Временска прогноза
Доаѓа последниот топлотен бран за летово, еве кога ќе имаме повторно жешко време

Територијата на Македонија во текот на следната седмица ќе ја зафати најверојатно последниот топлотен Африкански бран за ова лето, и истиот нема да донесе екстремно високи температури како што донесе првиот топлотен Африкански бран.
Температурите за време на овој топол Африкански бран речиси насекаде ќе се искачат до околу 30 степени, додека во најтополите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат до околу 37, 38 степени.
Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува ветер од источен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Исто така повремено во текот на следната седмица ќе има услови за локална краткотрајна и попладневна нестабилност.
Во Скопје за време на овој топлотен Африкански бран температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 32 и 34 сатепени.
Ув индексот ќе има многу висока вредност (вредност 8), вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Краткотрајно топло време, но голема разлика во температури, проследете ја најновата метео анализа

Во следниот период, односно до самиот крај на оваа седмица Балканот го очекува голем температурен шок (огромна разлика на температурите за многу кратко време). Најпрво следува големо затоплување на времето, како и продор на топла воздушна маса од југ, а многу набрзо и голем продор на поларниот вртлог од север.
На први декември, кога почнува климатолошката зима ќе имаме вистински пролетен ден, со пролетни температури на воздухот, иако ветерот од јужен правец нема да ни фали. Односно ќе дува засилен ветер од јужен правец.
Најтопло ќе биде во Босна и Херцеговина, Хрватска, како и во соседна Србија и таму понекаде температурите ќе се искачат дури до 22 степени.
Кај нас во Македонија во петок и во сабота во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи и до 18 степени. Натпросечно високи и позитивни ќе бидат и минималните утрински температури на воздухот.
Како што претходно најавивме, ова затоплување нема да трае многу долго.
Веќе од недела на Балканот пристигнува нов голем продор на поларниоит вртлог од север, во регионот барем според моменталните анализи се очекуваат нови врнежи од снег, како и нова снежна покривка. Кај нас врнежи ќе има во недела и тие ќе бидат од дожд на пониските места, како и од снег на планинските места и на Скијачките центри.
Од недела теммпературите значително ќе се намалат и ветерот од јужен, ќе се промени во северен правец.
Температурната разлика ќе биде огромна, се очекува температурна разлика дури и за повеќе од 20 степени за многу кратко време. Во земјите од регионот, температурите од недела наутро понекаде ќе се спуштат дури и под -10 степени, а минусни температури понекаде ќе има и преку ден.
Кај нас овој продор на поларниот вртлог барем одсега гледано, нема премногу да се почувствува и температурите на воздухот ќе останат позитивни, освен на високите планини каде тие ќе бидат под нулата.
- Поради наглите големи температурни промени кои се очекуваат во следниот период, кај метеопатите се можни поголеми здравствени проблеми.
За Порта пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Балканот пред температурен шок, следува затоплување невообичаено за овој дел од годината, па повторно студено време..

Балканот пред температурен шок: Најпрвин големо затоплување на времето, на повеќе места во регионот ќе се мерат температури до околу, па дури и над 20 степени, особено во петок и сабота.
Потоа следува нов продор на поларниот вртлог од север и повторно многу ниски температури на воздухот во Македонија со ова краткотрајно но големо затоплување се очекуваат температури до околу 17 степени, и тоа во најтоплите централни и југоисточни предели.
Со оваа голема температурна промена, кај метеопатите се можни поголеми здравствени проблеми, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Изминатата ноќ во Кичево измерени -11 степени, додека од вечерва нашите краеви ќе бидат зафатени со нов дождлив циклон, ова се најновите детали..

Под влијание на нова циклонска активност од запад, од ноќеска, односно понеделник кон вторник, како и во вторник во Македонија ќе има нови врнежи од дожд на пониските места (градовите), додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Само од почетокот снежната граница понекаде може да се спушти под 1000 метри надморска височина.
Локално врнежите ќе бидат обилни, особено во западните предели каде е можна појава и на ретки грмежи. Таму локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. Во вторник на повеќе места низ Македонија ќе дува засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје исто така во вторник ќе има нови врнежи од дожд, а ќе дува и повремено засилен ветер од јужен правец. Температурите преку ден ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени, а наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат до околу, или за некој степен под нулата.
Ако вака останат работите, нов поларен студ Европа и Балканот ќе го зафатат уште во првите денови од декември и ќе донесе голем студ, како и потпросечни температури на воздухот, вели Славчо Попоски за Порта.мк
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (декември)
-
Временска прогноза2 дена
Краткотрајно топло време, но голема разлика во температури, проследете ја најновата метео анализа
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за сабота (2 декември)
-
Култура9 часа
Сеноќно молитвено бдение во нашиот манастир „Св. Богородица – Пречиста“ по повод големиот празник Воведение на Пресвета Богородица
-
Автомобили18 часа
Револуција или најгрдиот автомобил во историјата? Cybertruck пристигна (ФОТО+ВИДЕО)
-
Спорт16 часа
Судиите од првата македонска фудбалска лига супериорно ја завршиле работата на мечевите од 16-то коло
-
Магазин18 часа
Сопственикот на TikTok, ByteDance, најави отпуштања
-
Магазин18 часа
Google од денеска брише неактивни сметки! Сепак, постои начин да се зачуваат податоци