Временска прогноза
Доаѓа транспорт на песок и прашина, се очекува спарно време и заматена атмосфера

Во следните денови, односно до среда времето во Македонија ќе се задржи сончево и ДОСТА ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Само денес ветерот повремено на некои места ќе биде засилен на инензитет и од западен и југозападен правец. Температурите ќе бидат речиси ЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени – вели за Еспресо метео прогнозерот Славчо Попоски.
И во Скопје и околината времето во следните неколку денови ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 24 и 26 степени.
Веќе од четврток следува променливо облачно време со сончеви периоди, но и со повремен локален дожд и ретки грмежи, додека температури ќе бележат тенденција на постепено опаѓање.
НАПОМЕНА: Во следните часови од Сахара кон нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде мачно и спарно.
Временска прогноза
Нестабилна воздушна маса од утре до понеделник носи нова дестабилизација на времето и пороен дожд

Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад која е поврзана со фронаталната долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европа, од утре (четврток 11 септември) до понеделник (15 септември) во Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. И во делови од Скопскиот регион од утре (четврток 11 септември) до понеделник (15 септември) ќе биде нестабилно облачно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.
Поради ваквата ситуација и очекуваното ново невреме во Македонија, апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност, односно во случај на појава на невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер во зоната на нестабилност граѓаните да ги заштитат своите автомобили, тоа значи да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 31 и 32 степени, извести метеорологот Славчо Попоски
Временска прогноза
Стабилно и суво, од четврток нова промена на времето и услови за локално невреме проследено со дожд, засилен ветер и грмежи

Под влијание на нова фронтална долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европа, во четврток (11 септември) во Македонија ќе дојде до нова дестабилизација на атмосферата.
Во ваква ситуација во Македонија во четврток (11 септември) ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои ќе условуваат развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои на повеќе места очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за локална појава на град.
И во делови од Скопскиот регион во четврток (11 септември) ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на краткотрајно невреме.
Што се однесува до температурите тие во четврток (11 септември) ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, а во Скопје и околината во четврток (11 септември) максималната температура ќе се искачи до околу 30 степени, известува Славчо Попоски
Временска прогноза
Најавената промена на времето се оствари, во текот на ноќта наврнаа 23 л/м2 дожд

Вчера (среда 3 септември) во попладневните и во вечерните часови како и во текот на изминатата ноќ под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која беше поврзана со фронталниот бран со поладен воздух на висина кој од северозапад преку Алпскиот регион се спушти до нашиот дел од Европа услови на повеќе места во нашата Македонија времето да биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, локално во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
Најмногу дожд до утринава наврна во Битола и тоа 23 литри на метар квадратен дожд, во Прилеп наврнаа 17 литри дожд на метар квадратен, во Пожаране наврнаа 13 литри дожд на метар квадратен.
Врнежи имаше и на другите места од нашата Македонија.
На првата метеоролошка карта можете да го видете наврнатото количество на воден талог во литри на метар квадратен во изминатите 24 часа до овие утрински часови. На втората метеоролошка карта пак можете да ги видите измерените температури во Македонија ова утро.
Најсвежо од градовите е во Битола со измерени 15 степени, а највисока температура од 23 степени е измерена во Гевгелија. Во Скопје и околината температурата изнесува 17 степени, истакна Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (13 септември)
-
Хроника2 дена
Комбе со работници паднало од експресниот пат Штип – Радовиш, неофицијално има жртви и повредени
-
Свет1 ден
Денес во Киргистан беше регистриран силен земјотрес
-
Скопје2 дена
СВР Скопје: Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во нивните дворови
-
Автомобили1 ден
BMW и Qualcomm развиваат систем за помош при управување „Snapdragon Ride Pilot“
-
Магазин2 дена
Промената што ја чекавме со години пристигна на Spotify
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за недела (14 септември)
-
Lifestyle2 дена
Работи што генерацијата Z не сака да ги работи