Временска прогноза
Детали за временската прогноза, ќе биде уште по студено
До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денов и во вечерните часови, Долж Повардарието ќе започне да дува засилен северен ветер, со што од север ќе започне да се спушта постудена воздушна маса.
Температурите на воздухот денес ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени. Исто така попладнево и вечерва, особено на запад и на север ќе има услови за локални послаби врнежи од дожд.
Потоа од утре ќе имаме нешто пониски температури, а утре исто така ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието и во источните предели.
Температурите ќе бележат тенденција на пад и тоа поради влијанието на постудената воздушна маса од север, и од утре па натаму максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.
Во текот на следната седмица, наутро ќе биде значително постудено, кога минималните температури понекаде ќе се спуштаат и под нулата, односно истите понекаде ќе се спуштаат и до околу -2, -3 степени. Времето пак ќе биде стабилно, суво и сончево со умерена, повремено и локално и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
/Славчо Попоски
Временска прогноза
Од утре до сабота повторно врнежи од дожд во Македонија
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на серија на влажни воздушни бранови од утре (среда 3 декември) до сабота (6 декември) во нашата Македонија времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд кои особено во јужните предели повремено ќе бидат обилни и локално за време на овој период ќе наврне ново големо количество на воден талог (над 40 литри дожд).
На високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) повремено ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец и тој повремено ќе засилува на интензитет.
И во Скопје и околината за време на овој период ќе има повремени локални врнежи од дожд проследени со повремено засилување на ветерот од северен правец.
Наутро температурите насекаде ќе бидат над нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 12 степени, истакна најдобриот метеоролог од нашите простори, г-дин Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес започнува климатолошка зима, Попоски истакна метео прогноза која вистински доликува на зима
Со самиот почеток на месец декември почнува и климатолошката зима. Денес понеделник 1 декември во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко без некој изразен ветер. По котлините особено претпладнето и повторно во ноќните часови ќе се создаваат услови за појава на магла или на ниска облачност.
И во Скопје и околината времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена облачност и ќе биде претежно тивко и без ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на магла или на ниска облачност.
Што се однесува до температурите на воздухот тие ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 10 степени, утрово истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Попоски: Врнежите од дожд не престануваат, особено внимание во недела, каде можни се врнежи од снег и на превоите до 1000 нмв.
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот и на поладен воздух од север до недела (30 Ноември) во Македонија времето ќе биде облачно и релативно ладно со повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни и поројни и со услови за локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а повремено засилен ветер од северен правец. На планините над 1500 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег и токму на овие места ќе се формира снежна покривка.
И во Скопје и околината продолжува облачното и врнежливо време со повремено обилни врнежи од дожд и со повремено засилен ветер од северен правец.
– Локално до недела (30 Ноември) повторно ќе наврне големо количество на воден талог (нови над 50 литри дожд). Токму поради ова апелирам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила и да не се движат покрај водотеците поради опасноста од ново зголемување на нивоата на реките и на езерата кај нас и нови поплавувања.
Поради понатамошно спуштање на ладен воздух од север за време на викендот, особено во недела на 30 ноември врнежи од снег ќе има и на местата под 1000 метри надморска височина а тоа значи дека повремен снег ќе има и во повисоките населени места во Македонија. Викендов и на околните планини во Скопје ќе има повремени врнежи од снег а можност за провејување на снег ќе има и во повисоките предели од котлината.
Температурите особено викендов значително ќе се намалат и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 7 степени, доцна вечерва информираше Славчо Попоски
-
Кичево1 денПредмалку се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат кај с. Трапчин Дол кичевско
-
Хороскоп2 денаМесечен Хороскоп (декември 2025)
-
Кичево9 часа(ФОТО) Конечно „ATVA Residence Hotel & Spa“ официјално отворен, уникатен модерен хотелски комплекс, уреден според највисоки светски стандарди
-
Хороскоп20 часаХороскоп за вторник (2 декември)
-
Здравје и убавина2 денаШто значи топла или превриена вода за човечкиот организам, еве неколку здравствени проблеми кои топлата вода може да ги реши
-
Кичево1 денКК „Баскет Кичево“ започнува со тренинзи по термини во спортска сала, стани и ти дел од вистинска спортска приказна со искусни тренери
-
Магазин4 часа(ВИДЕО) „Not Gonna Run Away“ е третиот дел од „Marbled In Stone“, наше кичевско, а светско!
-
Здравје и убавина2 денаПробајте врз утринското кафе да му додадете парче чоколадо
