Временска прогноза
Детали за временската прогноза, ќе биде уште по студено

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и релативно топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денов и во вечерните часови, Долж Повардарието ќе започне да дува засилен северен ветер, со што од север ќе започне да се спушта постудена воздушна маса.
Температурите на воздухот денес ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени. Исто така попладнево и вечерва, особено на запад и на север ќе има услови за локални послаби врнежи од дожд.
Потоа од утре ќе имаме нешто пониски температури, а утре исто така ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието и во источните предели.
Температурите ќе бележат тенденција на пад и тоа поради влијанието на постудената воздушна маса од север, и од утре па натаму максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.
Во текот на следната седмица, наутро ќе биде значително постудено, кога минималните температури понекаде ќе се спуштаат и под нулата, односно истите понекаде ќе се спуштаат и до околу -2, -3 степени. Времето пак ќе биде стабилно, суво и сончево со умерена, повремено и локално и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
/Славчо Попоски
Временска прогноза
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите

Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад кај нас во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.
И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие до утре (четврток 10 јули) наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до сега и тие до утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, односно во Повардарието.
Во Скопскиот регион до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.
Максималните дневни темпратури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.
– Попоски апелира, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да бидат внимателни каде и како се движат, поради тоа што силниот ветер можно е да создава и проблеми, истакна метеорологот.
Временска прогноза
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и од Европските метеоролози, од северозапад, преку алпскиот регион, пристигна и на Балканот, условувајќи нагло заладување на времето, силно невреме на многу места, поројни поплави и бурен ветер кој направи многу штети, а невремето во Белград предизвика да бидат повредени и повеќе од 20 луѓе.
Европските алпи се покриени со снег среде јули.
Снегот пристигна и на Балканот, односно на високите планини во Словенија, па така снежна покривка се формираше на Кредарица, висока планина во Словенија, рано утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите

Многу топлиот бран од југ, односно од Африка продолжува и денес (недела 6 јули) во Република Македонија. Сепак, во попладневните и во раните вечерни часови, и тоа поради продор на поладен воздух од север на висина очекувам локално дестабилизирање на атмосферата кај нас, и тоа особено во планинските предели.
Во ваква ситуација, очекуваме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, како што погоре најавив, особено во планинските предели очекувам поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) силни електрични празнења и со појава на покрупен град.
– И во Скопскиот регион ќе има услови за локална краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Апелирам на голема внимателност, и тоа во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги ставаат во близина дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминат и 40 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 40 степени, или пак ќе надмине 40 степени, истакна Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (11 јули)
-
Кичево17 часа
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за сабота (12 јули)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка
-
Култура18 часа
Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј
-
Скопје2 дена
Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
-
Македонија2 дена
ЦУК: Ова е состојбата со пожарите до моментот, вкупно 29 пожари на отворен простор, 9 активни
-
Македонија1 ден
Лишен од слобода старец од тетовско, на нива запалил сува трева и отпадоци