Следете не

Хороскоп

Дневен и Месечен Хороскоп (јануари 2023)

Објавено пред

на

ОВЕН

Работа: На деловен план работите ќе бидат одлични. Добриот крај на претходната година ќе продолжи и вашата работа ќе цвета. Во такви услови лесно е да го задржите доброто расположение. Добро е познато дека февруари е најлошиот месец за бизнис, па имајте го тоа в предвид, не претерувајте во јануари и подгответе се да го поминете февруари што полесно. Би било добро да размислите за проширување на работата и стекнување уште соработници.

Љубов: Кога станува збор за љубовната ситуација, би требало да биде стабилна за поголемиот дел од припадниците на овој знак. Новогодишната ноќ ќе донесе драстични промени за поголемиот дел од вас. Потрудете се да ги искористите празниците на најдобар начин и да ги поминете со личностите кои ве сакаат и кои ги сакате. Празниците поминуваат бргу и се враќаме во целата збрка, така што застанете малку и посветете се на саканите личности и својот партнер. Тие личности секогаш се тука за вас кога ви се најпотребни и имајте го тоа секогаш во предвид.

Здравје: Трудете се малку повеќе да шетате и времето да го поминувате надвор дури и кога деновите се студени. Вашиот организам ќе и биде многу благодарен поради тоа и ќе го унапредите целокупното здравје и ќе го зајакнете својот имунолошки систем.

БИК

Работа: Зошто се грижите и се вознемирувате околу работата во толкава мера кога работите се сосема во ред? Обидете се помалку да се грижите, а повеќе време да поминувате размислувајќи како да ја зголемите својата заработка и продуктивност. Тоа ќе ви биде многу од корист и ќе се чувствувате подобро, мотивирани и среќни. Колку помалку време поминувате грижејќи се за работата, толку поголеми ќе ви бидат шансите да бидете среќни и задоволни со она што го имате.

Љубов: На љубовно поле се можни помали турбуленции, па така слободните Бикови првите денови во јануари можат да запознаат интересна личност со која ќе можат да започнат авантура или врска. Зафатените Бикови не би требало да имаат многу потешкотии да ги зачуваат нештата онака какви што се. Единствено е важно да не заборавите да покажете љубов кон својот партнер бидејќи на секого му е потребно внимание, нежност и љубов.

Здравје: Искористете ги празничните зимски денови да земете свеж воздух, добро одморете се, наполнете се со енергија и ставете ги работите на свое место. Здравјето на телото доаѓа од здравјето на умот и здравата храна која ја внесуваме. Затоа почетокот на Новата година и првите месеви се идеални за започнување на здрави навики.

БЛИЗНАЦИ

Работа: На деловно поле сѐ се враќа полека во нормала, по бурниот декември и Новогодишната ноќ. Сега до крај на јануари настапува период со малку послаби активности, поспоро темпо и повеќе одмор. Затоа овој период искористете го да не размислувате премногу за работата. Трудете се да го одморите мозокот колку што можете повеќе и да отпатувате некаде доколку сте во можност,

Љубов: Јануари ќе ви донесе зголемена енергија и љубов. Не ја одбивајте таа нова енергија која доаѓа туку прифатете ја максимално и сакајте ги сите луѓе околу себе, а најмногу својот партнер и своето семејство. Иако можеби никој од нив не е совршен, сите се добри токму онакви какви што се и со причина се покрај вас. Затоа прифатете ги со разбирање и покажете им љубов. Ќе се воодушевите колку ќе ви биде возвратена таа љубов.

Здравје: Како што ве преплавува нова позитивна енергија и високи вибрации, така поголемиот дел од вас ќе се чувствува подобро кога станува збор за здравјето. Одеднаш ќе се зголеми вашата свест затоа дека треба да јадете помалку за да останете здрави. Кажете му не на празничното прејадување и потрудете се да се храните здраво и да создавате само здрави и чисти мисли во вашиот ум.

РАК

Работа: Иако сѐ уште трае фазата кога нижите успеси на деловно поле, не дозволувајте малите падови да ја намалат вашата самодоверба и позитивност. Сите работи ќе бидат на крај онака како што треба. Пред вас е сосема коректен месец така што кога станува збор за работата немате премногу причини за грижи. Сѐ се одвива во најдобар ред, не грижете се и искористете го овој месец за повеќе одмор и опуштање.

Љубов: Средината на јануари се отвора голема шанса за љубов за слободните Ракови кои ќе ја запознаат љубовта на својот живот. Кога ќе се смири празничната еуфорија, тогаш е вистинско време за нова љубов. Поголемиот дел од Раковите кои се во сериозна врска или брак конечно во текот на овој месец ќе најдат вистинско љубовно исполнување, мир и стабилност во својот однос. Покрај тоа, трудете се да поминете доволно време и со останатите членови на семејството во духот на мирот и љубовта.

Здравје: На крајот на јануари особено внимавајте на здравјето, бидејќи се можни настинки. Не дозволувајте да го затруете вашиот организам со брза храна во текот на празниците, туку јадете умерено и хранете се поздраво. Идеално е почетокот на новата година да биде почеток на многу здрави навики. Покрај здравите навики кога станува збор за исхраната, би било добро да водите сметка и што внесувате во својот ум. Изгаснете го телевизорот и сличните извори на негативна енергија кои ви го полнат умот со црни вести, тага и нервоза. Одберете некои убави и поучни книги кои ќе ви го подигнат нивото на свеста и ќе ве издигнат од сивилото во кое се наоѓате моментално.

ЛАВ

Работа: Кариерата ви напредуваше во последните месеци, но по празниците очекувајте дека ќе работите со малку посилно темпо од обично. Во текот на празничните неработни денови ќе ви се насоберат многу работи кои ќе мора да ги завршите во втората половина од јануари. Сепак, тоа не треба да ве загрижува бидејќи сѐ ќе завршите на време.

Љубов: Овој месец ќе биде многу активен и пожив за вас отколку декември. Додека во декември сте се подготвувале за Новата година и празниците, па немавте време за љубов, јануари е сега вистински момент за тоа. Сите слободни Лавови имаат одлична можност веќе во првите денови од јануари да запознаат нова личност со која ќе започнат убава врска која може да заврши и со брак.

Здравје: Здравствената состојба би требало да се поправи во голема мера во текот на овој месец, па некои проблеми што ги влечете од 2022. година може да исчезнат. За да се случи тоа, важно е да останете со позитивен дух и да не дозволите негативните мисли да ве обземат.

ДЕВИЦА

Работа: Иако сте познати по тоа што на работа повеќе се грижите да им удоволите на другите отколку на себеси, овој месец конечно за промена ќе почнете да мислите на себе и да се ставите конечно да прво место, барем на кратко. Потрудете се овој месец малку повеќе да одморите, да соберете позитивна енергија и потоа на крајот на јануари и почетокот на февруари да тргнете кон нови работни победи без многу стрес и нервоза.

Љубов: На љубовен план нема некои поголеми промени за сите кои се во врска. За слободните Девици можна е нова љубов, но дури на крајот од јануари. Во првата половина на јануари одвојте доволно време за саканите членови на вашето семејство, а вистинскиот партнер ќе дојде кога најмалку ќе очекувате, а во исто време кога најмногу ќе бидете подготвени за тоа.

Здравје: Иако во 2022. имавте многу здравствени проблеми, ситуацијата од Новата година ќе се поправа и поголемиот дел од здравствените проблеми ќе исчезнат. Најважно е да одржите здрав разум и позитивна психа.

ВАГА

Работа: Јануари е месецот кога поголемиот дел од Вагите буквално се враќаат во игра кога станува збор за работата. Крајот на годината можеби не беше најсреќен за вас. но затоа почетокот на 2023, секако може да биде. Потребно е само да ги одредите приоритетите и да вложите малку труд. Тоа ќе ви се исплати повеќекратно веќе при крајот на месецот. Затоа, засукајте ги ракавите и резултатите ќе дојдат порано или подоцна. Бидете трпеливи и верувајте во процесот.

Љубов: Вашиот проблем е што многу се грижите за другите луѓе. Иако тоа доаѓа природно поради љубовта кон нив, не дозволувајте толку да влијаат врз вас и да ви го реметат мирот и среќата. Трудете се својата вибрација дополнително да ја подигнете, па дури тогаш од таа позиција може да видите кому можете да му помогнете.

Здравје: Не дозволувајте празничната еуфорија да ве попречи и да ви ги промени плановите и она што досега сте го постигнале. Почнавте да работите на себе, започнавте да воведувате здрави навики и начин на исхрана, да водите сметка за своето здравје. Само продолжете така. Можете себеси да си дадете одмор неколку денови околу празниците, но потоа вратете се на добриот пат кон здравјето и духовноста.

ШКОРПИЈА

Работа: Новата година и првиот месец во неа се одлични за започнување на нови деловни успеси. Не плашете се од промени. Доколку не сте задоволни со сегашната состојба или сметате дека заслужувате повеќе, имајте храброст да преземете иницијатива и да се обидете со нешто подобро. Не дозволувајте мислењата на неважни луѓе да ве поколебаат. Најважно е што мислите вие.

Љубов: Овој месец трудете се да бидете практични. Како да сте заборавиле како изгледа да се биде романтичен и заљубен. Обидете се повторно да ја разбудите таа страна кај себе. Вашиот партнер ќе ви биде неизмерно благодарен. Исто така, посветете му доволно време на своето семејство.

Здравје: Состојбата на здравствено поле минатиот месец малку се поправи за поголемиот дел од Шкорпиите. Она што е до вас е да се потрудите да го дадете својот максимум. Не може да јадете секаква нездрава храна и да очекувате даа бидете здрави. Заменете ги штетните навики со здрави.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Сега е вистинско време да ги спроведете на дело идеите кои ви се долго време на ум. Никогаш не е доцна иако можеби така ви изгледа. Верувајте во себе и следете ги своите инстинкти и идеи. Сега е вистинско време за тоа. Само бидете трпеливи и верувајте во себе и својата креативност.

Љубов: Вистинската љубов никогаш не била поблизу до сите слободни Стрелци. Дозволете да ви се случи љубов и овој месец може да ја запознаете љубовта на својот живот со која подоцна може да започнете и заеднички живот. Само немојте да имате предрасуди и чуда можат да се случат за сите вас кои сте слободни. За оние кои се веќе во сериозни врски или бракови, сѐ ќе се одвива мирно без многу турбуленции. Само чувајте се од кавги на крајот на месецот.

Здравје: Иако во последно време се забележува појава на поголем стрес и насобрани грижи, не сакате да ги поделите со блиските и драги личности. Тоа е ваша грешка. Насобран стрес и грижи кои не ги делите со никого, со тек на време може да доведат до болести и поголеми проблеми. Најдобро е она што ви е на душа да го поделите со личноста во која имате наголема доверба.

ЈАРЕЦ

Работа: За поголемиот дел од Јарците, месецот јануари е времето кога се оставаат позади себе старите деловни проблеми, а се градат нови идеи за работа и иднина. Некои од вас може да добијат и конкретна понуда во странство. Размислете добро бидејќи ваква можност нема да ви се укаже повторно.

Љубов: На љубовно поле можни се поголеми турбуленции како ќе одминува месецот. За оние кои се во брак можни се помали недоразбирања и кавги. Не дозволувајте тоа да ве поремети, секогаш имајте на ум кои се вистинските вредности и зошто воопшто сте стапиле во брак. Вашиот партнер сака да ја види најдобрата верзија од вас, па затоа потрудете се да бидете најдобри што можете, а партнерот ќе ве прати во тоа.

Здравје: Здравјето овој месец ќе биде во ред. Иако во 2022 година имавте здравствени проблеми, сега ситуацијата може да се поправи. Не очекувајте драстични промени на подобро, тоа ќе се случи дури на пролет, но сепак во јануари ќе се чувствувате многу подобро отколку во минатиот дел од годината.

ВОДОЛИЈА

Работа: За поголемиот дел од Водолиите ова може да биде месецот во кој конечно ќе го тргнете фокусот од работата и повеќе ќе се посветите на себеси и семејството. Тие ќе знаат да го ценат тоа. На почетокот ќе се грижите за работата, но со тек на време ќе сфатите дека толку многу работа не ви донесе ништо специјално освен малку пари кои секако ќе ги потрошите до следната плата. Одвојте малку повеќе време за себе и нема да се покаете.

Љубов: Сѐ се одвива по стариот план и така треба да биде до крај на јануари. Не очекувајте некои поголеми промени, освен во ретки случаи. Слободните Водолии веројатно мораат уште малку да причекаат додека не ја запознаат љубовта на својот живот, додека зафатените ќе уживаат со партнерот во убавите новогодишни празници.

Здравје: Можни се настинки во средина на месецот, но многу бргу ќе ги надминете ако водите сметка на јадењето и пиењето. Газираните пијалаци и алкохолот заменете ги со чаеви и веќе сте на чекор кон подобро здравје.

РИБИ

Работа: Иако сте склони кон повлекување во текот на зимата, па дури на пролет да започнете со поголемите деловни успеси, сега е ситуацијата таква што не мора да чекате да дојде пролет за да реализирате некои деловни идеи. Имајте храброст да започнете нешто ново.

Љубов: Овој месец сѐ ќе зависи од тоа што сакате во љубовта. Ако сакате нов партнер, многу е возможно да ви се оствари желбата во втората половина на јануари. Исто така, ако сакате да го подобрите односот со својот веќе постоечки партнер, може да го остварите и тоа. Затоа, добро размислете што сакате бидејќи овој месец речиси сѐ може да ви се оствари.

Здравје: Кога станува збор за здравјето, не очекувајте поголеми промени. Здравствените проблеми кои ве мачеа во 2022, оваа година ќе бидат со помал интензитет. Со нив би требало да се изборите веќе на пролет.

Хороскоп

Хороскоп за петок (26 јули)

Објавено пред

на

ОВЕН

Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика за нова врска. Не се двоумете, туку препуштете се на емоциите. Полни сте со сила и енергија.

БИК

Доколку очекувате почеток на нова деловна соработка, потрудете се да бидете доволно одговорни и сериозни. Поволен ден за нова љубовна врска. Пред вас е добра фаза за љубов. Низок притисок.

БЛИЗНАЦИ

Имате многу работа и важно е да бидете посветени на своите одговорности за да бидете успешни. Го сакате својот партнер и убаво ви е кога сте заедно. Уживате во љубовта. Добро се чувствувате во своја кожа.

РАК

Нема да имате многу работа денес. Ве очекува фаза во која ќе имате доволно време за одмор. Ве очекува ново познанство кое може да води до интересна емотивна врска. Важно е да најдете начин да се опуштите.

ЛАВ
Бидете трпеливи и не реагирајте во афект. Деловната ситуација од вас ќе бара смиреност. Ве очекува поволна фаза за нови емотивни случувања. Пред вас е период во кој ќе имате ново познанство. Одмарајте што повеќе.

ДЕВИЦА

Задоволни сте со ситуацијата на деловно поле. Не ве очекуваат поголеми промени и проблеми на ова поле. Покрај саканата личност се чувствувате убаво. Таа ви посветува многу внимание и нежност. Ве очекува добар ден. Проблеми со забите.

ВАГА

Потребно е да покажете подготвеност да започнете во еден нов правец кога е вашата работа во прашање. Ви делува дека нема да успеете да ги решите проблемите кои сте ги имале на љубовно поле. Не се заморувајте премногу.

ШКОРПИЈА

Може да добиете можност да се спојат вашите таленти. Поволен период за занимавање со креативна работа. Поволен ден за промени на љубовно поле. Спремни сте за пресврти! Зголемете го внесот на овошје и зеленчук!

СТРЕЛЕЦ

Промените на деловно поле на почетокот тешко ви паѓаат и треба време за да ги прифатите. Ситуацијата е поволна за нови познанства. Ве очекува ден во кој ќе имате почеток на врска. Проблеми со притисокот.

ЈАРЕЦ

Може да очекувате поддршка од страна на деловното опкружување. Генерално може да имате среќа на ова поле. Ве очекува понуда за незадолжителна врска, но сега вие не сте подготвени за тоа. Осетливи стапала и зглобови на нозете.

ВОДОЛИЈА

Ќе успеете да ги остварите деловните проблеми кои ги имате во план. Пред вас е поволен период за работа. Можно е да не сте сигурни дали и верувате на личноста која ви се допаѓа. Потрудете се редовно да вежбате од дома.

РИБИ

Во текот на денешниот ден ќе бидете склони кон некои проблеми и кавги на деловно поле. Спремни сте да и покажете на саканата личност искрени емоции и да се посветите кон стабилизација на вашиот емотивен однос. Добро се чувствувате.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за четврток (25 јули)

Објавено пред

на

ОВЕН

Некој на работа врши притисок врз вас и приморани сте некои работи да ги завршите побрзо отколку што очекувавте. Партнерот ќе го покаже своето право лице. Нема да бидете премногу воодушевени со она што го гледате. Можни се проблеми со притисокот.

БИК

Многу активно учествувате во завршувањето на работните задачи и максимално сте посветени на својата работа. Ве мачи љубомора. Немате доволно доверба во партнерот, се сомневате дека нешто крие од вас. Проблеми соо урогениталниот тракт.

БЛИЗНАЦИ

Денес ќе имате многу работа, но и некои промени на работното место. Можеби некои соработници ќе си одат. Влегувате во монотона фаза кога станува збор за љубовта и не сте премногу среќни поради тоа. Лоша крвна слика. Пад на имунитетот.

РАК

Иако околностите подолг период не ви одеа од рака, денес може да имате среќа да решите некои проблеми. Уплашени сте, сакате да го задржите партнерот со кој сте, а ви делува дека полека губите контрола. Чувствителен кардиоваскуларен систем.

ЛАВ
Поволен ден за работа, ако соработувате со родени во знакот на Стрелец. Може да очекувате успех. Доколку сте во брак, правите сѐ за да најдете изговор да излезете од дома и малку да одморите од партнерот. Осетлива бешика.

ДЕВИЦА

Може да бидете успешни во деловните преговори денес. Поволен ден за потпишување договори за соработка. Делувате мистериозно и привлекувате дел од припадниците на спротивниот пол со својот став. Поминувајте повеќе време во природа.

ВАГА

Склони сте кон расфрлање и трошење поголема сума на пари. Препорака е да бидете внимателни, бидејќи подоцна може да зажалите. До совршенството не може да се дојде преку ноќ, потребно е многу труд и разбирање. Губиток на апетитот.

ШКОРПИЈА

Концентрацијата ви е лоша и не треба да носите важни одлуки денес. Склони сте кон самосожалување, барате внимание и лесно ги заборавате сите убави нешта кои партнерот ги направил за вас. Неопходно е да се наспиете. Преморени сте.

СТРЕЛЕЦ

Многу сте нервозни, лошо се чувствувате и каде и да се свртите ќе видите некои ограничувања за вашиот деловен план. Тажни сте бидејќи ја немате онаа љубов која ви е потребна. Можеби го идеализирате минатото. Склони сте кон депресија.

ЈАРЕЦ

Може да се потпрете на соработниците и колегите, околу себе имате луѓе на кои може да им верувате. Доколку имате врска на далечина, денешниот ден е поволен за планирање средба со саканата личност. Потребно ви е да поминувате време на свеж воздух.

ВОДОЛИЈА

Водете сметка да не ги расипете односите со претпоставените. Лесно може да се вовлечете во некоја интрига. Делувате дистанцирано кон саканата личност, а всушност вие сте повредени, а не сакате тоа да го признаете. Болки во грбот.

РИБИ

Поволен ден за патување и потпишување некои договори. Сѐ што ќе замислите ќе ви оди од рака. Може многу лесно да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Поволниот период само што започна. Избегнувајте масна, похована и многу зачинета храна.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за среда (24 јули)

Објавено пред

на

Овен
Пристапете се чекор по чекор денес, бидејќи тоа е како да се движите низ минско поле! Ситуацијата на работа се заканува да експлодира, а со партнерот треба да бидете внимателни бидејќи имате преголеми очекувања и може да се разочарате. Пазете се од повреди ако планирате да спортувате барем рекреативно.

Бик
Дневниот хороскоп предвидува дека сте преокупирани со некој проблем во куќата за чие решавање ќе бидат потребни финансиски вложувања. Во љубовта, партнерот поради некоја причина мисли дека не го почитувате неговото мислење, па измазнете го тоа недоразбирање за да нема гнев. Денеска од партнерот ќе научите и една „вештина“ поврзана со разговор, која ќе можете да ја примените.

Близнаци
Денеска бидете позитивни, нема се да блесне на работа и важно е тоа да не ве обесхрабри следните денови. Можеби на партнерот ќе му кажете нешто што навистина не сте го мислеле и ќе мора да се извините, па подобро размислете пред да „излезе“. Внимавајте што јадете на топло, можни се стомачни проблеми.

Рак
Дневниот хороскоп предвидува дека некои ваши стари несигурности ќе излезат на површина, и ќе удрат по вашата самодоверба во важен момент. Спротивстави ѝ се, бидејќи те чекаат само добри работи и нема да направиш ништо лошо! Доколку не сте во врска, можно е да запознаете личност која е подготвена за авантура исто како вас!

Лав
Необичен ден за вашиот љубовен живот, како наеднаш да сфатите дека она што длабоко го сакате, и она по кое вашето срце копнее, не се иста работа. Денот ќе го поминете длабоко анализирајќи ги вашите чувства. Не занемарувајте се друго, бидејќи може да згрешите.

Девица
Дневниот хороскоп најавува дискусија на работа, затоа бидете подготвени. Веќе знаете што да кажете, но вашиот тон ќе биде многу поважен од суштината на оној од другата страна на масата. Во попладневните часови подгответе се да се опуштите и уживајте со партнерот за да го ослободите стресот.

Вага
Во љубовта конечно сте подготвени да ја оставите контролата и да дозволите другата личност да ја води вашата врска, а тоа ве радува. Добивате потврда дека сте избрале добар партнер, поврзана со некое важно животно прашање. На работа молчевте нешто што сакавте да го кажете, а што сега ве „јаде“ одвнатре, утре исправете ја таа грешка!

Шкорпија
Дневниот хороскоп предвидува и недостаток на самодоверба, но знајте дека изневерувате, правите се како што треба и нема потреба да се сомневате во себе. Тоа ќе значи друштво на луѓе кои ги споделуваат вашите вредности, било да се тоа стари пријатели или луѓе кои ги познавате само површно. Во љубовта ви се случува нешто возбудливо, тоа го чекате со месеци!

Стрелец
Во љубовта се отвораат нови можности, носат возбуда и авантура, токму она што ви треба! На работа сте искрени со сите и имате еден куп нови идеи, вашата енергија нема да остане незабележана. Можни се главоболки доколку поминувате премногу време на сонце.

Јарец
Дневниот хороскоп ве советува да ја преземете контролата врз љубовниот живот, бидејќи сега е време за големи одлуки! Дали треба да останете во врска која ви здодеа или да тргнете по нов пат и да видите каде ќе ве одведе? Искрениот разговор со личност на која и верувате ќе ви го даде одговорот на прашањето „што е следно“!

Водолија
Одличен ден за вас, исчезнува секој сомнеж во себе и правите потези во секоја сфера од животот. Има промена во љубовта по која сте копнееле, како конечно сè да „кликнало“ на своето место и се чувствувате подобро од било кога. Поминете време со членовите на семејството кои одамна не сте ги виделе, ќе уживате.

Риби
Дневниот хороскоп ве советува да се наметнете на работа, иако тоа не е во вашата природа, тоа е единствениот пат до подобро работно место. Не го игнорирајте она што ви го кажува срцето, а тоа е дека сте решени за подобри работи. Бидете храбри и заљубени денес и слободно флертувајте со личноста која ви се допаѓа, таа само го чека вашиот знак.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Балкан1 час

Во Србија граѓаните ќе предложуваат локации за „радар“ за зголемена сообраќајна контрола

Управата за сообраќајна полиција на МВР на Србија, по повод меѓународната акција за зголемена сообраќајна контрола насочена кон откривање и...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за петок (26 јули)

ОВЕН Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика...

Технологија23 часа

Apple би можел да примени технологија која му овозможува на „iPhone“ внатрешна меморија од 2TB?

Тајванската компанија за истражување на пазарот TrendForce оваа недела изјави дека очекува Apple да започне со производство на iPhone-и кои...

Македонија1 ден

МВР истакна важно соопштение по повод чествување на 2-ри август во Крушево

Министерството за внатрешни работи по повод прославата на државниот празник 2-ри Август, кој традиционално се одбележува во Крушево ги известува...

Спорт1 ден

Закажано извлекувањето на паровите за новата сезона 24/25 од првата македонска фудбалска лига

ФФМ предмалку ја информираше јавноста дека, Комисијата за натпреварување во понеделник, на 29-ти јули, во просториите на „Куќата на фудбалот”,...

Временска прогноза2 дена

Денес и утре посвежо особено на утро, еве какво време ни претстои

Денес и утре (петок) посвежо, особено наутро, повремено со засилен ветер од северен правец (до околу 60 км/час) Следува постепена...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (25 јули)

ОВЕН Некој на работа врши притисок врз вас и приморани сте некои работи да ги завршите побрзо отколку што очекувавте....

Кичево2 дена

„ГАП Осигурување“ за вашите потреби сега со нова филијала во Кичево

Осигурителното Брокерско Друштво ГАП Осигурување, официјално започна со работа во јануари 2024 година. Акционерите, воедно и визионери кои своето долгогодишно...

Спорт2 дена

Вранештица: Утре продолжуваат натпреварите на турнирот во мал фудбал, ајде на вкусна скара и пијалок, во прилог официјален распоред на мечеви сѐ до недела!

После неколку денови заслужена пауза, турнирот во мал фудбал во с.Вранештица продолжува. Во рамките на утрешниот ден четврток / 25.07...

Lifestyle2 дена

Работи кои ја отстрануваат мувлата од машините за перење

Проблемите како што се мувлата и непријатните мириси не само што ја намалуваат ефикасноста на перењето, туку можат да влијаат...

НАЈЧИТАНИ