Следете не

Македонија

Дизелот од ноќеска со намалена цена, бензините остануваат непроменети

Објавено пред

на

Од полноќ за денар и половина се намалува цената на дизелот, а за денар на Екстра лесното масло за домаќинства, додека цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на дизелот ќе биде 66,5 денари за литар

Еуросупер БС-95 ќе се продава по иста цена од 75 денари за литар

Еуросупер БС-98 за 77 денари за литар.

Македонија

Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Објавено пред

на

©LukoilMacedonia

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.

– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.

БС Драчево

БС Драчево

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) СВР Охрид реализираше едукативно-превентивна кампања „Не пиј кога возиш“, додека ОВР Кичево ја спроведе „Паркирај совесно, паркирај одговорно” за сите учесниците во сообраќајот

Објавено пред

на

ФОТО: Министерство за внатрешни работи

Изминатиов викенд, Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид, ја реализираше едукативно-превентивната кампања – „Не пиј кога возиш“. Целта на кампањата е насочена кон подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност и будност кај сите учесници во сообраќајот а пред се кај возачите на моторни и други возила што треба да придонесе за повисока безбедност во сообраќајот.

Притоа, полициските службеници од Отсекот за превенција, во соработка со полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид и со Републичкиот совет за безбедност на сообраќај на патиштата, на повеќе пунктови во градот и во приградските населби, на возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот, низ непосредна комуникација им укажуваа на доследно придржување кон правилата и прописите во сообраќајот, почитување на поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација, исклучиво придржување кон дозволената брзина на движење со моторни возила и некористење мобилни телефони во текот на возењето.

Посебно беше посочено дека, управување моторно возило под дејство на алкохол нема да биде толерирано и дека законските санкции, во такви случаи, ќе бидат доследно и неселективно применувани. На возачите на моторни возила, им беа поделени летоци и друг едукативен материјал со низа практични совети кои водат кон јакнење на личната, но и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Истовремено и полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при ОВР Кичево, на подрачје на Кичево ја спроведоа едукативно-превентивната кампања „Паркирај совесно, паркирај одговорно”. Полициските службеници во непосредните контакти со возачите на моторни возила како учесници во сообраќајот, укажуваа на потребата и законската обврска за одговорно придржување до законските одредби за безбедност во сообраќајот. Воедно, на возачите им беа делени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП, известува Министерството за внатрешни работи.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од ноќеска цената на дизел и бензин горивата се намалува

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,00 ден/лит, известува РКЕ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура35 минути

Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски

Во оваа триесетта година од неговото монашко служење, во годината кога се навршуваат пет години од неговата хиротонија за епископ...

Македонија8 часа

Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот...

Автомобили10 часа

Овие половни автомобили значително поскапеа – дали возите еден од нив?

Пазарот за „young timers“ – автомобили стари помеѓу 15 и 25 години – бележи огромни промени во цените. Во некои...

Lifestyle10 часа

Научници открија метод за совршено варени јајца

Ако мислите дека сте ја усовршиле техниката на варење јајца, можеби сè уште не сте го подготвиле „совршеното“ варено јајце....

Lifestyle10 часа

Зошто жените побрзо чувствуваат студ?

Температурата што е удобна за некои, за други може да биде премногу студена. Човечката перцепција на топлината варира, а полот...

Магазин10 часа

Google воведува машинско учење за проценка на возраста на корисниците

Google ќе започне со тестирање на нова функција оваа година, која користи машинско учење за да ги спречи децата да...

Свет10 часа

Научниците предупредуваат: Глобалното топење на глечерите се забрзува

Глечерите низ светот се топат со алармантна брзина, при што годишно се губат околу 273 милијарди тони мраз – еквивалентно...

Магазин10 часа

iPhone 17 нема да донесе побрзо полнење – Љубителите на брзото полнење ќе бидат разочарани

Ако очекувавте значително побрзо полнење со новата iPhone 17 серија, веројатно ќе бидете разочарани. Според најновите информации, iPhone 17, iPhone...

Магазин10 часа

GTA 6 – Најочекуваната игра во историјата: Кога ќе се појави во продажба?

GTA 6 е несомнено најочекуваната видео игра во историјата, а љубителите на франшизата со нетрпение го исчекуваат нејзиното официјално издание....

Хороскоп23 часа

Хороскоп за четврток (20 февруари)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

НАЈЧИТАНИ