Следете не

Временска прогноза

Детали за временската прогноза, времето од денес ќе биде сè потопло – ова се најновите метео вести

Објавено пред

на

Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, денес како и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе биде и МНОГУ ТОПЛО,  а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Сепак во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а има услови и за ретка појава на град.

Температурите ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека во најтоплите предели температурите, и тоа особено за време на викендот се очекува да се искачат дури до околу 40 степени. УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за  краткотрајна појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Температурите ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 32 и 36 степени.

Автор: Славчо Попоски (meteoalarm)

Временска прогноза

Брз продор на ладен воздух од север, додека само утре услови за слаб локален дожд

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Pascal Debrunner

Поради брз продор на ладен воздух од север, утре и задутре (среда и четврток 17/18 септември) во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде претежно стабилно и суво, а само утре (среда 17 септември) ќе има малку повеќе облачност и ќе има услови за сосема слаб локален дожд.

И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, повремено и локално со брзина од над 60 км/час.

Што се донесува до температурите, тие особено наутро ќе бидат многу пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 12 степени, а на повисоките места и на планините тие ќе бидат пониски со што ќе има услови дури и за појава на слаб мраз и на слана.

Максималните дневни температури исто така ќе бидат значително пониски и ќе биде посвежо и преку ден и тие ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до околи 8/9 степени, а преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 23/24 степени.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

По ладни утра проследени со ладен воздух од северен правец

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, во текот на оваа седмица времето во Македонија ќе биде претежно сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат до околу па и под 10 степени, а во делови од нашата Македонија, особено на повисоките и на планиснките места температурата ќе се спушти и под 5 степени, или близу 0 степени.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени, а повремено во југоисточните предели таа ќе се искачува до околу 30 степени. Во Скопје температурата наутро во текот на оваа седмица ќе се спушти до околу 10 степени а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 30 степени.

Утре и задутре (вторник и среда 16/17 септември) ќе дува засилен, повремено и силен ветер од северен правец, повремено и локално со брзина од над 60 км/час. Наутро и тоа како ќе ни биде потребна потоплата облека поради очекуваните многу пониски минимални утрински температури на воздухот, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од денес ќе дува засилен ветер од северен правец, додека времето ќе биде стабилно

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Под влијание на значително поладен воздух од север,денес понеделник (15 септември) во Македонија ќе дува засилен до силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Времето ќе биде стабилно, суво и со сончеви периоди. И во Скопје и околината денес понеделник (15 септември) ќе дува засилен ветер од северен правец, повремено ветерот ќе биде и силен и во делови од котлината ќе достигнува брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите денес понеделник (15 септември) тие ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 28 степени.

Особено свежо па дури и ладно утро ќе имаме во вторник (16 септември) кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 14 степени, а во Скопје и околината во вторник наутро температурата ќе се спушти до околу 11 степени.

Поради продорот на ладен воздух од север, особено во вторник наутро и тоа како ќе ни биде потребна топлата облека, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Michael Fousert @ unsplash Фото: Michael Fousert @ unsplash
Автомобили3 часа

Колку се задоволни возачите од реалниот домет на електричните автомобили?

Колку навистина може да издржи едно електрично возило со едно полнење во споредба со бројките што производителите ги ветуваат? Тоа...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин3 часа

Осум iOS 26 промени што мора да ги пробате

iOS 26 носи свежи можности и визуелни подобрувања за iPhone, но голем дел од нив не се активираат автоматски –...

ФОТО: Unsplash.com @ Amanz ФОТО: Unsplash.com @ Amanz
Магазин3 часа

Samsung го претстави One UI 8 – еве кога Galaxy уредите ќе го добијат ажурирањето

Samsung Electronics официјално го претстави One UI 8, новата верзија на својот кориснички интерфејс која носи напредни мултимодални можности со...

Фото: Leon Bublitz @ unsplash Фото: Leon Bublitz @ unsplash
Магазин3 часа

YouTube ја воведе повеќејазичната аудио функција – креаторите добиваат глобален досег

По двегодишна пилот-програма, YouTube официјално ја лансира повеќејазичната аудио функција, овозможувајќи им на милиони креатори да додаваат синхронизација на своите...

Музика6 часа

Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во петок и сабота преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење

Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ со голема радост Ве известува дека отворена е сесија за упис на нови...

Временска прогноза6 часа

Брз продор на ладен воздух од север, додека само утре услови за слаб локален дожд

Поради брз продор на ладен воздух од север, утре и задутре (среда и четврток 17/18 септември) во Македонија ќе дува...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за среда (17 септември)

ОВЕН Слушајте ги другите повеќе од себе. Луѓето околу вас и оние со кои деловно соработувате сега повеќе гледаат од...

Македонија1 ден

„СОЗР“ стави крај на злоупотребите на службените возила и зголемување на транспарентноста од денес граѓаните можат да пријавуваат случаи на незаконита употреба на службени возила

Граѓаните од денеска можат да пријавуваат случаи на незаконита, партиска или приватна употреба на службени возила, на 070 399 050...

Македонија1 ден

Министерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 % активна транспарентност и е практично најтранспарентна институција во државата

Центарот за граѓански комуникации го објави најновото годишно рангирање според Индексот на активна транспарентност – мерка која ја оценува отвореноста...

Фото: William Hook @ unsplash Фото: William Hook @ unsplash
Магазин1 ден

iOS 26 е тука! 10 големи нови функции и три модели на iPhone без поддршка

Apple го објави iOS 26, првиот оперативен систем чиј број во името е усогласен со годината на издавање. Најновата верзија...

НАЈЧИТАНИ