.06.2023 во 07.45 часот на ул.„Питу Гули“ во Охрид, патничко возило „поло“ со прилепски регистарски ознаки удрило во малолетен велосипедист од Охрид, по што двајцата учесници го напуштиле местото.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кои му биле констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известуваат од МВР
Македонија
До 3 јуни по осум часа затворен сообраќај на регионален пат 1102, делница Велес-Градско поради изведување градежни активности

Од вчера 30.5.2023 до 03.6.2023 на регионалниот пат 1102, делница Велес – Градско, во периодот од 08:00 до 16:00 часот ќе се изведуваат градежни активности, односно асфалтирање.
Поради тоа во тој период патниот правец ќе биде целосно затворен за сообраќај, известуваат од АМСМ
-
Кичево7 часа
(ФОТО) Кнежинскиот манастир „Св.Ѓорѓија“ блесна со нови канделабри и останати наменски намирници благодарение на група граѓани
-
Кичево1 час
(ФОТО) „ART Caffe“ – Кичево повеќе од 10 години ваш верен пријател со најубаво кафе и одличен амбиент
-
Временска прогноза1 ден
Викендот пред нас нови најави за нестабилност на времето, се чини така останува да биде до крајот на месецот…
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за среда (7 јуни)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (6 јуни)
-
Спорт1 ден
Влезниците за фудбалскиот меч на гостински терен помеѓу Англија и Македонија можат да се купуваат до 15. јуни, ова се информациите
-
Магазин1 ден
Apple претстави нов уред кој чини околу 3.500 евра ФОТО
-
Магазин1 ден
Маск: Кина ќе иницира регулатива за вештачка интелигенција