Следете не

Свет

Двајца грчки војници погинаа во близина на линијата за одвојување во Украина

Објавено пред

на

Грчкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека двајца грчки војници загинале, а двајца се тешко повредени во инцидент со украински војници во близина на линијата за демаркација со проруските сили.

Претходно денеска Министерството за надворешни работи испрати препорака до грчките граѓани кои се во Украина веднаш да ја напуштат таа земја.

Во соопштението на Министерството се наведува дека тројца украински војници се одговорни за смртта и повредите на четворица Грци во селото Хранитнеу во близина на линијата за демаркација, пренесе Ројтерс.

Се наведува и дека инцидентот избувнал откако грчките и украинските војници се скарале од „безначајни причини“.

Во соопштението не е наведено што прават Грците во областа, но претставник на грчкото министерство изјави дека инцидентот нема никаква врска со актуелниот конфликт во регионот.

Украинските власти не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар.

ФОТО: pixabay

Свет

Ноќеска во Грција регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/nagix.github.io/X/WorldEQLocator

Во раните утрински часови, во 3:06 по локално време, во областа на Коринтскиот Залив во Грција бил забележан земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, информира Атинскиот геодинамички институт.

Според информациите од институтот, епицентарот се наоѓал на 13 километри југоисточно од градот Галаксиди, а потресот бил на длабочина од 13,5 километри.

Коринтскиот Залив е познат како подрачје со висока сеизмичка активност, каде често се случуваат земјотреси, пишува „Катимерини“.

Прочитај повеќе...

Свет

(Вознемирувачко Видео) Хаотични сцени на прославата за титулата на Ливерпул, влета со автомобил во толпа навивачи!

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Фудбалерите на Ливерпул сè уште ја прославуваат титулата која ја обезбедија уште пред крајот на сезоната. Во неделата, тие официјално го подигнаа трофејот пред своите навивачи.

Илјадници луѓе излегоа на улиците за да ја одбележат победата, како што и се очекуваше.

Меѓутоа, прославата беше засенета од еден немил настан.

Невообичаена и вознемирувачка ситуација настана кога непознат возач со автомобил влета меѓу навивачите кои славеа.

– Предмалку полицијата во Велика Британија соопшти дека еден маж е приведен во Ливерпул, северна Англија, по пријавите дека автомобил се судрил со пешаци.

„Моментално се справуваме со пријави за сообраќајна несреќа во центарот на Ливерпул“, соопшти полицијата од Мерсисајд на X во понеделник. „Бевме контактирани веднаш по 18 часот денес, понеделник, 26 мај, по пријавите дека автомобил се судрил со голем број пешаци на улицата Вотер. Автомобилот застанал на местото на настанот и еден маж е приведен“, се додава во соопштението.

Прочитај повеќе...

Свет

Трамп упати закана до „Apple“ дека ќе воведе повисок данок за „iPhone“ мобилните уреди

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com

Доналд Трамп му се закани на технолошкиот гигант „Apple“ дека ќе воведе данок од најмалку 25% на „iPhone“ мобилните уреди, ако компанијата не го врати производството во САД.

– Преку својата социјална мрежа „Truth Social“, Трамп изјави дека одамна му кажал на извршниот директор на „Apple“, Тим Кук, дека очекува „iPhone“ уредите што се продаваат во Америка да се произведуваат токму таму, а не во Индија или други земји. Тој предупреди дека ако ова не се промени, „Apple“ ќе се соочи со високи увозни давачки.

Оваа изјава доаѓа по објавата на „Apple“ дека планира дел од производството на американските „iPhone“ телефони да го префрли во Индија, каде компанијата ќе вложи 1,5 милијарди долари во изградба на фабрика. Ова наводно довело до недоразбирање меѓу Трамп и Кук.

Инаку, Индија има основен увозен данок од 10%, додека во Кина тој изнесува 30%. Иако уредите на „Apple“ досега беа ослободени од многу даноци, иднината околу тие олеснувања е неизвесна.

Иако „Apple“ вети инвестиции од 500 милијарди долари во САД во следните четири години, засега производството на нивните уреди во Америка сè уште не се гледа како реална опција.

Извор: theverge.com / Truth Social
ФОТО: Unsplash.com

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија1 час

Започнува Ипа вело викендот „На точак, Охрид и Струга да видам“ и рекреативна вело тура Охрид-Струга-Радожда

Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, утре 13 јуни, започнува Ипа вело викендот „НА ТОЧАК, ОХРИД И СТРУГА...

Хороскоп14 часа

Хороскоп за четврток (12 јуни)

ОВЕН Ова е еден од деновите кога Овенот мора да биде колку што можете повеќе трпелив. Веројатно ќе го започнете...

Здравје и убавина15 часа

Што сѐ знаеме за Јаболковиот оцет?

Јаболковиот оцет е популарен меѓу луѓето кои се стремат кон здрав животен стил, но привлекува внимание и кај научниците поради...

Спорт15 часа

(ВИДЕО) Аргентинецот Мастантуоно ги заврши медицинските тестови во Мадрид, наскоро се очекува официјално претставување во кралскиот клуб

Франко Мастантуоно успешно ги заврши медицинските тестови во Мадрид, а неговиот трансфер во еден од најголемите светски клубови – Реал...

Автомобили15 часа

„Audi“ го надградува своето „Q5“ семејство со нови „plug-in“ хибридни модели

Audi го проширува понудата на моделите Q5 со нови plug-in хибридни верзии. Покрај стандардните мотори со внатрешно согорување и MHEV...

Македонија1 ден

Возач од струшко возел пијан со 2,61 промил алкохол во крвта

На 10.06.2025 во 20.00 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Кореа“, полициски службеници од Полициското одделение...

Спорт2 дена

Албанија и Латвија одиграа без победник во натпревар од квалификациите за СП

Албанија и Латвија одиграа нерешено 1:1 во Рига во натпревар од квалификациите за Светското првенство, во истата група каде што...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (11 јуни)

Овен Нема причина да ги обвинувате другите за тековниот неуспех затоа што е можно грешките да се во вас, а...

Автомобили2 дена

(ВИДЕО) „Audi“ месецов ќе го претстави новиот модел на „Q3“

На 16 јуни, Audi ќе го претстави новиот модел Q3, со кој планира да постави нови стандарди во премиум компактниот...

Скопје2 дена

МВР: Млада охриѓанка вработена во скопско казино пронајдена без знаци на живот

На 09.06.2025 околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во...

НАЈЧИТАНИ