Временска прогноза
До вторник сончево време, од среда нов бран на дождови и засилен ветер, ова се најновите метео детали..

До вторник нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса, па така и времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени, што значи дека утрата ќе бидат релативно свежи, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).
Веќе во среда ќе има дестабилизирање на атмосферата со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено од пладневните часови па натаму. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Услови за нестабилност ќе има и во четврток, додека од петок повторно времето ќе се стабилизира.
Хост: Славчо Попоски
ФОТО: JanneG / pixabay
Временска прогноза
Попоски: Не очекува просечно топол месец мај, но повремено и често нестабилно, појава која може да резултира и со потпросечни температурни разлики

Оваа 2025 година мај во Македонија, но и во регионот ќе биде просечно топол гледано по температурите, иако, повремено е можно и негативно отстапување на температурите, поточно, да имаме поладно време и со потпросечни температури за месец мај. Да не не изненади доколку и во мај се појават слаби утрински мразеви.
Што се однесува до врнежите, мај ќе биде поврнежлив месец за разлика од изминатите неколку години, односно очекувам натпросечно количество на врнежи овој мај. Исто така, очекувам и развој на грмотевични облаци, а растат и условите за појава на поголеми временски непогоди со обилни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер и електрични празнења, а можна е и честа појава на град.
Се на се, да бидеме подготвени за нови временски непогоди кои го очекуваат регионот, но и Македонија во текот на месец мај, истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Попоски овјави метео прогноза за 1- мај

За 1-ви мај, метео анализа која сите вас ве интерезира, ќе имаме многу постабилна атмосфера за разлика од сега, а ќе биде и потопло со повисоки температури на воздухот. Времето ќе биде сончево со појава на умерена локална облачност, но ќе биде ветровито и покрај тоа што ќе биде топло, односно, ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Сепак, во попладневните часови можна е ретка појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, но ова и не би било нешто сериозно, што значи може да си го планирате празникот за на отворен простор и за правење скара на отворено.
Инаку, температурите за 1-ви мај ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени, утрово истакна Славчо Попоски.
Временска прогноза
Цела седмица честа појава на повремени врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи

Под влијание на плитка фронтална долина која се наоѓа над југоисточна Европа, во нашата Република Македонија од денес (среда 23 април) па се до самиот крај на оваа недела времето ќе биде променливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи.
Локално Атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Токму поради ова апелирам на поголема внимателност.
И во Скопје и околината следува период на многу променливо време со повремен дожд. Во делови од колтината ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.
Што се однесува до температурите, тие до крајот на оваа работна недела ќе бидат без поголеми промени во однос на оние кои ги имаме сега, а постепено опаѓање на истите ќе има за време на викендот.
За време на овој нестабилно – влажен период локално во нашата Република Македонија ќе наврне значително количество на воден талог (над 35 литри дожд), пренесува Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (30 април)
-
Хороскоп18 часа
Месечен Хороскоп (мај 2025)
-
Спорт2 дена
Македонската гордост блесна на USA Open
-
Кичево8 часа
(ФОТО) Автошоп „Delta“ – Кичево прославува 25 години постоење, верификуван бренд „број 1“ за вашиот автомобил, сѐ на едно место!
-
Магазин1 ден
Elden Ring ја надмина бројката од 30 милиони продадени копии
-
Спорт24 часа
Првиот човек на ФФМ оствари средба со раководствата на финалистите кои ќе се соочат за „Купот на Македонија“, со негова заложба на мечот ќе има ВАР технологија
-
Скопје19 часа
Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради најавен протест, следните улици треба да се одбегнуваат
-
Временска прогноза16 часа
Попоски: Не очекува просечно топол месец мај, но повремено и често нестабилно, појава која може да резултира и со потпросечни температурни разлики