Временска прогноза
Детална анализа: Од денес уште постудено време, утринските температури некаде и до 0°C, ова се деталите..

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и СВЕЖО со умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Особено попладне и во вечерните часови ќе има повремен локален дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и СВЕЖО со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и навечер ќе има услови за слаб локален дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.
Потоа утре претпладне сеуште ќе има нешто повеќе облачност, додека попладне облачноста ќе се намалува и од петок, па за време на викендот ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Наутро температурите ќе бидат особено НИСКИ и понекаде ќе се спуштат дури до -1 степен. Максималните пак од петок, па за време на викендот ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН пораст и тоа под влијание на топла воздушна маса од југ, и истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степен.
И во Скопје од петок, па за време на викендот температурите ќе бележат тенденција на значителен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 28 степени.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите

Под влијание на поладен воздух од север и од североисток, од овој викенд влегуваме во поладен период со потпросечни температури на воздухот за месец мај. Исто така, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално, особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во делови од Скопскиот регион викендов ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде, особено на повисоките места и на планините и под 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, утрово информира Славчо Попоски
Временска прогноза
По детални информации околу временската метео прогноза која носи дожд и нестабилност

Од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на плитка фронтална долина која позначително ќе ја дестабилизира атмосферата кај нас.
Во ваква ситуација, локално ќе се создаваат конвективни облачни јадра кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради високите температури кои ги имаме овие денови, атмосферата е повеќе загреана, па така локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.
Температурите за време на овој период постепено и секојдневно ќе опаѓаат, што значи дека полека ќе навлегуваме во период со значително пониски температури кои ќе бидат потпросечни за мај.
Апелирам, во погоре споменатиот период, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат под дрвјата, вечерва информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од понеделник во Македонија следува промена на временската состојба, еве за што станува збор

Сончевото и пред сè пријатно време ќе се задржи денес и утре (понеделник 5 мај). Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели.
Сепак, утре (понеделник 5 мај) ќе ја почувствуваме промената на времето која ја најавив веќе од вторник (6 мај) па во деновите потоа, информира Славчо Попоски.
Во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во Скопје и околината денес и утре (понеделник 5 мај) ќе се задржат рано – летните температури на воздухот, а утре (понеделник 5 мај) во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
До вечерва следува детална метео анализа околу промената на времето која не очекува од (вторник 6 мај) па во деновите потоа, завршува Попоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (9 мај)
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за сабота (10 мај)
-
Македонија2 дена
На ГП Блато албански државјанин ставил пари во патни исправи, бил лишен од слобода
-
Хроника23 часа
МВР со детали за убиството во Штип, приведени биле и помагачи на сторителот
-
Скопје17 часа
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела
-
Временска прогноза9 минути
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите