Македонија
Добри вести: Оздравени 423 пациенти, додека 130 нови случаи на Ковид-19, починале 6 лица

Во последните 24 часа направени се 1.843 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 88
• Кавдарци – 10
• Велес – 7
• Прилеп – 6
• Охрид и Крива Паланка – по 4
• Куманово и Битола – по 3
• Гостивар и Кичево – по 2
• Демир Хисар – 1
Во текот на изминатите 24 часа починале 6 лица: 2 починати лица од Куманово (63г и 68г) и по едно починато лице од Скопје (77г), Тетово (85г), Крива Паланка (27г) и Струмица (80г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 423 оздравени пациенти од:
• Скопје – 246
• Куманово – 65
• Струмица – 18
• Штип – 11
• Прилеп и Охрид – по 9
• Тетово – 7
• Кавадарци и Кратово – по 6
• Велес, Крива Паланка, Кочани и Валандово – по 5
• Битола, Струга и Гевгелија – по 4
• Свети Николе и Пробиштип – по 3
• Виница – 2
• Гостивар, Неготино, Ресен, Делчево, Демир Хисар и Демир Капија – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.326.737 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.132 бројката на оздравени пациенти е 181.619, на починати е 6.855, а бројот на активни случаи изнесува 6.658
Македонија
Кривична за жител од радовишко, се сомничи дека извршил обљуба кон 77-годишна старица

На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко, поради сомнение нападнал и извршил обљуба врз 77-годишна жена од радовишко.
Против А.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на судија од Основен суд Струмица му е определена мерка куќен притвор, извести МВР.
Македонија
Времена измена на сообраќај со пренасочување на делница „Пресека-Песочан“ на автопат А2 Кичево-Охрид

На ден 03.07. 2025 ќе се започне со градежни активности на автопат А2 Кичево – Охрид каде ќе има времена измена на режимот на сообраќај, пренасочување – (девијација), на делницата Пресека – Песочан (од 0км – 11.5км).
Овој времен режим ќе трае се до завршување на градежните работи, известуваат од ЈП Македонија Пат.
Македонија
(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, кадешто оствари средба со раководствата на овие организациони единици.
Посетата е дел од низата посети што се реализираат во секторите за внатрешни работи низ земјата за да се информира за постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и за евентуалните проблеми во рамките на работниот процес.
На состанокот беше нагласено дека МВР и СВР Охрид ги преземаат сите потребни мерки за време на туристичката сезона, така што сите туристи да бидат безбедни и да уживаат во својот одмор, како во рамки на СВР Охрид, така и на територија на целата држава. Беше констатирано дека има зголемување на патниците на граничните премини во рамки на Регионалниот центар – Запад.
-
Временска прогноза2 дена
Сепак следува промена на времето во Македонија, ова се метео информациите според Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (5 јули)
-
Спорт2 дена
Во недела започнува традиционалниот турнир во мал фудбал во с.Староец кичевско
-
Скопје11 часа
Лишен од слобода „бајач“ од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра, сè претставувал истерувач на духови и магии
-
Автомобили2 дена
Генијален трик за заштеда на гориво: Сè зависи од едно копче во автомобилот
-
Lifestyle2 дена
Цезар салата: Диететска, заситувачка и вкусна – нема да бидете гладни со часови
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за недела (6 јули)
-
Временска прогноза18 часа
Денес многу топло, додека утре краткотрајна дестабилизација и услови за дожд