Временска прогноза
Детална анализа за месец септември, речиси вистинско лето на повидок

Во Македонија во следните денови ќе имаме натпросечно топло време, со високи максимални дневни температури на воздухот, што значи дека нашата територија и понатаму ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ (северните предели на Африка).
Времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Сепак во попладневните часови атмосферата нема да биде целосно стабилна и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.
Во Скопје очекуваме слично време, со натпросечно високи максимални дневни температури на воздухот.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 17 степени, а особено во Малешевијата тие повремено ќе се спуштаат и под 10 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 32 степени.
Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 14 и 17 степени, а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 29 и 30 степени.
Ув индексот ќе има висока вредност, но не премногу висока и тој ќе има вредност 6.
Како што и претходно најавивме, месецот септември го поминуваме во знакот на летно и топло време за овој период од годината, но и со многу малку врнежи и тие се значително под просекот за месец септември, известува Славчо Попоски.
Временска прогноза
Попоски: Од денес па натаму висок УВ индекс и температури до 40°C

Територијата на нашата Република Македонија од денес (понеделник 23 јуни па се до петок 27 јуни) ќе биде под влијание на засилен топол бран од Африка и истиот ќе услови многу топло и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат многу високи, а особено високи температури ќр имаме од среда до петок кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.
Во Скопје температурата ќе се искачува до околу 39/40 степени, особено од среда до петок. И во Скопскиот регион ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
УВ ИНДЕКСОТ за време на овој засилен топол бран од Африка ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент 9. Токму поради ова апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.
– Барем одсега гледано, освежување на времето, пад на температурите, но и дестабилизирање на атмосферата ќе имаме во петок во попладневните и во вечерните часови кога ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можност за ново локално невреме, утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Претежно сончево и по свежо на утро со северен ветер

Под влијание на стабилна, сува и посвежа воздушна маса од север, викендов повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено денес (сабота 21 јуни), додека утре (недела 22 јуни) ветерот ќе биде со слаб до умерен интензитет и од променлив правец.
Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала локална облачност.
Температурите ќе бидат пониски за разлика од оние кои ги имавме до вчера (петок 20 јуни) и тоа за 3 до 4 степени и максималните дневни температури викендов ќе ни се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 31/32 степени.
Наутро пак ќе биде значително посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени, предмалку информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Бран кој носи дожд се спушта над Македонија, првично кон север потоа кон западните делови

Во моментов, од север кон Македонија се спушта влажен фронтален бран кој со себе нови локални но поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Ова значи дека во следните часови најпрвин во северните, а потоа и во западните предели ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Уште од следните часови можна појава нестабилност, пороен дожд, грмежи и засилен ветер можна е и во делови од Скопскиот регион.
Во текот на денов кај нас следува ново големо дестабилзирање на атмосферата. Многу повеќе детали токму оволу ова следуваат наскоро, утрово информираше Славчо Попоски
-
Македонија2 дена
Ново поскапување на сите горива од ноќеска, ова е новата цена за литар
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (24 јуни)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за среда (24 јуни)
-
Магазин23 часа
Најбрз домашен сладолед со само една состојка
-
Магазин23 часа
Летен десерт со само две состојки – готов за 5 минути!
-
Автомобили23 часа
Toyota го претстави првиот електрифициран Land Cruiser во Европа
-
Спорт10 часа
Бенфика приреди вистинска сензација, Баерн беше поразен, но со втората позиција продолжува понатаму
-
На денешен ден10 часа
Времеплов: На денешен ден – 25 јуни