Свет
Диносауруси: Скелетот на Т-Рекс продаден за шест милиони долари на аукција
Скелет на Тираносаурус Рекс, стар 67 милиони, бил купен од неименуван маж за 5,55 милиони швајцарски франци (6,2 милиони долари).
Ова е првпат скелетот на овој диносаурус да биде продаден во Европа.
Купениот примерок е опишан како еден од поспектакуларните Ти рекс скелети, со димензии 11,6 метри долги и 3,9 метри висок.
Сепак, научниците се загрижени поради зголемениот број на фосили од диносауруси во приватна сопственост.
Неодамнешната аукција на скелет на Т рекс не е прва и не е најголемата сума пари што е издвоена за фосил од диносаурус, но таквите продажби се ретки.
Аукцијата на скелет од T рекс која достигна 25 милиони долари е прекината бидејќи се појавија сомнежи од каде потекнуваат деловите.
Скелетот беше наречен 293 Тринити затоа што беше составен од 293 коски од три различни диносауруси од американските локации во Монтана и Вајоминг пронајдени помеѓу 2008 и 2013 година.
Повеќето скелети од диносауруси продадени на аукција се делумно составени од гипс или замени, но повеќе од половина од 293-те тројство се вистинска коска, што е релативно висок процент.
Продаден е во аукциската куќа Kohler во Цирих.
Во интервју за порталот на компанијата, д-р Ханс-Јакоб Сибер од музејот на диносаурус Атал во Швајцарија го опиша Тринити како „специјален ѕвер“.
„Постојат само 20 или 30 добри Ти рекс скелети во светот, а овој е еден од поголемите и подобрите“, рече тој.
Скелетот на диносаурусот ќе остане во Европа, изјави портпаролот на аукциската куќа.

Колер се надева дека ќе биде изложен на јавноста, но во оваа фаза не е јасно какви се плановите на сопственикот.
„Повеќето музеи не можат да се натпреваруваат со длабоките џебови на олигарсите и супер богатите“, рече тој.
„Она што ме загрижува е дека овие многу ретки скелети на диносауруси, кои се научно многу вредни и важни за образованието и јавноста, исчезнуваат во трезорите на приватните колекционери, што значи дека не се достапни за јавно прикажување“.
Но, д-р Денис Хансен од Зоолошкиот музеј во Цирих рече дека верува оти многу примероци на диносауруси во приватна сопственост на крајот ќе бидат достапни за јавноста.
„Јас на тоа гледам исто како и уметноста. Историчарите на уметност би сакале секоја важна слика да биде достапна на јавноста, но искуството покажува дека порано или подоцна таа завршува во јавна сопственост“.
Извор: bbc
Свет
Американската корпорација „Карлајл“ разгледува можност за купување на нафтениот гигант „Лукоил“ надвор од својата матична земја
Американската инвестициона фирма „Карлајл“ разгледува можност да ги купи странските средства на рускиот нафтен гигант „Лукоил“, повикувајќи се на неименувани извори. Компанијата е во почетна фаза на истражување и може да побара американска лиценца за купување на активите, но се уште може да се повлече.
„Лукоил“, кој произведува околу два проценти од руската нафта и има операции во Европа, Блискиот Исток, Африка и САД, претходно објави дека бара купувачи за своите средства надвор од Русија. Американските санкции веќе ги нарушија неговите активности во неколку земји, пренесуваат светските медиуми.
„Карлајл“ е една од најголемите глобални инвестициони компании со управувани средства од околу 474 милијарди долари.
Свет
Гигантот „Амазон“ најави отпуштање на 14,000 вработени од својата корпоративна работна сила
Компанијата Амазон соопшти дека ќе отпушти приближно 14.000 вработени од својата корпоративна работна сила. Претходните извештаи укажуваа дека бројката би можела да достигне и до 30.000 лица, но компанијата официјално потврди дека станува збор за 14.000 отпуштања.
Од компанијата не беше прецизирано кои оддели се најмногу погодени од намалувањето на персоналот. Сепак, според достапните информации, отпуштањата ги зафатија тимовите задолжени за видео игри, логистика, плаќања и cloud computing услуги.
Како главна причина за овој чекор се наведува зголемената примена на вештачката интелигенција. Потпретседателката на Амазон за човечки ресурси и технологија, Бет Галети, изјави:
– „Оваа генерација на вештачка интелигенција претставува најтрансформативната технологија што сме ја виделе по појавата на интернетот. Таа им овозможува на компаниите побрзо да иновираат од кога било досега. Веруваме дека треба да бидеме поефикасни, со помалку организациски слоеви и поголема одговорност, за да можеме побрзо да одговориме на потребите на нашите клиенти и на нашиот бизнис.“
Во изминатите неколку години, Амазон спроведе повеќе помали бранови на отпуштања, кои влијаеја врз различни оддели, меѓу кои Prime Video, Amazon Web Services и логистичките центри на компанијата, пренесуваат преку нивното гласило aboutamazon.com
Извор: aboutamazon.com
Свет
„Google“ со сериозна инвестиција на центри за податоци и вештачка интелигенција во Велика Британија
Американската компанија Гугл денеска објави план за инвестиција од пет милијарди фунти (околу 5,78 милијарди евра) во Велика Британија во наредните две години. Средствата главно ќе бидат насочени кон развој на центри за податоци и истражување во областа на вештачката интелигенција (ВИ), а веста доаѓа непосредно пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон.
Според соопштението на компанијата, инвестицијата ќе ги покрие капиталните трошоци, истражувањето и развојот, вклучувајќи ја и работата на Гугл ДипМајнд, британската лабораторија за ВИ во сопственост на технолошкиот гигант.
Како дел од оваа стратегија, денес беше пуштен во употреба нов центар за податоци во Волтам Крос, северен Лондон, во кој Гугл претходно вложи околу една милијарда долари (850 милиони евра).
Портпарол на компанијата за агенцијата АФП, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека новата инвестиција ќе претставува надополнување на претходното финансирање.
Во меѓувреме, Велика Британија се подготвува за втората државна посета на Трамп, која ќе се одржи в среда и четврток. Првата официјална посета беше во 2019 година, за време на неговиот прв претседателски мандат. Според британските медиуми, Трамп ќе биде придружуван од делегација составена од високи претставници на технолошкиот и финансискиот сектор, а се очекуваат и нови инвестиции и потпишување на технолошки договор со Лондон.
Во пресрет на посетата, британската влада веќе најави дека американските банки вложуваат повеќе од една милијарда фунти во земјата, а во понеделник потврди и договор со САД за забрзување на процесот на одобрување и верификација на нуклеарни проекти.
Откако започна војната во Украина, Велика Британија значително ги засили напорите за намалување на зависноста од јаглеводородите, при што нуклеарната енергија стана стратешки приоритет. За време на посетата на Трамп, официјално ќе биде потпишано и новото партнерство меѓу Лондон и Вашингтон – „Атлантско партнерство за напредна нуклеарна енергија“, пренесе Бета.
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (16 ноември)
-
Скопје2 денаЦУК: Двете жени се пронајдени во црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци и се во добра здравствена состојба, истите биле државјанки на Македонија
-
Спорт18 часа(ЖИВО) У17: Македонија – Русија во вториот контролен меч, кичевчанецот Војчески во стартниот состав
-
Спорт2 денаДриблинг атракции, фудбалски надигрувања и фер плеј. Фудбалски викенд во Кичево, дечињата на „ФК Кичево“ активни во сите генерации
-
Временска прогноза2 денаОд вторник следува промена на времето во Македонија
-
Хороскоп7 часаХороскоп за понеделник (17 ноември)
-
Временска прогноза6 часаПопоски: Доаѓаат обилни врнежи од дожд кои ќе предизвикаат поплави, ќе има засилен ветер, западниот дел од државата ќе наврнат до 200 литри/м³ дожд
-
Спорт11 часа(ФОТО) У17: Русија поуспешна од Македонија во вториот контролен меч, одигран денес во Струмица
