Следете не

Временска прогноза

Доцна вечерва вонредно метео, еве кога доаѓа првиот снег во македонските градови

Објавено пред

на

До сабота времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а особено денес и тоа Долж Повардарието и во источните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Повремено ќе има услови и за слаб локален дожд а на планините над 1500 м.н.в ќе има услови за сосема слабо провејување на снег.

Наутро ќе биде МНОГУ ПОСТУДЕНО за разлика од утрата кои ги имавме досега, односно минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 1 степен и тоа особено во сабота кога очекуваме утрото да биде НАЈСТУДЕНО ДОСЕГА. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Во Скопје исто така времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а особено денес ќе дува и повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 10 и 12 степени а наутро истата се очекува да се спушти и за некој степен под нулата.

Под влијание на влажен и МНОГУ ПОСТУДЕН воздушен бран од север, во недела и во понеделник ќе има нови врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе врне СНЕГ каде ќе дојде до формирање, а таму каде што веќе ја има и до зголемување на снежната покривка (за над 15 цм). Снежната граница и тоа особено во западните и во северните предели ќе се спушти и под 1000 м.н.в, со што врнежи од снег ќе има и во некои од населените места (градовите). Токму овде локално се очекува формирање на снежна покривка и до 10 цм.

Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и во недела и понеделник максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.

ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА: Конечно градовите ќе ја добијат првата снежна покривка, и тоа оние во северните и во западните предели од државава.

За порта.мк пишува Славчо Попоски од метеоаларм.

Временска прогноза

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи

Објавено пред

на

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.

Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи

Објавено пред

на

Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура7 часа

Денеска е „Ѓурѓовден“, главен обичај за овој ден е плетење венец од билки, ова се останатите народни и традиционални верувања

Православните верници денес го прославаат светецот Георгиј Победоносец, познат како „Ѓурѓовден“, празникот кој е врзан со најголем број обичаи што...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за понеделник (6 мај)

ОВЕН Доаѓате до нови идеи, креативноста ви е денес нагласена и посветете се на тоа. Го променивте мислењето за саканата...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за понеделник (6 мај)

ОВЕН Ова е уште еден работен ден каде што сѐ ќе се одвива со поспоро темпо, најмногу поради фактот дека...

Свет15 часа

Внимавајте! Новиот „android“ вирус наречен „Brokewell“ може да пристапи до вашите банкарски сметки?

Ако сте корисник на Андроид, треба да бидете претпазливи од нова тажна форма на малициозен софтвер што се појавува во...

Кичево1 ден

(ГАЛЕРИЈА) Кичевчани и оваа година од сите страни на градот беа за Велигден во храмот Св.Петар и Павле – „Христос воскресна“, „Навистина воскресна“

Стотици кичевчани и оваа господова 2024-та година од сите страни на градот вчера дојдоа во градскиот храм Св.Петар и Павле...

Култура2 дена

Радувајте се! Христос Воскресна – Навистина Воскресна !!!

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена...

Хороскоп2 дена

Празничен Хороскоп за недела (5 мај)

ОВЕН Во текот на денот, ќе имате неколку можности да најдете одговори кои ќе ви помогнат подобро да ги разберете...

Македонија2 дена

Апел од Бигорски Манастир до сите гости кои ќе бидат присутни на најсветите мигови на Христовото Воскресение

Во пресрет на најсветите мигови на Христовото Воскресение, и најголемата радост која му се случува на човечкиот род, свештената Бигорска...

Кичево2 дена

(ФОТО) Кичевската полиција реализираше турнир во мал фудбал по повод „7-ми Мај, Ден на Македонската полиција“

Вчера и официјално заврши традиционалниот турнир во мал фудбал по повод ,,7ми мај – Денот на Македонската полиција” организиран од...

Култура2 дена

„Велика Сабота“ – денот меѓу смртта и воскресението, денот што ги спојува распнувањето и радоста, последни подготовки пред најголемиот празник „Велигден“

Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник....

НАЈЧИТАНИ