Временска прогноза
До вторник многу топло, додека од среда значително освежување и дестабилизација на атмосферата

До вторник нашата територија ќе биде под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од југ (северните предели на Африка). Особено топло ќе биде во понеделник и во вторник кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени, а УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 8).
Потоа, во вторник попладне ќе има услови за изолирана и краткотрајна нестабилност, додека поголемо дестабилизирање на атмосферата ќе има од среда.
Според сегашните анализи со кој располагаме, ЗНАЧИТЕЛНО ОСВЕЖУВАЊЕ на времето и тоа поради продор на свежа воздушна маса од север се очекува од четврток кога максималните температури ќе бележат тенденција на пад за 7 до 9 степени.
Состојбата се следи и понатаму следуваат подетални и обновени анализи околу долго очекуваното освежување на времето.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Денес и утре по свежо време, додека викендот пред нас доаѓа топлотен бран со високи температури!

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и малку посвежо за разлика од вчера со повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе дува и засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 27 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за повремен локален дожд проследен со ретки грмежи. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.
Потоа утре и понатаму ќе се задржи посвежото време, а особено свежо ќе биде наутро кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од само 2 до 10 степени. Максималните дневни пак ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Исто така од утре до сабота времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, а услови за поладневна локална нестабилност ќе има во недела.
Што се однесува до температурите тие од петок па за време на викендот повторно ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата држава, и за викендот истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Автор за Порта.мк: Славчо Попоски
Временска прогноза
Се приближува локално невреме со пороен дожд и грмежи

Попладнево сеуште под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која е со потекло од северните предели на Африка е МНОГУ ТОПЛО и СПАРНО. Сепак Атмосферата полека се се дестабилизира и локално и тоа особено во западните и северните предели има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На следната карта можете да ги погледнете измерените температури низ Македонија во текот на денешното попладне
До крајот на денов и вечерва и тоа поради продор на студен фронт од север, во Македонија времето ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на силен ветер, избегнувајте вашите автомобили да ги ставате во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета.
И во Скопската котлина до крајот на денов и вечрва ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и локална појава на град.
Утре и во четврток температурите ќе опаднат за 5 до 6 степени во споредба со оние кои ги имаме сега, додека од петок па за време на викендот следува нов ГОЛЕМ ПОРАСТ на температурите, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која од северните предели на Африка ќе продре во Македонија.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Нагли промени на времето, развој на нестабилност и дожд, па викендов одново пеколни температури – ова се деталите..

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови локално и тоа особено во западните и во северните предели ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Попладне и навечер во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 31 степен.
Потоа утре и во четврток под влијание на посвежа воздушна маса од север, ќе има пад на температурите за 5 до 6 степени и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Исто така утре ќе дува засилен ветер од северен правец, а ќе има појава и на повремен локален пороен дожд проследен со појава на грмежи.
Нов значителен пораст на температурите на воздухот ќе има од петок па за време на викендот, и тоа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата држава.
Напомена: Наглите промени на времето кој следуваат деновиве, особено во поглед на температурите, негативно ќе влијаат врз здравјето на граѓаните, односно овие денови особено кај метеопатите можна е појава на нервоза, болки во коските и на местата од стариете рани, како и повремена нервоза, но и несоница. Доколку граѓаните овие денови почувствуваат значителни здравствени проблеми, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се јават кај својот матичен лекар за совет.
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп (18 мај) – среда
-
Кичево22 часа
Вчера во Кичево се случиле неколку сообраќајни несреќи во кој има и повредени учесници
-
Кичево22 часа
Во текот на утрешниот ден во Кичево ќе се спроведува дезинсекција за уништување на ларвените облици на комарци
-
Кичево14 часа
За утре најавен времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево во следните локалитети и живеалишта
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за 19 мај (четврток)
-
Македонија2 дена
Приведени три лица, родители си ја продале ќерката на Белгиец, поднесена кривична пријава
-
Магазин21 час
Првите фотографии укажуваат на тоа како ќе изгледа iPhone 14
-
Временска прогноза2 дена
Се приближува локално невреме со пороен дожд и грмежи