Хороскоп
Дневен Хороскоп (5 јуни) сабота

ОВЕН
Проширете ги идеите што ги имате и не дозволувајте размислувањето за околината да влијае премногу врз вас. Соберете ги тие информации што ќе ви помогнат да станете побрзи во работата, но и да ги имате на располагање сите факти пред да се обидете да ги убедите другите да ги поддржат вашите планови. Оние од вас кои планираат да излезат ќе запознаат нова личност.
БИК
Токму кога мислите дека сте предвидиле сè и ништо не може да ве изненади, некој ненамерно ќе ви создаде проблем. Без оглед на ситуацијата, не прифаќајте ништо премногу сериозно бидејќи може да повредите некој од вашите најблиски. Останете разиграни, но и решени за целите што сакате да ги постигнете. Вашиот став ќе биде најважен.
БЛИЗНАЦИ
Сè ќе биде добро под услов да се држите до она што претходно си го поставивте како цели. Не менувајте размислување или нагло менувајте планови што веќе им ги објавивте на другите, бидејќи само ќе создадете проблеми и ќе ја комплицирате ситуацијата непотребно. Време е да почнете да верувате повеќе во себе и да им покажувате на другите колку сте способни да бидете лидер.
РАК
Некој денес нема да биде на ваша страна, но сепак ќе ви ја понуди нивната помош. Бидете внимателни затоа што таа личност веројатно само ќе бара причина да ве дискредитира. Ако сакате работите навистина да се завршат, сметајте само на себе и слободно потпрете се на интуицијата. Не трошете ја својата енергија на она што го прават или критикуваат другите луѓе.
ЛАВ
Покажете им на другите дека сте горди на она што го правите бидејќи на тој начин ќе добиете поголема поддршка и ќе ги привлечете на ваша страна оние луѓе кои се отворени и имаат искрени намери. Љубовта ќе ви тропне на врата денес, затоа одвојте малку повеќе време за саканата личност. Слободно започнете креативни идеи, но држете се до тој оригинален план.
ДЕВИЦА
Личноста со која сте блиски денес веројатно ќе претера во неколку наврати и ќе ве остави збунети. Преголемата грижа сигурно нема да ви помогне, затоа свртете ги мислите кон она што ве прави среќни. Прифаќањето на другите е тоа што ќе ве натера да напредувате во позитивна насока и истовремено да ве спаси од непотребни дискусии и проблеми.
ВАГА
Започнете нешто ново, обидете се да направите нови познанства, да се вклучите во она што ве интересира, да патувате или едноставно да ги посветите повеќето од деновите на себе. Уживајте во она што животот го нуди, време е да одморите и да ги одвлечете мислите од работата. Еден од денешните разговори ќе ви донесе интересни информации за личност од далечното минато.
ШКОРПИЈА
За да избегнете несогласувања со членовите на семејството и генерално да се дистанцирате од луѓето што прават да се чувствувате непријатно, ќе треба брзо да реагирате. Денот ќе го поминете на најдобар начин доколку поминете малку повеќе време со работни колеги или испробате потполно нова активност. Колку повеќе се обидувате да стекнете нови знаења, толку повеќе ќе одите.
СТРЕЛЕЦ
Слободно организирајте состанок или работна средба со луѓе кои имаат слични интереси како вас или кои припаѓаат на групата во чија работа сакате да се вклучите. Денот е идеален за сите видови на конструктивни дискусии, но особено за планирање и уредување на идни работни места или проекти. Некој ќе ви понуди нешто неочекувано во приватниот живот.
ЈАРЕЦ
Иако ќе откриете дека сè е во ред, барем во однос на неодамнешните несогласувања, денес ќе се создаде нов проблем со трето лице. Колку и да сметате некому за неважно или безопасно, сепак не се дистанцирајте целосно и мавтајте со раката, туку повеќе фокусирајте се на дијалогот. Слободно контактирајте со некој од минатото.
ВОДОЛИЈА
Сите добри дела што ги правите денес сигурно ќе ви бидат вратени. Размислете што сакате да направите, а потоа утврдете ја стратегијата што ќе ве доведе до тоа. Денот е поволен за уредување и доставување на биографии, започнување на сопствен бизнис и здружување на силите со оние луѓе кои можат да придонесат за она на што работевте подолго време.
РИБИ
Пред да одлучите да преземете прилично голем ризик, добро размислете дали информациите што ги имате се точни и колку сте сигурни. Проверете ја целата документација, откријте дали има законски ограничувања и побарајте можност што ќе ви овозможи да го направите првиот потег. Без оглед на полето на животот, клучот за успехот ќе лежи во искреноста.
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (7 јули)

Овен
На работа, и покрај лошите аспекти успевате работите да ги завршите на време. Не очајувајте, доаѓаат подобри времиња.
Денес, важно е да излезете и убаво да си поминете.
Во здравјето, немате лоши тегоби.
Бик
Имате одлична соработка со една Девица. Искористете го периодот кој е пред вас, бидејќи имате многу можности кои за жал само вие не ги забележувате.
Искористете го времето за нешто што ќе ве направи среќни. Поминете време со личност која ви е драга.
Можни се болки во грлото.
Близнaци
На работа, ситуацијата не е најдобра, но треба да обрнете повеќе внимание на сите детали а не само на оние кои вам ви одговараат.
Постои личност на која често мислите, а која исто така мисли на вас. Не ја игнорирајте.
Излезете на прошетка.
Рак
Ако планирате новини на работа, може е подобро да почекате, бидејќи вашето расположение се менува од миг во миг.
Сакате да фасцинирате една личност, но тоа не ви носи успех. Време е да бидете конкретни во своите намери.
Потребни ви се повеќе течности.
Лав
Не сте во лоша ситуација, се додека имате излез од тоа. Она што не можете да го постигнете е добра соработка која ви се нуди од една Риба. Почекајте.
Премногу барате од својот партнер. Балансирајте меѓу своите и нивните желби.
Тахикардија.
Девица
Влегувате во некој работен ангажман со голем ентузијазам, но повеќе внимание треба да обрнете на соработката со остантите членови на тимот. Поработете на тоа.
Во љубовта, премногу давате на погрешна личност. Размислете каде ве води тоа.
Кашлица.
Вага
Отворени сте за нова соработка и ќе уживате во таквата промена. Потрудете се да доведете во ред некои детали.
Ако сте во долгогодишна врска денес е ден за размислување за брак.
Опуштете се со тивка музика.
Шкорпија
Се соочувате со стрес поради поголемата потреба од финансии. Чувствувате промена во вашиот паричник.
Заљубени сте во еден Рак. Ви годи дружењето со нив, но морате да ги покажете емоциите.
Ослободете се од стресот.
Стрелец
Надредените бараат многу од вас. Морате да се фокусирате на задачата, бидејќи тоа е важно за вашата кариера.
Не ве загрижува мислењето на другите. Вие си имате свој приоритет кој е неразбирлив за нив, но уживате во љубовта.
Стрес.
Јарец
Финансиската ситуација се подобрува. Воочувате причина за ново напредување, кое ќе дојде оваа недела.
Ви доаѓа подобра ситуација на ова поле од она со што се соочувавте досега. Ќе бидете во одлично расположение. Личност родена во знакот Рак ве обожава.
Под стрес сте и реагирате импулсивно.
Водолија
Зголемениот интерес за посилен финансиски прилив е нешто што ви се допаѓа, но за што не преземате ништо конкретно.
Заљубени сте и сметате дека не треба да ја пропуштате шансата да бидете со еден Јарец, кој е покрај вас во последно време.
Здравјето е одлично.
Риби
Полето на странство ви носи една уабва соработка. Бидете спремни за успех.
Доколку работите не одат онака како што вие сакате, не очајувајте. Некој ве набљудува, но потребно му е време.
Медитирајте.
Хороскоп
Хороскоп за недела (6 јули)

ОВЕН
Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика за нова врска. Не се двоумете, туку препуштете се на емоциите. Полни сте со сила и енергија.
БИК
Доколку очекувате почеток на нова деловна соработка, потрудете се да бидете доволно одговорни и сериозни. Поволен ден за нова љубовна врска. Пред вас е добра фаза за љубов. Низок притисок.
БЛИЗНАЦИ
Имате многу работа и важно е да бидете посветени на своите одговорности за да бидете успешни. Го сакате својот партнер и убаво ви е кога сте заедно. Уживате во љубовта. Добро се чувствувате во своја кожа.
РАК
Нема да имате многу работа денес. Ве очекува фаза во која ќе имате доволно време за одмор. Ве очекува ново познанство кое може да води до интересна емотивна врска. Важно е да најдете начин да се опуштите.
ДЕВИЦА
Задоволни сте со ситуацијата на деловно поле. Не ве очекуваат поголеми промени и проблеми на ова поле. Покрај саканата личност се чувствувате убаво. Таа ви посветува многу внимание и нежност. Ве очекува добар ден. Проблеми со забите.
ВАГА
Потребно е да покажете подготвеност да започнете во еден нов правец кога е вашата работа во прашање. Ви делува дека нема да успеете да ги решите проблемите кои сте ги имале на љубовно поле. Не се заморувајте премногу.
ШКОРПИЈА
Може да добиете можност да се спојат вашите таленти. Поволен период за занимавање со креативна работа. Поволен ден за промени на љубовно поле. Спремни сте за пресврти! Зголемете го внесот на овошје и зеленчук!
СТРЕЛЕЦ
Промените на деловно поле на почетокот тешко ви паѓаат и треба време за да ги прифатите. Ситуацијата е поволна за нови познанства. Ве очекува ден во кој ќе имате почеток на врска. Проблеми со притисокот.
ЈАРЕЦ
Може да очекувате поддршка од страна на деловното опкружување. Генерално може да имате среќа на ова поле. Ве очекува понуда за незадолжителна врска, но сега вие не сте подготвени за тоа. Осетливи стапала и зглобови на нозете.
ВОДОЛИЈА
Ќе успеете да ги остварите деловните проблеми кои ги имате во план. Пред вас е поволен период за работа. Можно е да не сте сигурни дали и верувате на личноста која ви се допаѓа. Потрудете се редовно да вежбате од дома.
РИБИ
Во текот на денешниот ден ќе бидете склони кон некои проблеми и кавги на деловно поле. Спремни сте да и покажете на саканата личност искрени емоции и да се посветите кон стабилизација на вашиот емотивен однос. Добро се чувствувате.
Хороскоп
Хороскоп за сабота (5 јули)

ОВЕН
Можеби се занимавате со некој вид на докажување на работното место како пред себе така и пред другите. Можни се нови познанства, но и понатаму не наоѓате личност која може да го види она што вие го барате. Проблеми со синусите.
БИК
Денес ќе бидете во центарот на вниманието поради успехот на деловно поле во изминатиов период. Може да очекувате заеднички живот со саканата личност. Доаѓа време за убави промени. Водете сметка за забите.
БЛИЗНАЦИ
Нови околности ќе влијаат врз вас негативно. Можно е да ви треба подолг период да се прилагодите. денес вашите брачни проблеми се особено нагласени, па ситуацијата со саканата личност доаѓа до влошување. Проблеми со кичмата.
РАК
Ве очекува можност да се докажете и да ги остварите посакуваните желби на работното место. Продолжете да ги негувате своите амбиции. Денес конечно ќе и дадете до знаење на саканата личност како ја замислувате заедничката иднина. Одлично се чувствувате!
ЛАВ
Одлично се снаоѓате во вашата работа моментално и не би требало да имате било какви проблеми денес. Можеби со саканата личност ќе дојде до некои компликации. Сѐ може да се реши ако имате трпение. Внесувајте повеќе течности.
ДЕВИЦА
Носењето нови одлуки на деловно поле не ви оди многу лесно. Имате впечаток дека некои околности се против вас денес. Доколку сте во врска или брак, со саканата личност ќе имате некои неочекувани случувања. Немате проблеми со здравјето.
ВАГА
Многу сте мотивирани да ги направите промените на деловно поле кои ги планирате некое време. Денес ве очекува интересна средба со личност која ќе ви се додворува директно. Се чувствувате одлично.
ШКОРПИЈА
Може да престанете да се грижите бидејќи конечно ќе дојдат до вас убави вести кои долго време ги посакувате. Денес ве очекува започнување контакт со личност која ви се допаѓа. Полни сте со енергија!
СТРЕЛЕЦ
Денес сѐ ви оди од рака. Ако планирате било какви нови проекти или промени, вложете во тоа! Може да очекувате активирање на полето на флертот и многу нови запознавања. Проблеми со бешиката.
ЈАРЕЦ
Не можете лесно да најдете заеднички јазик со соработниците. Не е секој подготвен да го вложи истиот напор во работата како вас. Ви се допаѓа личност која е воздржана кон вас е делува срамежливо. Чувствителни синуси.
ВОДОЛИЈА
Започнување на нов проект ви делува како добра идеја. Подготвени сте да се посветите на новите случувања на ова поле. Вашиот однос со саканата личност не е добар како порано и полека се губите еден со друг. Внимавајте на исхраната.
РИБИ
Денес бидете внимателни со какви ризици се соочувајте и внимавајте да не дојде до некоја материјална штета. Можеби ви се допаѓа личност која нема лесно да ја освоите, но подготвени сте да се потрудите да го најдете патот до неа. Проверете ја својата диоптрија.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Македонија13 часа
ПС за граничен надзор „Охридско езеро“ не запира, фатени живи албански државјани длабоко на наша територија во незаконит лов на риба
-
Скопје1 ден
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Временска прогноза17 часа
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите
-
Временска прогноза2 дена
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд
-
Спорт4 часа
За „Иванден“ дефинитивно мора да бидете во с.Староец, на одлична традиција, фудбал и уживање
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за понеделник (7 јули)
-
Lifestyle13 часа
Колку често треба да се перат кујнските крпи? Еве што велат експертите за хигиена