Временска прогноза
Детали за новиот студен бран кој доаѓа од утре, посебно внимание за тие кои ќе патуваат преку македонските превои

Под влијание на многу ладен циклон и низок воздушен притисок, секако поврзан со студена воздушна маса од север, а циклонскиот систем ќе биде со центар над Средоземјето, од утре попладне (20 Декември) па се до 24 Декември (Вторник) во Македонија ќе има пообилни врнежи, кои најпрво на пониските места ќе бидат од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег, каде снежната покривка на планините и на Скијачките центри значително ќе се зголеми, и таа до 24 Декември во вечерните часови локално ќе изнесува близу 100 сантиметри, особено на оние поголеми надморски височини.
Поради веќе споменатиот продор на многу поладен воздух од север, од сабота, а особено во почетокот на следната седмица врнежи од снег ќе има во најголем дел од Македонија, и истите ќе бидат обилни, па така снежна покривка ќе се формира на многу пониски места (градови). Во источните предели ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри, локално и повеќе, додека во западните предели таа ќе биде најголема и ќе биде со висина од 10 до 20 сантиметри, а понекаде и над 30 сантиметри. Помала снежна покривка се очекува да се формира и во Скопје и околината.
Сето ова ќе биде проследено со засилен повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час).
Што се однесува до температурите, тие од овој викенд значително ќе опаднат, а дополнително опаѓање на температурите се очекува од понеделник па натаму и минималните температури на воздухот на многу места во Македонија ќе бидат под нулата, додека максималните температури исто така на многу места ќе се задржат до околу, понекаде и под нулата.
Да напоменам дека поради силниот ветер кој се очекува да дува, се очекува појава и на снежни наноси, особено на повисоките и на планинските места, како и на Скијачките центри.
Со оглед на ваквата временска состојба, доколку патувате кон планинските превои, препорачувам да бидете крајно внимателни како управувате со своите возила, и тоа поради очекуваните обилни снежни врнежи и големата снежна покривка која се очекува. Исто така Скијачите да не се оддалечуваат на поголеми надморски височини, за да не дојде до нивно исчезнување како што беше случајот пред неколку денови, кога неколку Скијачи за среќа беа успешно пронајдени на Скијачите центри поради нивното исчезнување.
Од овој голем снежен бран секако ќе биде зафатен најголем дел од регионот, па така конечно после многу години Католиците ќе имаат Бел Божик, односно Божик со снег, информира Славчо Попоски, кој да напоменеме е еден од најдобрите метеоролози во земјава и пошироко.
Временска прогноза
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите

Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад кај нас во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.
И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие до утре (четврток 10 јули) наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до сега и тие до утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, односно во Повардарието.
Во Скопскиот регион до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.
Максималните дневни темпратури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.
– Попоски апелира, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да бидат внимателни каде и како се движат, поради тоа што силниот ветер можно е да создава и проблеми, истакна метеорологот.
Временска прогноза
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и од Европските метеоролози, од северозапад, преку алпскиот регион, пристигна и на Балканот, условувајќи нагло заладување на времето, силно невреме на многу места, поројни поплави и бурен ветер кој направи многу штети, а невремето во Белград предизвика да бидат повредени и повеќе од 20 луѓе.
Европските алпи се покриени со снег среде јули.
Снегот пристигна и на Балканот, односно на високите планини во Словенија, па така снежна покривка се формираше на Кредарица, висока планина во Словенија, рано утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите

Многу топлиот бран од југ, односно од Африка продолжува и денес (недела 6 јули) во Република Македонија. Сепак, во попладневните и во раните вечерни часови, и тоа поради продор на поладен воздух од север на висина очекувам локално дестабилизирање на атмосферата кај нас, и тоа особено во планинските предели.
Во ваква ситуација, очекуваме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, како што погоре најавив, особено во планинските предели очекувам поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) силни електрични празнења и со појава на покрупен град.
– И во Скопскиот регион ќе има услови за локална краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Апелирам на голема внимателност, и тоа во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги ставаат во близина дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминат и 40 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 40 степени, или пак ќе надмине 40 степени, истакна Славчо Попоски
-
Кичево16 часа
Вчера во Кичево при засилена акциска контрола на МВР изречени 86 санкции во еден ден
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (10 јули)
-
Временска прогноза1 ден
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите
-
Временска прогноза2 дена
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!
-
Македонија11 часа
(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за петок (11 јули)
-
Скопје1 ден
Повторно целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар
-
Скопје8 часа
Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар