Следете не

Временска прогноза

Детална анализа на временската прогноза, следува променливо и ветровито време – ова се деталите..

Објавено пред

на

Денес временската прогноза кај нас ќе биде променлива со сончеви периоди, но и облачно, додека попладне и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, особено во северните и во западните предели. Ќе дува умерен, особено во западните предели засилен ветер претежно од западен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југозападен и од западен правец. Во текот на ноќта, како и утре претпладне ќе има услови за повремен дожд со послаб интензитет. Температурата ќе се искачи до околу 26 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Повремено ќе има и нешто повеќе облачност кога ќе има услови за локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од северозападен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени, додека во најтоплите предели истите ќе се искачат до околу 30 степени.

Од четврток под влијание на постуден воздух, температурите ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.

Пишува: Славчо Попоски

Временска прогноза

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи

Објавено пред

на

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.

Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи

Објавено пред

на

Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин3 часа

Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери

Qualcomm ги промовира двата чипсети како врвни решенија за вештачка интелигенција, нагласувајќи дека тие ги имаат најбрзите NPU за лаптопи...

Кичево6 часа

Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди

Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на...

Автомобили7 часа

Електрични возила и губење на вредноста

Размислувате за купување на електрично возило, но не сте сигурни за неговата препродажна вредност? Новото истражување открива дека додека постарите...

Автомобили7 часа

Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?

Првично, трошоците за одржување беа ниски и слични за повеќето брендови. Consumer Reports подетално ги разгледа трошоците за одржување на...

Хороскоп19 часа

Хороскоп за четврток (25 април)

ОВЕН Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога...

Временска прогноза1 ден

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите...

Кичево1 ден

Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда

На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со...

Свет1 ден

Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“

Кина ја докажа поентата на законот за забрана на TikTok преку Конгресот. Претставници на кинеската амбасада неодамна лобираа против нацрт-законот...

Спорт1 ден

Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер силно ја посакува 25-тата. Грен слем титула во кариерата и тоа не го крие. Српскиот...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (24 април)

ОВЕН Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да...

НАЈЧИТАНИ