Временска прогноза
Детали за утрешната временска прогноза, пад на температурите, на планините можно е провејување на снег
Најврнежливо и најстудено со пад на температурите дури за повеќе од 10 степени во споредба со оние температури кои ги имавме до вчера ќе биде утре, кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.
За време на овој студен бран, не се исклучува можноста на највисоките планински врвови во Македонија (над 2500 м.н.в) да дојде до првото провејување на по некоја снегулка за оваа сезона, а ќе треба да се вклучи и греењето во домовите.
Од средината на оваа седмица повторно температурите ќе бидат во пораст и ќе биде потопло.
Да напоменеме дека за време на утрешниот поголем влажен бран од запад, најмногу врнежи ќе има во западните предели и локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог.
Инаку на многу планини во целиот регион веќе падна првиот снег, за порта пишува Славчо Попоски.
Временска прогноза
Денес и утре „мини-лето“ преку ден, додека утринските температури ќе бидат ниски
Денес (четврток) во Македонија времето ќе биде стабилно, суво, сончево и топло, со појава на умерена локална облачност, додека утре (петок) повторно на кратко и локално ќе има услови за краткотраен локален дожд, проследен со ретки грмежи.
Денес (четврток), како и утре (петок) повремено ќе засилува и ветерот од југозападен правец, особено во западната половина од државава и во Пелагониско.
Во Скопскиот регион денес (четврток) времето ќе биде стабилно, суво, сончево, и топло со појава на умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре (петок) во делови од регионот ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе бележат тенденција на пораст и ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14, што значи дека тие ќе бидат во позначителен пораст, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 11 и 13 степени, додека максималната дневна температура ќе се искачува до околу 27 степени.
НАПОМЕНА: Овие температури кои ќе ги имаме денес и утре (петок) ќе бидат натпросечно високи за овој период од годината, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Циклонска активност викендов носи врнежи од дожд
Под влијание на веќе споменатата циклонска активност која е со центар над Џенова, денес (петок) најпрвин во западните предели, а во текот на попладнето и вечерта, како и ноќта кон утре (сабота) ќе се прошират врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни и поројни, проследени со грмежи и засилен јужен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.
Најобилни врнежи се очекуваат во западните предели од државава, но локално пообилни врнежи ќе има и во останатите предели од државава. Локално, и тоа особено во западните предели ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен).
И во Скопскиот регион денес (петок) особено во попладневните и вечерните часови, како и во текот на ноќта кон сабота ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат пообилни и проследени со засилен јужен ветер, како и со услови за појава на грмежи.
Што се однесува до температурите, тие во петок и тоа поради јужното воздушно струење ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачи до околу 29 степени, пишува Славчо Попоски.
Временска прогноза
Најавената промена на времето следува од денес, почнувајќи од западните предели каде ќе започне локален дожд
Од денес (четврток) па се до крајот на неделава ќе потпаднеме под влијание на циклонска активност која ќе биде со центар над Џеновскиот Залив. Во ваква ситуација, денес најпрвин во западните предели ќе има повремен локален дожд.
Од петок па за време на викендот повремени врнежи од дожд ќе имаме во поголем дел од државава и истите локално ќе бидат пообилни. Локално ќе има услови и за појава на невреме со силен ветер, грмежи и со услови за појава на град.
Да напоменам, дека за време на овој циклон повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час)
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе бидат во значителен пораст, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот претежно од 17 до 25 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 23 и 26 степени. Само да напоменам дека во овие денови локално во југоисточните предели, како и во централниот дел од државава, но и во Скопскиот регион повремено температурата ќе надминува и 25 степени. Инаку, и во Скопје од петок ќе има појава на повремени врнежи од дожд.
За време на овој циклонски систем, локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен), пишува познатиот метеоролог Славчо Попоски
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за сабота (12 октомври)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (11 октомври)
-
Спорт1 ден
(ГАЛЕРИЈА) „Четири од четири“ за екипата на ФК „Кичево“ која денес оствари убедлива победа во Ресен против екипата на ФК „Преспа“
-
Македонија2 дена
Денес се чествува 83 години, 11 октомври – Ден на народното востание на Македонскиот народ
-
Театар12 часа
Во четврток во Кичево и Гостивар доаѓаат неповторливите „Солзи и Смеа“ со премиерата „Ја Мишките“
-
Магазин1 ден
Јапонија ги добива првите USB4 2.0 кабли во светот, со неверојатни брзини
-
Автомобили1 ден
Европски земји со најстроги казни за брзо возење
-
Магазин1 ден
Револуција за гејмерите на Android: игрите на Xbox директно во апликацијата од ноември