Следете не

Хороскоп

Дневен Хороскоп (30 јули) петок

Објавено пред

на

ОВЕН
Денес ќе бидете доста напнати. Луѓето околу вас ќе бидат доста критични и непријатни. Односите со некој надреден (шеф или родител) ќе бидат строги. Бидете трпеливи и не влегувајте во конфликти. Немојте премногу да се потпирате на интуицијата денес

БИК
Упорноста денес е вашата најдобра стратегија. Бидете упорни во некоја работа, другите ќе ве поддржуваат во вашето размислување. Дури и ако не ги добиете посакуваните резутати, ќе бидете задоволни затоа што сте дале се од себе.

БЛИЗНАЦИ
Ако на љубовен план нештата веќе долго време не оделе како што треба, денес е одличен ден да вратите се на вистинскиот пат. Разговорт е клучот кога се во прашање чувствата. Немојте да ја препуштате вашата работа или образование на среќата, бидете посветени.

РАК
Денес обрнете внимание на вашите финансии, немојте да давате позајмици, можно е да бидете во загуба. Не потпишувајте никакви финансиски договори и стојте понастрана од импулсивно трошење. На некој ваш близок во семејство му претстои брилијантен успех кој ќе ве усреќи и вам.

ЛАВ
Денес ќе ја имате поддршката од сите околу вас, но една личност која поседува авторитативност ќе негодува. Обидете се да и ја освоите довербата. Бидете пофлексибилни кога се во прашање љубовните односи. Вашиот партнер има потреба од вашето внимание.

ДЕВИЦА
Деенс ќе биде значително подобар ден ако претходно сте искусиле доста напорни и непријатни денови. Ќе имате слобода да здивнете и конечно да се посветите на себеси. Внимавајте на вашите реакции на нечии зборови, немојте да земате се при срце.

ВАГА
Денот ќе ви започне стресно и во брзање, ќе сакате да завршите повеќе обврски наеднаш. При крајот на денот стресот ќе се намали и ќе можете да опуштите. Останете смирени. При крајот на денот ве очекуваат добри  вести кои ќе ве расположат.

ШКОРПИЈА
Некој во вашето опкружување очекува да потфрлите во некоја задача, за среќа вие ќе го направите токму спротивното, ќе ги изненадите и воодушевите сите. Немојте да слушате ничиј совет, водете се според личното темпо. Вложете поголем труд во некоја работа.

СТРЕЛЕЦ
Денес сонцето и месечината се судираат во вашиот знак а тоа значи дека ќе бидете контрадикторни самите кон себеси. Можно е да бидете во недоумица околу некоја работа. Ќе ги оставате нештата недовршени. Немојте да слушате нечии негативни коментари упатени на ваша сметка, само се обидуваат да ви го одвлечат вниманието од постигнувањето на успех.

ЈАРЕЦ
Денес ќе бидете склони кон импулсивно трошење. Во главата ќе ви се врти мислата „морам да го купам“ за нешта кои нема да ви бидат вистински потребни. Некој ќе ви помогне да донесете некоја одлука. Доколку треба да донесете конечна пресуда околу некоја работа, оставете го тоа за утре.

ВОДОЛИЈА
Вашата интуиција денес ќе ве наведе да направите погрешен избор. Ќе се покаете и ќе почувствувате разочарување. Комуникацијата со другите нема да е на најдобро ниво, стојте понастрана од вербални конфликти. Успехот кој долго време сте го очекувале, веќе почнува да се наѕира.

РИБИ
После неколку денови поминати во тотален хаос на работното место, конечно ќе можете да здивнете затоа што веќе голем дел од обврските сте ги завршиле и тие ќе вродат со успешен исход. Денес ви претстои продуктивен ден исполнет со добри вести. Вечерта опуштете се и прославете го вашиот труд.

Хороскоп

Хороскоп за понеделник (20 октомври)

Објавено пред

на

Овен
Дневниот хороскоп ви предвидува огромен наплив на енергија и креативност во средината на денот, одеднаш ќе можете да го решите секој проблем! Но, дотогаш бидете мирни, пијте кафе и обидете се да се носите со сите задачи. Во љубовта се ви е стабилно.

Бик
Вашиот дневен хороскоп предвидува несогласувања во љубовта, како нешто да му замерувате на партнерот и никогаш да не го испуштате. Мали препукувања или „растегнување“ околу нешто што не е многу важно практично се загарантирани, доколку не погледнете во срцето и не видите што навистина ве мачи. Можен е напредок на работа!

Близнаци
Денеска се можни стомачни проблеми, избегнувајте тешка и мрсна храна. Партнерот е расположен за забава, планирајте заедничка забавна вечер. Вечерта важно е да запишете нешто за што сте размислувале цел ден, во спротивно ќе заборавите на тоа за утре.

Рак
Целата ваша енергија е насочена кон планирање на одмор и тоа ви ја одзема концентрацијата. Наутро направете се што можете, а потоа дури попладне ги разгледувате аранжманите, направете го буџетот… Заслужувате одмор, но се друго не треба да падне во втор план.

Лав
Сакате да се докажете денес, па преземате повеќе отколку што можете да постигнете. Длабоко вдишете и реално проценете го денешниот ден, дали навистина сакате постојано да бидете оптоварени со обврски? Навечер треба да се опуштите со добра храна и музика.

Девица
Дневниот хороскоп предвидува одличен ден на работа, вашите напори ќе бидат забележани и наградени! Доколку не сте во врска, очекувајте да се допишувате со личност која долго време ја познавате, но наеднаш изгледате заинтересирани за повеќе од пријателство. На вашиот плакар му треба многу складирање!

Вага
Веќе долго време чекате важен повик или е-пошта, кои конечно ќе ви пристигне денес. Време е да покажете што знаете и умеете, а следи голем успех! Партнерот сака повеќе романса во врската, размислете дали сте западнале во рутина.

Шкорпија
Дневниот хороскоп предвидува бурен ден кога е работата во прашање! Направена е грешка и иако не сте биле одговорни за неа, ќе мора да ја исправите. Важно е да бидете искрени со личноста која згрешила и да покажете дека сте дарежливи и спремни да помогнете. Во вечерните часови можни се главоболки.

Стрелец
Внимавајте на финансиската состојба, ѕвездите не ве советуваат да трошите повеќе денес! Ако планирате да инвестирате во нешто поголемо за куќата, или да платите за одмор, немојте да го правите тоа оваа недела. Имате многу страст во љубовта, вашиот партнер е позаљубен од било кога!

Јарец
Денеска пукате со самодоверба и сакате сите да го знаат тоа! Дневниот хороскоп ви е одличен во секој поглед – во љубовта сè блеска, на работа сте одлични и се чини дека вашето здравје е подобро од било кога. Ако размислувате да се преселите, добар ден е да истражувате нови имоти.

Водолија
Немате добар хороскоп за пари, можни се загуби доколку не внимавате. Воздржете се особено од позајмување пари на луѓе на кои не им верувате во длабочините на душата, дури и ако тоа беше мала сума. Ќе слушнете многу интересни озборувања за некој што го познавате.

Рибi
Дневниот хороскоп ви предвидува многу обврски, но дали сте се „оптовариле“ најмногу од себе? Понекогаш луѓето околу нас забележуваат кога некој сака да се докаже и им го препушта својот дел од работата. Ова важи за колегите, но и за семејството и партнерите, не дозволувајте некој да ве искористува!

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за недела (19 октомври)

Објавено пред

на

ОВЕН
Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета. Не дозволувајте парите премногу брзо да излезат од контрола, обидете се максимално да ги контролирате вашите трошоци, како и вашите навики поврзани со секојдневниот шопинг. Нема да ја спасите ситуацијата ако понудите пари, наместо тоа да понудите време.

БИК
Разговарајте со оние луѓе кои имаат искуство во нешто поврзано со инвестиции, медицина или право. Информациите што ќе ги соберете денес ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и да решите добар дел од проблемите со одење на патот. Љубовната врска ќе страда ако не и покажете на другата страна колку ја цените. Потрудете се и бидете благодарни денес.

БЛИЗНАЦИ
Обидете се да им посветите целосно внимание на вашите најблиски, особено ако тие започнат разговор за нешто што не ви изгледа интересно, но претставува нешто важно за другата страна. Доколку во последно време сте биле под преголем стрес, испланирајте попладне во природа или барем во друштво на драги пријатели. Ќе добиете совет од членовите на семејството.

РАК
Врската со личност што ја сакате и мислевте дека можете да и верувате, веројатно ќе биде главен извор на фрустрација денес. Колку и да сте разочарани, не се вклучувајте премногу во анализата бидејќи само ќе губите време. Не потпирајте се на други и не давајте ветувања кои не сте сигурни дека ќе можете или ќе сакате да ги исполните подоцна.

ЛАВ
Внимавајте што зборувате денес. Ако претерате со критиките или со толкувањето на неодамнешните негативни настани, може да започнете војна или да извадите на површина проблеми кои подоцна ќе ве доведат во непријатна положба. Во љубовта ќе ви биде тешко да ги контролирате емоциите што може да ве доведе до емоционални проблеми.

ДЕВИЦА
Слободно дружете се и забавувајте се, но обидете се да посветите доволно внимание и време на постарите и послабите членови на заедницата. Доколку сте во ново деловно опкружување, покажете како ги почитувате колегите кои имаат поголемо искуство. Во љубовта може да очекувате позитивен развој на ситуацијата откако на прво место ќе го ставите хуморот.

ВАГА
Не дозволувајте денот да ви го уништат луѓе кои сакаат да се чувствувате мали, безначајни или неспособни. Држете се настрана од оние кои се секогаш подготвени за неправедна критика и озборувања од другите. Емоционалните промени ќе се покажат како поволни. Немојте да ги криете или избегнувате луѓето кои се гласни, сакаат да претеруваат со хумор и да се фалат.

ШКОРПИЈА
Ако се чувствувате осамено или фрустрирано, обидете се да поминувате повеќе време во друштво на луѓе со кои секогаш можете да споделувате идеи. Патувањето би било идеално, но ако не сте во позиција да направите нешто такво, обидете се барем да промените нешто во вашата дневна рутина. Не се разочарувајте ако саканата личност не е дарежлива како што очекувавте.

СТРЕЛЕЦ
Не разговарајте премногу за вашите планови за иднината со луѓе на кои им е тешко да разберат што ве мотивира и како функционирате. Ако треба да се доверите некому, изберете блиски пријатели и членови на семејството. Во принцип, денес намалете ги деловните активности, особено ако некој врши притисок и постојано бара информации.

ЈАРЕЦ
Не секој ќе има разбирање за тоа што се обидувате да го направите, затоа обидете се да ги поедноставите работите. Ако видите дека нешто не оди добро, бидете трпеливи и почекајте подобар момент. Патувањето ќе си го земе данокот, најдобро би било да го избегнете. Обидете се да организирате дружење со важната личност со тоа што ќе ги контролирате емоциите, како и времето.

ВОДОЛИЈА
Денес ќе бидете доста емотивни, но во смисла дека лесно ќе се нервирате и најчесто ќе делувате дефанзивно. Не сфаќајте ништо премногу лично, но и не дозволувајте некој да ги извади вашите зборови од контекст или упорно да ве убедува да се карате со трето лице. Претерувањето ќе доведе до проблеми, па дури и до недостаток на поддршка.

РИБИ
Бидете искрени со себе и со оние што ги сакате. За сите останати, слободно постапете поладно и не откривајте што мислите дека не треба. На работа ќе ги изненадите колегите и претпоставените доколку направите повеќе отколку што се очекува. Токму така ќе ги импресионирате оние луѓе кои вообичаено не ве поддржувале во минатото.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за сабота (18 октомври)

Објавено пред

на

ОВЕН
Ако неодамна сте донирале дел од вашите пари, сте позајмиле одредена сума на пријател или си купиле нешто непотребно, денес можеби ќе бидете разочарани од себе и ќе се плашите од иднината. Ништо не е црно или бело, не бидете негативни, туку барајте нова можност за заработка. Размислете што можете да понудите.

БИК
Доколку реагирате доволно брзо на барањата на пазарот, за кратко време ќе можете да ја промените позицијата и да постигнете завиден успех. Оние од вас кои денес се во тајна љубовна врска ќе почувствуваат дека нешто се променило; колку и да сте изненадени, не реагирајте веднаш, туку излезете со лукав и мудар одговор.

БЛИЗНАЦИ
Ако дозволите да ви пречат емоциите, веројатно ќе ја почувствувате загубата денес или ќе започнете серија дискусии кои ќе резултираат со прекин на деловниот проект. Ако сакате да напредувате и важно ви е што ќе мисли околината за вас, тогаш работете на добри меѓучовечки односи. Не барајте кратенки.

РАК
Работите на работа полека си доаѓаат на свое место. Денеска ќе можете да промените некои работи или нечие мислење, за да обезбедите подобра финансиска иднина. Не дозволувајте некој да си игра со вашите емоции или да ве убеди да ги доверите тешко заработените пари на трето лице. Пристапете кон љубовта традиционално и малку потешко.

ЛАВ
Утрото ќе сфатите дека сепак треба да ги чувате мислите за себе. Колку и да ви е тешко, воздржете се од иницирање дебати и обидете се, барем навидум, да се приклоните кон размислувањата на мнозинството. Побарајте помош само од некој на кого навистина му верувате, а пред да направите промени дома, објаснете им на другите.

ДЕВИЦА
Потрудете се да ги одржите деловните активности искрени, добрата атмосфера на работното место и добрите односи со колегите. Ќе бидете доста директни во комуникацијата и во моментов најважно е секој точно да знае што мислите и какви ставови застапувате. За да постигнете една од целите, ќе биде доволно да ги разјасните вашите мотиви и очекувања.

ВАГА
Добри работи ќе дојдат кај оние од вас кои не се алчни. Со своите идеи ќе можете да го привлечете вниманието на вистинските луѓе кои имаат моќ и се влијателни. Доколку денес планирате да договорите нешто или да потпишете договор, дозволете да се знае дека имате искуство зад себе. Денешниот ден ќе биде уште подобар откако ќе добиете шанса подобро да ја запознаете вашата сакана личност.

ШКОРПИЈА
Колку и да се стремите кон совршенство и да се трудите се да правите како што треба, денес сепак ќе треба да се согласите на нешто помалку од тоа и да прифатите дека некои работи треба да се направат што е можно поскоро. Не ги критикувајте другите и не ги омаловажувајте бидејќи ќе ја изгубите популарноста. Потрудете се да се забавувате, да стекнете нови познанства и да пиете кафе со пријателите.

СТРЕЛЕЦ
Секој потег што ви изгледа позитивен денес ќе ве донесе чекор поблиску до постигнување на вашите цели, не двоумете се ако интуицијата ви каже дека треба да одбиете или прифатите нешто. Љубовната ситуација функционира се подобро и денот е идеален за правење промени во бракот или заедничкиот живот. Размислете како можете да бидете подобра личност.

ЈАРЕЦ
Нема да ви бидат достапни сите информации и тешко дека денес работите ќе бидат како што изгледаат на прв поглед, особено кога се работи за приватниот живот и љубовните врски. Останете подалеку од туѓите проблеми, фокусирајте се на своите и обидете се да го пронајдете најдоброто можно решение, дури и ако е привремено. Фокусирајте се на парите.

ВОДОЛИЈА
Не верувајте во се што ќе слушнете денес. Обидете се прво да ги истражувате работите онлајн или во писмена комуникација, бидејќи на тој начин ќе ги добиете вистинските информации и нема да трошите премногу време за донесување одлука. Некој ќе се предомисли, но тоа не значи дека сè е неуспешно или дека треба да ги прекинете плановите.

РИБИ
Не погрешно толкувајте нечие однесување и заклучете дека таа личност има емоции кон вас. Ако не сте сигурни како стоите на работа, поставете отворено прашање до вашиот непосреден претпоставен. Можни се проблеми со постарите во приватниот живот, но не ги доведувајте во прашање вашите начини поради нив.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија5 часа

Дизелот со намалена цена од ноќеска, додека бензините остануваат со иста цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле...

Фото: Fredrick Tendong @ unsplash Фото: Fredrick Tendong @ unsplash
Гејминг6 часа

Battlefield 6 продаде над 7 милиони примероци за само три дена

Најновото издание од популарната франшиза Battlefield постигна неверојатен успех — над 7 милиони продадени примероци во првите три дена од...

Фото: Nick Collins @ unsplash Фото: Nick Collins @ unsplash
Lifestyle6 часа

5 причини да јадете тиква: Ако сакате да ослабете, подгответе ја вака

Тиквата е една од најздравите есенски намирници, богата со хранливи состојки и корисна за целото тело. Сè што треба да...

Фото: Mara Cotta @ pexels Фото: Mara Cotta @ pexels
Lifestyle7 часа

Со топол леб или палачинки: Овој џем од јаболка ќе стане вашето омилено есенско откритие

Кога мирисот на свежо сварен џем од јаболка ќе се прошири низ кујната, тешко е да се остане рамнодушен. Овој...

Фото: Windows @ unsplash Фото: Windows @ unsplash
Магазин7 часа

Сакате Windows 11? Microsoft го направи достапен за сите!

Microsoft официјално објави дека новата верзија Windows 11 25H2 сега е достапна за сите корисници на Windows 10 и за...

Фото: Laurenz Heymann @ unsplash Фото: Laurenz Heymann @ unsplash
Магазин7 часа

Apple го претстави првиот M5 чип

Американскиот технолошки гигант Apple официјално го претстави својот најнов M5 чип, кој ќе го движи следниот бран на уреди, вклучувајќи...

Временска прогноза8 часа

Пред нас период на суво време и значително топло

Во почетокот од новата работна недела, односно во понеделник и во вторник (20/21 октомври) времето во Македонија ќе биде стабилно,...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за понеделник (20 октомври)

Овен Дневниот хороскоп ви предвидува огромен наплив на енергија и креативност во средината на денот, одеднаш ќе можете да го...

Македонија1 ден

МВР: Гласањето се одвива мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112

Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (19 октомври)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

НАЈЧИТАНИ