Македонија
Викендов од Кичево најмногу во алкохолизирана состојба, додека од Струга дури 29 возачи ја надминале дозволената брзина на движење

На 30/31.07.2022 во различни временски периоди, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 67 возачи на моторни возила кои во и надвор од населени места ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-08, Струга-29, Кичево-09, Дебар-21).
Истовремено, од сообраќај се исклучени 05 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-01, Кичево-03, Дебар-01), известуваат од МВР.
Македонија
Вчера вкупно 37 мигранти од Пакистан пронајдени од полицијата, се преземаат соодветни мерки за расчистување на случаите

На 10.08.2022 околу 08.00 часот во близина на мотел на подрачјето на Кавадарци, полициски службеници од Полициска станица Михајлово пронашле паркирано патничко возило „ауди 6“, со скопски регистарски ознаки и седум лица-мигранти од Пакистан. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Истиот ден во 19.20 часот на пат за село Калково, валандовско, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово пронашле 30 лица мигранти од Пакистан. Тие биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.
Извор: МВР
Македонија
Шест возачи на товарни возила и автобуси под дејство на алкохол во битолско

Денез во текот на утринските часови (10.08.2022) во периодот од 04.30 до 07.00 часот на тероторијата на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат товарни моторни возила и автобуси под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се шест возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Македонија
Важно известување за патниот правец Маврово-Галичник, поради градежни работи сообраќајот ќе биде со времен прекин во работни денови

Од АМСМ известуваат дека од денес 09.08.2022 до 20.08.2022 на патниот правец раскрсница Маврово – Галичник Р- 2238 поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 10:00 и 16:00 часот. Работите ќе се изведуваат само во работни денови.
-
Хроника1 ден
Кај кичевското село Вранештица пронајден човечки труп по течението на река Треска – ова се деталите
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп (четврток 11 август)
-
Временска прогноза1 ден
Услови за појава на невреме, еве какво време нè очекува оваа недела
-
Временска прогноза2 часа
Според најновите анализи летните температури продолжуваат и во следните месеци после август
-
Македонија1 ден
Шест возачи на товарни возила и автобуси под дејство на алкохол во битолско
-
Хороскоп13 минути
Хороскоп за петок (12 август)
-
Магазин1 ден
Како да го стартувате Internet Explorer во Windows 11
-
Магазин1 ден
Игрите на Netflix се целосно промашени, помалку од 1% од претплатниците ги играат