Временска прогноза
До крајот на денот топло со висок УВ индекс, утре вечер и викендот пред нас најава за заладување и дожд – ова се деталите..

До крајот на денов во Македонија времето ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека кон крајот на денов особено Долж Повардарието ветерот повремено ќе засилува и ќе биде од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА, до ЕКСТРЕМНА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, 11.
Утре попладне ќе има услови за сосема ретка појава на нестабилност, додека во петок и сабота во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за појава на локално НЕВРЕМЕ проследено со пороен дожд, силни електични празнења, силен ветер и со појава на град.
Во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, додека локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, а нестабилното време ќе се задржи и во почетокот на следната недела.
Температурите на воздухот нема многу да се менуваат, што значи дека топлотниот бран со потекло од југ (северните предели на Африка) ќе се задржи и во следните денови кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во централните предели истите се очекува да се искачат до 40 степени.
Пад на температурите за неколку степени се очекува од недела, како и во почетокот од следната недела.
УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).
Слично време ќе имаме и во Скопје и околината, со услови за локална нестабилно од петок и за време на викендот проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а не се исклучува можноста и за појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината, и тоа сето тоа во попладневните часови и навечер. Температурите ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 38 до 40 степени, додека пад на истите за неколку степени се очекува за време на викенодт и во почетокот на следната недела.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Од ноќеска брз продор на засилен ладен ветер, кој создава дополнителен проблем со пожарите

Вечерва, во текот на претстојната ноќ, и утре (четврток 10 јули) во текот на целиот ден, и тоа поради брз продор на ладен воздух од северозапад кај нас во Македонија ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). Најсилен ветерот ќе биде во Повардарието.
И во Скопскиот регион повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие до утре (четврток 10 јули) наутро ќе опаднат дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имавме до сега и тие до утре наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 18 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, односно во Повардарието.
Во Скопскиот регион до утре наутро температурата ќе се спушти до околу 15 степени.
Максималните дневни темпратури пак утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.
– Попоски апелира, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да бидат внимателни каде и како се движат, поради тоа што силниот ветер можно е да создава и проблеми, истакна метеорологот.
Временска прогноза
Пред нас ладен бран на Балканот, на Алпите веќе е опснежено!

Ладниот бран кој со денови се нјајавуваше од моја страна, но и од страна на метеоролозите во регионот, но и од Европските метеоролози, од северозапад, преку алпскиот регион, пристигна и на Балканот, условувајќи нагло заладување на времето, силно невреме на многу места, поројни поплави и бурен ветер кој направи многу штети, а невремето во Белград предизвика да бидат повредени и повеќе од 20 луѓе.
Европските алпи се покриени со снег среде јули.
Снегот пристигна и на Балканот, односно на високите планини во Словенија, па така снежна покривка се формираше на Кредарица, висока планина во Словенија, рано утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Преку ден „пекол“, од ноќеска заладување со локален дожд, ова се метео информациите

Многу топлиот бран од југ, односно од Африка продолжува и денес (недела 6 јули) во Република Македонија. Сепак, во попладневните и во раните вечерни часови, и тоа поради продор на поладен воздух од север на висина очекувам локално дестабилизирање на атмосферата кај нас, и тоа особено во планинските предели.
Во ваква ситуација, очекуваме локален развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално, како што погоре најавив, особено во планинските предели очекувам поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) силни електрични празнења и со појава на покрупен град.
– И во Скопскиот регион ќе има услови за локална краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
Апелирам на голема внимателност, и тоа во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Исто така, во случај на појава на силен ветер граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги ставаат во близина дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието тие ќе надминат и 40 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 40 степени, или пак ќе надмине 40 степени, истакна Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (11 јули)
-
Кичево17 часа
ТППЕ Кичево и денес интервенираа на опожарена куќа и плевна
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за сабота (12 јули)
-
Македонија2 дена
(ФОТО) МВР: Фатени тројца малолетници, со бензин, петарди и запалка
-
Култура18 часа
Кичевската парохија истакна известување за Хиротонијата на идниот високопреосвештен Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј
-
Скопје2 дена
Лишени уште две лица во Скопје, фатени како предизвикуваат пожар
-
Македонија2 дена
ЦУК: Ова е состојбата со пожарите до моментот, вкупно 29 пожари на отворен простор, 9 активни
-
Македонија1 ден
Лишен од слобода старец од тетовско, на нива запалил сува трева и отпадоци