Следете не

Хороскоп

Дневен Хороскоп (9 февруари) среда

Објавено пред

на

Овен 

Оние Овни кои се родители целосно ќе се посветат на своето семејство особено на потомството. Кон своите деца ќе се однесуваат заштитнички но од нив ќе бараат да бидат репрезентативни и успешни. Оние слободните Овни кои припаѓаат на посилниот пол ќе биде многу тешко да се освојат, а уште потешко да се задржат. За разлика од нив оние од женскиот пол ќе бидат секогаш подготвени и спремни за флерт и заведување.

Бик

Ако вашата професија е поврзана со спорт, креативност или пак медицина, работа со деца, денес можете да очекувате плодност и успех. Некој поискусен и повозрасен ќе ве подучува за тоа како да се износите со новите одговорности. Другите Бикови ќе имаат значајни случувања на интимно ниво.

Близнаци

Вашето внимание е обземено од детали. Ако оваа карактеристика се манифестира на работно поле, ќе успеете да завршите и средите многу обврски. Но, aко се манифестира на лични и психолошко ниво – логично е дека ќе се најдете во лавиринт без излез. Засега, едноставно фокусирајте се на она што е пред вас.

Рак

Старите љубови и старите партнерства на некаков начин се враќаат во вашиот живот. Не заборавајте дека намената  на овие случувања не е обнова на врската или започнување на нешто ново. Космосот создава услови за разрешување на некои нерасчистени прашања. Искористете го мудро следниот период.

Лав

Ќе бидете изненадени од постапката или зборот на еден ваш пријател. Ако сте член на некоја група или друштво, денес се можни изненадни и непредвидливи реакции од ваша или нивна страна. Има услови да запознаете личност со многу интересен карактер. Ова дефинитивно нема да биде досаден ден.

Девица

Сакате да избегате од секојдневните активности. Не можете да се концентрирате на постоечките обврски. Опуштете се и внесете некакви промени во ритамот на функционирање. Можеби ќе се изненадите од тоа како ќе се развива денот. Веќе во попладневните часови ќе можете да уживате во средбата со една ваша драга личност.

Вага

Дискусиите со авторитетите ќе бидат значајни. Кај некои дури и мотивирачки. Убаво разгледајте ги опциите што оваа личност ги отвора пред вас. Некои Ваги би требало да внимаваат на нивниот брз јазик – интимни детали  би можело да испливаат на површина и да ви донесат компликации на приватен план.

Шкорпија

Би можеле да стигнете до некоја важна информација или контакт преку разговорот со една повозрасна личност. Некои од вас премногу размислуваат за надежите и желбите. Ако премногу се оддадете на ваквите размислувања, логично е да очекувате замаглување на менталната леќа. Сконцентрирајте се на сегашните животни случувања.

Стрелец

Чувствувате внатрешен немир и имате пориви кои немаат конкретен вектор на исполување. Денес  ќе ви биде тешко да се организирате и да имате редослед на активностите. Постојано нешто размислувате и барате, надевајќи се дека ќе испадне нешто добро. Не се грижете премногу – немирот е во вас, не е во надворешниот свет.

Јарец

Сакате да избегате од секојдневните активности. Не можете да се концентрирате на постоечките обврски. Опуштете се и внесете некакви промени во ритамот на функционирање. можеби ќе се изненадите од тоа како ќе се развива денот. Веќе во попладневните часови ќе можете да уживате во средбата со една ваша драга личност.

Водолија

На љубовно поле вашата страст ќе биде повеќе од забележителна, па затоа дозволете си поголема слобода, забава и контакти со луѓе немојте да се гушите во себе, ова е единственото добро кое го поседувате овој период.

Риби

Обземени сте од вашите мисли. Примарниот фокус е на односите со луѓето и практичните работи. Направете се што е во ваша можност подобро да се организирате. Извесни се изненадувања од страна на вашите партнери или блиски пријатели.

Хороскоп

Хороскоп за недела (11 јуни)

Објавено пред

на

ОВЕН

Реешението на ситуацијата која ве мачи може да биде многу добро за вас. Успешно ќе ги решите сите деловни проблеми. Ви се допаѓа личност која покажува дека не е рамнодушна кон вас. Мал пад на енергијата.

БИК

Може да очекувате позитивни околности. Денешниот ден ви е поволен за работа и нови одлуки на ова поле. Ве очекува возбудлива ситуација со личност која ја сакате. Вашиот однос се развива во добар правец. Спортувајте!

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува поволен ден за разрешување на деловните дилеми кои ве мачеле досега. Ве очекува ново познанство со личност која ќе покаже интерес кон вас. Болки во стомакот.

РАК

Може да очекувате во текот на денешниот ден да успеете да остварите добра комуникација со соработниците. Лесно покажувате емоции кон личноста која ви значи. Добар ден за љубов. Здравјето ви е солидно.

ЛАВ
Ќе имате помала штета на деловно поле денес. Без обзир на неповолните околности треба да останете прибрани. Во вас се буди потреба со саканата личност да зборувате за брак, заедница и промени. Се чувствувате добро.

ДЕВИЦА

Ве очекуваат поволни околности кога станува збор за работата. Може да сметате на остварување на успех на овој план. Доколку сте планирале љубовни промени во наредниот период ќе бидете презадоволни. Водете сметка за своите бубрези.

ВАГА

Ќе успеете да се посветите на важните обврски. Кога сте максимално фокусирани, без грешки ги завршувате своите задолженија. Ќе остварите ново познанство со личност која може да стане многу значајна. Зголемете го внесувањето на витамините.

ШКОРПИЈА

Сите планови би требало да одат по очекуваниот тек. Ви следи генерално поволен период кога станува збор за работата. Партнерот ви е максимално посветен и задоволни сте од врската. Водете сметка за ушите.

СТРЕЛЕЦ

Може да очекувате нова деловна понуда. Спремете се за промени кои може да бидат значајни. Внимавајте на бешиката.

ЈАРЕЦ

Може да очекувате успех на работа. Во наредниот период судбината на ова поле ќе ви биде максимално наклонета. Може да очекувате обнова на комуникацијата со старата симпатија. Можни се проблеми со синусите.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува подобрување на заработката. Може да се надевате на позитивни промени оваа недела. Убаво се чувствувате покрај личноста која ја сакате. Задоволни сте бидејќи имате и пријателски и љубовен однос. Склони сте кон дебелеење.

РИБИ

Можно е да претерувате со очекувањата кога станува збор за работата. Потрудете се да бидете малку реални. Ве очекува поволен ден на љубовно поле. Пред вас е прилика да ги покажете емоциите. Проблеми со притисокот.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за сабота (10 јуни)

Објавено пред

на

ОВЕН

Поволен ден за комуникација со надредените како и за нови разговори за работа. Може да се надевате на убава атмосфера. Романтиката денес ви е силна страна. Уживате со саканата личност. Водете сметка за бубрезите.

БИК

Ве очекува напорен ден во кој ќе имате многу обврски. Потрудете се да бидете посветени на работата и ништо да не пропуштите. Немате драстични промени на љубовно поле. Болки во желудникот.

БЛИЗНАЦИ

Може да очекувате позитивна атмосфера кога станува збор за работата. Потрудете се да се посветите на некои проблеми од претходно. Зрачите со позитивна енергија, па лесно склопувате нови познанства. Избегнувајте алкохол.

РАК

Ве очекуваат помали компликации кога станува збор за работата. Потрудете се да бидете доволно смирени во нивното решавање. Нова љубов е пред вратите, а вие сте подготвени да и дозволите да влезе. Проверете крвна слика.

ЛАВ

Може да очекувате дека ќе успеете денес да разграничите некои рабори и да донесете нови одлуки. Саканата личност се обидува да ви покаже колку се грижи за вас. Водете сметка за хормоните.

ДЕВИЦА

Можеби не сте сосема задоволни од резултатите кои ги постигнавте на работното место и сметате дека можете многу подобро од тоа. Уживате во незадолжителни авантури и флерт, сериозна врска не ви е во план. Помал пад на имунитетот.

ВАГА

Пред вас е поволен период во кој ќе може да очекувате решавање на деловните проблеми. Саканата личност покажа неискреност и се чувствувате изневерено на некој начин. Потребно ви е време. Чувствителен урогенитален тракт.

ШКОРПИЈА

Конечно ќе успеете да дојдете до важни информации на кои долго чекавте. Може да се надевате на поволни околности. Доколку сте слободни, ве очекува среќен период и нови личности во вашиот живот. Замор и ненаспаност.

СТРЕЛЕЦ

Финансиите сега ви се слаба точка и сакате да промените нешто по тоа прашање. Ќе имате шанса за некоја дополнителна работа. Саканата личност ќе ви покаже дека искрено и значите. Ве очекуваат проблеми со тироидната жлезда.

ЈАРЕЦ

Реагирате брзоплето и тоа може да донесе проблеми на работа. Потрудете се да бидете малку поприбрани. Подготвени сте да прекинете врска со личност која беше неискрена кон вас. Патите одд главоболка.

ВОДОЛИЈА

Чувстввате дека во вашето деловно опкружување има некои ситуации кои се одигруваат позади ваш грб. Новото познанство внесува мистерија кај вас. Личноста која ја запознавте ви носи возбуда. Проблеми со несоница.

РИБИ

Ве очекуваат помали промени во деловното опкружување. Ќе ви биде потребно одредено време за да се навикнете на нив. Ви се додворува личност во која немате доволно доверба. Чувствителен нервен систем.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за петок (9 јуни)

Објавено пред

на

ОВЕН
Денот е идеален за воспоставување нови деловни партнерства и за работа во која учествуваат повеќе од две лица. Се што работите во соработка со другите, сигурно ќе резултира со успех. Ако имате постаро лице во вашето семејство кое повеќе не е во состојба да се грижи за себе и не донесува правилни одлуки, обрнете внимание на она што го ветува.

БИК
Само приватните проблеми може да ви го уништат денот. Фокусирајте се на прашања поврзани со парите, семејството, домот и пријателите и ако сметате дека има тензија некаде, осигурајте се дека има недоразбирање за да избегнете кавги и незадоволство подоцна. Не вклучувајте странци во вашите дилеми, туку поедноставете ги работите.

БЛИЗНАЦИ
Ако поминувате низ проблеми со саканата личност или едно од децата, застанете за момент и запрашајте се дали целосно ја разбирате ситуацијата или настаните во кои не сте биле лично вклучени. Се ќе биде многу полесно ако застанете и со мир го слушате она што другите ви го велат. Размислете за позицијата на колегите.

РАК
Денес ќе бидете поддржани од луѓето од кои најмалку очекувате, затоа продолжете со доверба да ги реализирате вашите планови. До вечер ќе имате добар дел од она што го посакувате. Додека некој ќе се лути, не дозволувајте ситниците да ве вознемируваат до тој степен што ќе ги откажете работите или настаните што ги сакате поради нив.

ЛАВ
Обрнете доволно внимание на колегите на работа и слушајте ги нивните приватни проблеми за да формирате посилни врски што исто така ќе ви ја олеснат работата во иднина. Дан е идеален за правење нови деловни познанства, но бидете внимателни и не откривајте деловни тајни. Многумина ќе сретнат личност која има што да понуди.

ДЕВИЦА
Ако сакате да ја импресионирате околината или да излезете со нешто што е тешко да се постигне, заземете сериозен став и покажете колку сте подготвени за прекувремена работа. Не бидете премногу дарежливи кога станува збор за помош и гледајте ги вашите финансии денес. Ако сакате да дадете нешто убаво на саканата личност, фокусирајте се на гестови и постапки.

ВАГА
Контролирајте го вашето его, како и потребата да претерате. Фокусирајте се на она што ќе ги подмири вашите сметки и ќе обезбеди подобра иднина, а потоа бидете сигурни дека работите ги правите според правилата. Оние од вас кои досега беа целосно искрени и директни во врска со деловните преговори, ќе ја надминете секоја конкуренција или противење.

ШКОРПИЈА
Без оглед на природата на работата што ја работите, бидете креативни денес и не дозволувајте другите да ве заведат. Пред да одлучите да се посветите на туѓите проблеми, решете ги деловните задачи и во исто време погледнете ја пошироката слика бидејќи ќе видите нова можност за дополнителен приход. Позитивни промени се најверојатно во љубовта.

СТРЕЛЕЦ
Концентрирајте се на се што може да ви помогне да го подобрите вашиот деловен живот и размислете за промени што ќе ви помогнат да го постигнете посакуваниот напредок што е можно поскоро или да ги решите приватните проблеми што ве нервираат се повеќе. Не дозволувајте нечија емоционалност да ве обземе, останете цврсти и нека се знае дека не се откажувате од целите.

ЈАРЕЦ
Вие сте во идеален период за да се поврзете со другите, слободно отворете горливи теми или претставете им на претпоставените идеи што ги имате. Ставете се што сакате во преден план, но бидете сигурни дека ќе се придржувате до вашите планови, ако одлучите да скокнете од еден на друг, ќе постигнете многу помалку отколку што планирате. Останете подалеку од интриги и тајни.

ВОДОЛИЈА
Искористете ги предностите се што изгледа како можност. Не се потпирајте премногу на искуствата од минатото, бидејќи поради нешто негативно може да одбиете многу добра понуда. Тоа е нова можност за дополнителна заработка и може да се поврзе со нешто што отсекогаш сте го сакале. Ако решавате приватни проблеми, очекувајте нов љубовен интерес.

РИБИ
Кога станува збор за пари и љубов, ќе имате среќа, но се ќе дојде до вас на необичен начин. Личноста која се грижи за вас сигурно ќе ви понуди нешто неочекувано, не го одложувајте донесувањето одлука премногу за да не пропуштите интересна прилика. Ќе бидете склони кон сонување што е во ред, но под услов прво да ги решите сите обврски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за недела (11 јуни)

ОВЕН Реешението на ситуацијата која ве мачи може да биде многу добро за вас. Успешно ќе ги решите сите деловни...

Временска прогноза6 часа

Следната недела средоземен циклон носи нови обилни врнежи од дожд

Во текот на целата наредна седмица и тоа под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, и на ГОЛЕМА влажна и...

Спорт8 часа

(ВИДЕО) BMW Motorrad го претстави новиот мотор „прототип“ – M 1000 XR

BMW Motorrad им даде на ентузијастите поглед на долгоочекуваниот прототип M 1000 XR. Овој најнов додаток на линијата M модели...

Македонија12 часа

Поради изведување на градежни активности влезот за град Охрид ќе се пренасочува преку регионален пат

АМСМ известува, поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (10 јуни)

ОВЕН Поволен ден за комуникација со надредените како и за нови разговори за работа. Може да се надевате на убава...

Временска прогноза1 ден

Попоски најавува нови поплави дури по страшни од делчевските, ова се информациите..

Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса, за време на викендот,...

Спорт2 дена

„Куќа на фудбалот“ го објави списокот, ова се 27-те примените кандидати за „УЕФА“ академијата на генерација 2010

„Куќа на фудбалот“ денес пред медиумите го пласира конечниот список на 27-те примени кандидати за УЕФА академијата на генерација 2010,...

Автомобили2 дена

Сопствениците на автомобилот Рено, го тужат Рено за прекумерна потрошувачка на моторно масло

Рено го призна проблемот со своите мотори, но не и потребата од отповикување Во прашање се автомобили со 1,2-литарски бензински...

Автомобили2 дена

Летото доаѓа, еве како да го подготвите вашиот автомобил за потоплите денови

Наскоро започнуваат одморите, а ние ви носиме потсетник да го направите вашето патување што е можно побезгрижно. Според истражувањето на...

Магазин2 дена

Од сега па натаму размена на фотографии со висок квалитет на WhatsApp

WhatsApp започна со тестирање на важна функција пред неколку месеци. Станува збор за можноста за споделување висококвалитетни фотографии преку платформата...

НАЈЧИТАНИ