Хороскоп
Дневен Хороскоп (22 јули) – петок
ОВЕН
Оние од вас кои се фокусирани на напредок на приватно поле треба да бидат свесни дека тоа нема да можат да го постигнат без големи промени. Ако вашата важна врска е доведена во прашање, не се расправајте, туку вклучете мирна дискусија во која ќе разјасните колку што е потребно сè што сметате дека е дискутабилно.
БИК
Споделете креативни идеи и нови мисли со другите бидејќи ќе се роди нова можност. Денот е поволен и за сите патувања кои се конструктивни и можат да ви помогнат да оживеете некои од старите проекти. Најголемите придобивки ќе ги остварите ако работите напорно и добро ги планирате вашите идни потези. Внесете нешто повеќе лично во вашиот приватен живот.
БЛИЗНАЦИ
Денот е идеален за започнување неформални разговори со колегите, деловните партнери и претпоставените, особено ако имате намера да објавите нешто ново или сакате да добиете подобра позиција. Потрудете се да добиете уште поголема финансиска слобода. Само небото е граница, но под услов да вложите време и труд во она што е позитивно.
РАК
Не дозволувајте некој да ве доведе до погрешни заклучоци или активности од кои ќе имаат корист сите освен вас. Ако скршнете од патот што сте го одбрале, ќе изгубите премногу време и многу побавно ќе ги постигнете целите. Здружете се со луѓе кои можат да придонесат. Во љубовта површните врски ќе прераснат во нешто посериозно.
ЛАВ
Повеќето од вас денес ќе откријат нешто важно што е поврзано со новата приватна врска во која планирате да влезете или врската во која моментално се наоѓате и која ви е се помистериозна. Не брзајте во бизнисот бидејќи можеби ќе сфатите дека е предоцна да се заштитите. Слободно договорете сè, но проверете ги деталите.
ДЕВИЦА
Денеска емотивно ќе бидете малку збунети. Сепак, тоа не значи дека треба да ги одложувате разговорите кои ви се важни или да се карате со луѓе кои не се согласуваат со вас. Наместо веднаш во одбрана, слушајте сè што има да каже другата страна и дури потоа извлечете заклучоци и изберете стратегија. Останете позитивни и смирени.
ВАГА
Заборавете на сè што ви кажуваат другите денес, особено ако се гледате себеси како привлечни за вашите емоции или упорно зборувате за нешто од минатото. Време е да ги преуредите вашите приоритети за потоа да се фокусирате само на она што ви е важно. Понекогаш и малите ризици се повеќе од доволни за да започнете поголеми работи и да најавите нешто подобро.
ШКОРПИЈА
Можете да заработите дополнителни пари, но не преку работи поврзани со недвижнини. Наместо тоа, одлучете се за работа со скратено работно време или за еднократен проект кој ветува релативно брзи исплати. Ќе победите ако ја истакнете лојалноста и посветеноста на работата. Најважно ќе биде да го дадете најдоброто од себе во бизнисот.
СТРЕЛЕЦ
Ако можете, денес избегнувајте да се занимавате со приватни прашања и да разговарате за тешки теми. Фокусирајте се на идејата што ја имате и секогаш сакате да ја реализирате. Не плашете се од промени на љубовно поле, особено ако со години не сте задоволни со вашиот статус. Токму тие ќе отворат нови врати за подобар живот.
ЈАРЕЦ
Иако некој ќе ви даде збор или ветување денес, сфатете го со резерва бидејќи мали се шансите тоа да се реализира. Во принцип, држете се настрана од сите оние луѓе кои ви ветуваат одлични резултати или брза заработка за мала инвестиција. Денот не е поволен за патување и ангажирање во деловни партнерства. Не менувајте ги вашите верувања.
ВОДОЛИЈА
Слободно препуштете се на шпекулации или инвестиции кои ви изгледаат како игра бидејќи сигурно ќе успеете. Денот е генерално идеален за финансии, па обидете се да ги соберете старите долгови и задолжително одвојте малку време за да ги анализирате идните трошоци. Не ги делегирајте вашите одговорности на други затоа што нема да бидете задоволни со резултатите.
РИБИ
Големи се шансите денес да измешате се и погрешно да разберете, особено ако во последно време сте многу оптоварени со приватни проблеми. Не им се лутете на оние кои се обидуваат да ви помогнат или да ги караат вашите најблиски. Наместо тоа, донесувајте ваши одлуки и бидете свесни дека треба сами да ја завршите работата.
Хороскоп
Хороскоп за среда (10 декември)
ОВЕН
Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое време да се опуштите. Поволен ден за љубов, може да очекувате дека ќе имате добар однос со саканата личност. Болки во долниот дел на грбот.
БИК
Имате пред себе многу обврски и работа. Денешниот ден ќе ви биде на некој начин напорен на ова поле. Може да се надевате на многу позитивни промени и ново познанство. Можен е мал пад на имунитетот.
РАК
Имате шанса да напредувате и полека да остварите позитивни промени на деловно поле. На вашиот партнер му одговара вниманието кое му го посветувате. Задоволн сте бидејќи сте успеале да остварите еден квалитетен однос. Психосоматски проблеми.
ЛАВ
Немате добра комуникација со колегите и тоа за вас претставува голема кочница. Ве очекува ден во кој ќе бидете емотивно задоволни и исполнети. Пред вас е фаза во која ќе уживате. Кожата ви е осетлива.
ДЕВИЦА
Ќе дојде до некои промени во вашето деловно опкружување и нема да ви биде лесно да се прилагодите на нив. Саканата личност ќе ви покаже дека е подготвена на компромиси. Помали срцеви проблеми.
ВАГА
Време е да се соочите со потешкотиите и проблемите на работа. Кога ќе ги решите, ќе успеете да остварите напредок. Имавте некои дилеми на љубовно поле. Не сте сигурни која личност е вистинската. Многу сте чувствителни денес.
ШКОРПИЈА
Не е премногу поволен ден за работа денес. Можеби ќе се појават некои нови проблеми и компликации. Сакате да ја освоите личноста која ви се допаѓа и подготвени сте на сѐ за да го добиете нејзиното внимание. Избегнувајте алкохол.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекува многу поволен период на деловно поле. Пред вас е фаза во која ќе имате некои нови деловни случувања. Ве очекува ново познанство и нови можности на љубовно поле. Се чувствувате сосема во ред.
ЈАРЕЦ
Може да очекувате стабилизација на финансиите. генерално ќе бидете задоволни со случувањата на работа. Стабилната љубовна ситуација ви влева чувство на задоволство. Можни се проблеми со забите.
ВОДОЛИЈА
Денес не носете нови одлуки и потрудете се да бидете трпеливи со своите заклучоци. Важно е да го дефинирате односот со партнерот. Можеби сакате врската да премине на посериозно ниво. Поспаност и замор.
РИБИ
Пред вас е фаза која е поволна за започнување нови деловни случувања и промени во работата. Може да се надевате на ново познанство и флерт со личност која ќе покаже интересирање кон вас. Денес ви е нагласена интуицијата.
Хороскоп
Хороскоп за вторник (9 декември)
ОВЕН
Премногу очекувате од соработниците кои не размислуваат на ист начин како вас. Време е да ги земете работите во свои раце. Чувствувате дека партнерот не е искрен за некои работи. Време е да поразговарате со него. Избегнувајте алкохол.
БИК
Ве очекуваат помали недоразбирања со соработниците. Генерално овој ден не ви е особено поволен. Нема нови промени кај вас на љубовно поле. Ова е прилично статичен и здодевен ден. Болки во грбот.
БЛИЗНАЦИ
Не е поволен ден за нови случувања, за нови одлуки или било какви важни промени на работно поле. Посветени сте и на саканата личност и ќе направите сѐ што можете за да и докажете љубов и приврзаност. Склони сте кон алергии.
РАК
Ве очекуваат проблеми на деловно поле. Многу нешта ве оптеретуваат и не се чувствувате добро поради тоа. Срамежливи сте и тешко ви е да покажете што чувствувате кон личноста во која сте заљубени. Чувствителен урогенитален тракт.
ЛАВ
Организационите способности ви е најчесто силна страна но денес дури ни тоа не ви оди од рака. Имате грижа на совест бидејќи не сте сосема искрени кон партнерот. Можен е пад на имунитетот.
ДЕВИЦА
Ве очекуваат помали компликации, па затоа подгответе се за ден во кој ќе има стрес и тензии околу вас. Се двоумите околу нови одлуки. Саканата личност ќе покаже дека е подготвена да направи некои драстични промени. Кожата ви е склона кон иритации.
ВАГА
Успешно ги решавате сите дилеми. Одлуката која ќе ја донесете за вас може да биде од многу големо значење. Ве очекува можност да ја освоите личноста која ви се допаѓа веќе подолго време. Чувајте се од настинки.
ШКОРПИЈА
Може да очекувате дека ќе успеете да најдете решение за деловните проблеми околу вас. Ќе се смирите со личноста која ја сакате. Ако сте слободни, наскоро ќе имате ново познанство. Болки во грлото.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекуваат нови случувања на работно поле. Не сакате да зависите од другите, за вас контролата е многу важна. Партнерот покажува дека сака повеќе време за себе и поголема слобода, а вам тоа не ви се допаѓа. Помал пад на имунитетот.
ЈАРЕЦ
Не сте подготвени за драстични промени на деловно поле, а сѐ што правите оди постепено чекор по чекор. Саканата личност не е подготвена да ви покаже отворено што мисли, а вас тоа ве оддалечува и лади од неа. Потребен ви е сон.
ВОДОЛИЈА
Не сте подготвени за промени на работно поле туку сметате дека ќе ви биде подобро доколку ја задржите оваа работа. Сакате семејство но не сте го пронашле адекватниот партнер за тоа. Дајте си време. Намалете го стресот.
РИБИ
Успешно ќе ги завршите работните обврски. Може да се надевате на многу позитивен ден. Можеби ви се допаѓа некој кој кон вас сѐ уште не покажал симпатии. Немате проблеми со здравјето.
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (8 декември)
ОВЕН
Размислувате да воведете некои инавации во работата. Подготвени сте да се посветите на новите проекти. Можно е да не сте ги добиле сите емоции кои ви се потребни и дека полека доаѓа крај на вашата врска. Чувствителни стапала.
БИК
Немате доволно концентрација на работа и денес дури и основните обврски тешко ви паѓаат. Дојдовте до носењето на важни одлуки. Сега е моментот кога вашата врска ќе напредува. Нервозни сте.
БЛИЗНАЦИ
Решивте да ја преземете поголемиот дел од работата на себе за ситуацијата да може да се помрдне од мртва точка. Пред вас е поволен период ако планирате брак со личноста која ја сакате. Проблеми со вените.
РАК
Време е да се посветите на рааботата за да создадете подобар однос со соработниците ако планирате нешто да постигнете. Ако сте слободни ве очекува ново љубовно познанство. Склони сте кон дебелеење, внимавајте на исхраната.
ЛАВ
Размислувате за промени на работа иако и понатаму не ви се укажува некоја конкретна прилика за тоа. Ви се допаѓа личност која покажува дека е ладна и незаинтересирана, па затоа се држите на дистанца. Хронични проблеми со здравјето.
ДЕВИЦА
Може да очекувате многу позитивна атмосфера на работното опкружување. Ги остварувате своите планови. Полека се разделувате од личноста која ви се допаѓа и не ви е лесно да ја поднесете дистанцата. Многу добро здравје.
ВАГА
Потрудете се да се контролирате себеси и својата суета. Емоциите немаат врска со деловното опкружување. Размислувате на кој начин да започнете комуникација со една личност од минатото. Внесувајте повеќе течности.
ШКОРПИЈА
Ве очекува фаза која нема да биде поволна, некои потешкотии се пред вас денес. Ве очекува можност за почеток на однос со личност во која сте тајно вљубени веќе некое време. Можен е пад на имунитетот, внимавајте на себе.
СТРЕЛЕЦ
Може да очекувате дека ќе имате некои недоразбирања во текот на деловните преговори или важни разговори. Пред вас е шанса да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Ќе имате можност да и ја покажете вашата наклонетост. Одморете се.
ЈАРЕЦ
Може да сметате дека ќе ги остварите своите цели на деловно поле. Промените на кои се надевавте полека се случуваат. На љубовно поле ќе го пронајдете она на кое се надевавте. Добро се чувствувате и немате здравствени проблеми.
ВОДОЛИЈА
Сакате да направите некои позитивни промени на деловно поле, но свесни сте дека не можете да го постигнете тоа сами. Сакате да ги решите проблемите со саканата личност и да живеете нормално. Бубрезите ви се чувствителни.
РИБИ
Не се откажувате од амбициите кои ги имате но моментално време е да прифатите дека нема да оди сѐ онака како што сте замислиле. Не ве очекуваат промени на љубовно поле денес. Чувствителен желудник.
-
Хороскоп2 денаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево12 часаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Кичево15 часаКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Временска прогноза13 часаЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија1 денЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија10 часаНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Македонија1 денПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
