Временска прогноза
Детална анализа за следните три дена, дождот се поблиску до нашиот регион

Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи сончево и релативно топло преку ден со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Наутро ќе биде релативно СТУДЕНО со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат до околу 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.
Во Скопје и околината денес и утре ќе се задржи сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, додека температурата ќе се искачи до околу 24 степени.
Потоа од среда и тоа особено навечер и во текот на ноќта кон четврток следува ПОЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА на временската состојба кај нас.
Облачноста ќе се зголемува и од запад ќе се прошират врнежи од дожд кој на повеќе места ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Сепак НАЈИНТЕНЗИВНИ врнежи ќе има во западните и во југозападните предели, каде особено во четврток и во петок локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог. Ќе дува и слаб до умерен, а особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Температурите ќе бележат тенденицја на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и од четврок ќе бидат под просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот само од 9 до 17 степени.
И во Скопскиот регион од среда навечер и во текот на ноќта кон четврток следува промена на времето проследена со врнежи од дожд и со опаѓање на температурите на воздухот. Максималните дневни температури особено од четврток ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 16 степени.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Од викендов драстично поладно, особено на утро, ова се информациите

Под влијание на поладен воздух од север и од североисток, од овој викенд влегуваме во поладен период со потпросечни температури на воздухот за месец мај. Исто така, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално, особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во делови од Скопскиот регион викендов ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде, особено на повисоките места и на планините и под 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени, утрово информира Славчо Попоски
Временска прогноза
По детални информации околу временската метео прогноза која носи дожд и нестабилност

Од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на плитка фронтална долина која позначително ќе ја дестабилизира атмосферата кај нас.
Во ваква ситуација, локално ќе се создаваат конвективни облачни јадра кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради високите температури кои ги имаме овие денови, атмосферата е повеќе загреана, па така локално ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во делови од Скопскиот регион од вторник (6 мај) па најмалку до недела (11 мај) ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на краткотрајно невреме.
Температурите за време на овој период постепено и секојдневно ќе опаѓаат, што значи дека полека ќе навлегуваме во период со значително пониски температури кои ќе бидат потпросечни за мај.
Апелирам, во погоре споменатиот период, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно граѓаните истите да избегнуваат да ги ставаат под дрвјата, вечерва информираше Славчо Попоски.
Временска прогноза
Од понеделник во Македонија следува промена на временската состојба, еве за што станува збор

Сончевото и пред сè пријатно време ќе се задржи денес и утре (понеделник 5 мај). Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели.
Сепак, утре (понеделник 5 мај) ќе ја почувствуваме промената на времето која ја најавив веќе од вторник (6 мај) па во деновите потоа, информира Славчо Попоски.
Во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во Скопје и околината денес и утре (понеделник 5 мај) ќе се задржат рано – летните температури на воздухот, а утре (понеделник 5 мај) во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
До вечерва следува детална метео анализа околу промената на времето која не очекува од (вторник 6 мај) па во деновите потоа, завршува Попоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (13 мај)
-
Спорт5 часа
(ФОТО) Фудбалерите на „ФК Кичево“ – Матески и Димоски денес дебитираа за националниот дрес на мечот Македонија – Словенија до 14 години
-
Кичево24 часа
„ЕВН Кичево“ денес на терен, следните кичевски села ќе бидат без електродистрибуција во домаќинствата
-
Македонија16 часа
Полиција на „РЦ Запад“ во засилена акциска најде букови дрва спремни за транспорт, без документација
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за среда (14 мај)
-
Храна1 ден
Истражување покажа со која храна здравите луѓе го започнуваат денот
-
Магазин14 часа
Започнува летната сезона 2025, време е да го резервирате вашиот одмор, а „Минт (ЈК Травел)“ – Кичево ги има најдобрите понуди за вас
-
Скопје1 ден
СВР Скопје со акциска за мотоцикли и велосипеди