Следете не

Спорт

(ФОТО) „Децата го преземаа теренот“ – Еден тим за детстките права по повод „Светскиот ден на детето“ заедно со профосионални фудбалери и високи функционери

Објавено пред

на

©ФФМ

Децата го преземаа теренот на пријателски фудбалски натпревар, со повик сите да се здружат за правата на децата
По повод Светскиот ден на детето УНИЦЕФ и Фудбалската федерација на Македонија организираа пријателски фудбалски натпревар на кој „децата го преземаа теренот“. На натпреварот играа деца, професионални фудбалери од националната репрезентација, фудбалери од Специјалната Олимпијада и високи функционери.

На овој ден сите ние возрасните заедно со децата се потсетуваме кои ни се приоритетите, каде треба го насочиме погледот, што сакаме да постигнеме за да обезбедиме безгрижно детство за сите деца, а секако и подобра иднина и можности за развој,“ рече премиерот Димитар Ковачевски. “Светскиот ден на детето е нашиот потсетник за обврските што како општество ги имаме кон нашите деца, особено кон оние чија положба е многу чувствителна.“

Светскиот ден на детето кој се одбележува секоја година на 20 ноември, ги истакнува најважните прашања кои влијаат врз животот на децата и го поддржува учеството на децата и младите како застапници на своите сопствени права. Оваа година, Светскиот ден на детето се паѓа на истиот ден со официјалниот почеток на ФИФА Светското првенство во Катар 2022 година и на тој начин дава ретка можност детските прашања да се најдат на врвот од глобалната агенда.

Натпреварот е дел од заедничката кампања на УНИЦЕФ и Фудбалската федерација на Македонија, под слоганот „Сите сме еден тим“, со која се повикува сите да се здружат за правата на децата.

Фудбалот значи ширење на пријателство, еднаквост и промовирање на здрав начин на живот и спортска култура. Ве охрабруваме сите млади активно да се вклучите во активности кои ја пренесуваат пораката за присуство на пријателство и еднаквост на спортските терени, но и во секојдневниот живот, “ рече директорот на македонската фудбалска репрезентација, Дени Масев. „Децата имаат свои права затоа што се деца, а не затоа што допрва треба да ги заработат. Наша должност е да ги научиме на одговорност, развој на нивните капацитети, почитување на другите, толеранција или живот во заедница. Наша должност е секој во својот оддел или област да прави сѐ што може за правата на сите деца вистински да се почитуваат. Важно е да инвестираме во подобрување на квалитетот на животот на децата, преку воспитување и образование, здравствена и социјална заштита, културна и спортска“.

На настанот присуствуваа деца, наставници, министри, амбасадори, јуниорски фудбалски тимови и фудбалери од Специјалната Олимпијада.  Настанот го модерираа Кика, Филип, Анастасија и Миха, деца од ТВ-серијата „Дајте музика“, кои ја претставуваа Македонија на детскиот евровизиски натпревар.

Светскиот ден на детето е годишен ден со кој се повикува на акција за да се привлече вниманието на прашања важни за децата и да се создаде поправичен, инклузивен свет за секое дете. УНИЦЕФ и партнерите апелираат до целото општество да ги поддржат активностите за поддршка на:

·  Квалитетна здравствена грижа, за секое дете која опфаќа обезбедување пристап до квалитетна здравствена грижа и исхрана за секое дете, како и заштита од болести што можат да се спречат со вакцинација.

·  Квалитетно и инклузивно образование, за секое дете вклучувајќи зголемени инвестиции и подобрена ефикасност и правичност во трошењето за образование со цел да му се помогне на секое дете да се здобие со вештини  од 21 век, а и да им се даде поттик на децата да израснат во луѓе што ќе ја преобразат економијата и општеството.

·  Менталното здравје и благосостојба на децата и младите , вклучувајќи воспоставување програми кои го унапредуваат менталното здравје и благосостојбата во училиштата и заедницата, за секое дете да има детство какво што заслужува и на кое има право.

·  Здрава животна средина, вклучувајќи  создавање простор за децата и младите  да играат главна улога во осмислувањето климатски активности и во  обезбедувањето решенија за еколошките предизвици со кои се соочуваме денес.

·  Фер шанса за секое дете, вклучувајќи активности за справување со дискриминацијата и исклучувањето, за да не се запостави ниту едно дете поради попреченост, сиромаштија, етничка припадност или пол.

Спорт

Ландо Норис ја забележа својата трета победа

Објавено пред

на

ФОТО: Harlie Raethel @ Unsplash.com

Ландо Норис ја забележа својата трета победа оваа сезона и вкупно седма во кариерата, триумфирајќи на патеката Ред Бул Ринг. Зад него, неговиот тимски колега од Мекларен, Оскар Пјастре, стигна до второто место, додека Шарл Леклерк од Ферари се искачи на подиумот со третото место.

Луис Хамилтон од Ферари заврши четврти, Џорџ Расел од Мерцедес беше петти, а Лиам Лосон од тимот Рејсинг Булс го освои шестото место. Бодови освоија и Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Габриел Бортолето и Нико Хулкенберг (двајцата од Заубер), како и Естебан Окон од Хаас.

Макс Верстапен, актуелниот светски првак и возач на Ред Бул, ја заврши трката уште во првиот круг по судир со Кими Антонели од Мерцедес.

Во генералниот пласман води Пјастре со 216 поени, следен од Норис со 201 и Верстапен со 155 поени. Кај конструкторите, Мекларен е на врвот со 417 бодови, пред Ферари со 210 и Мерцедес со 209.

Следната трка од Формула 1 календарот ќе се вози во Велика Британија на 6 јули.

Прочитај повеќе...

Спорт

Прв семинар на „ФФМ“ во Македонија за „ВАР“ обука и сертификација на судии под водство на „ФИФА“ инструктор

Објавено пред

на

ФОТО: ФФМ / ffm.mk

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за првпат организираше официјален ВАР семинар, што претставува важен чекор кон воведување на ВАР технологијата во македонскиот фудбал. Обуката беше предводена од познатиот ВАР инструктор Далибор Ѓурѓевиќ, кој има големо меѓународно искуство како ВАР судија и менаџер во неколку земји, меѓу кои Кипар, Русија, Саудиска Арабија и Белорусија.

Семинарот официјално го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ. Тој истакна дека еден од главните приоритети на федерацијата е развојот на професионален и квалитетен домашен фудбал. Омерагиќ порача дека исполнувањето на дадените ветувања е веќе на дело и очекува високо ниво на професионализам од сите вклучени во процесот.

Повеќе ќе прочитате на нивниот официјален линк од ФФМ, ТУКА

Извор: ФФМ

Прочитај повеќе...

Спорт

Нејмар потпиша нов договор, сепак останува дома

Објавено пред

на

Нејмар сепак реши да остане во Сантос уште шест месеци. Повиците од европските клубови ги остави зад себе, а љубовта кон клубот каде што започна неговата кариера повторно го поврза со Сантос, 12 години по неговото заминување.

Некаде во минатото се сметаше за наследник на Роналдо и Меси, но серијата повреди ја спречија таа приказна. И покрај сè, Нејмар останува еден од најдобрите фудбалери на оваа деценија, иако многумина ќе се запрашаат дали целосно ги исполни големите очекувања. Тој е единствениот фудбалер во 21. век кој се најде меѓу првите 10 за Златната топка додека играл во бразилска лига – и сега се врати таму каде што сè започна, барем до крајот на оваа година.

Откако го напушти ПСЖ во 2023 и замина во Ал Хилал, неговото време таму беше скратено поради сериозни повреди – настапи само трипати. Сега, во Сантос, повторно се чини дека ја враќа љубовта кон играта, но и понатаму се соочува со предизвици околу формата и физичката подготвеност.

Сепак, тој има амбиција да го засили својот настап и да остане здрав, со цел да игра за Бразил на Светското првенство следната година. До тогаш, неговото патување продолжува во Сантос – барем до Нова Година.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за четврток (3 јуни)

ОВЕН Марс сепак го зголемува вашиот стрес, бидејќи неговата главна идеја е да работите побрзо – ако се притиснете на...

Автомобили18 часа

Најдобрите и најлошите автомобили за 2025 според корисниците

Работата на моторот, квалитетот на системот, дизајнот на ентериерот и карактеристиките на возилото се само дел од аспектите кои ги...

Магазин18 часа

Експертите ја откриваат вистината за навиките што влијаат на траењето на батеријата на мобилниот телефон

Во денешно време, едно од најчестите прашања кај корисниците е дали честото полнење ја оштетува батеријата. Според експертите, одговорот е...

Автомобили18 часа

Дали би направиле место за резервно тркало?

Сè почесто се поставува прашањето: зошто новите автомобили речиси и да немаат резервно тркало и дали треба да се вратиме...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (2 јули)

ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета....

Магазин1 ден

(ВИДЕО) Хитот од Спасен Сиљаноски „Ќе ти дојдам вечер“ популарна и помеѓу најмладите генерации

Македонскиот популарен фолк пејач од наше поднебје, Спасен Сиљаноски предмалку сподели прекрасно видео кое допира длабоко во душата. За порта.мк...

Македонија2 дена

(ФОТО) СВР Охрид и „РЦ Запад“ подготвени за туристичката сезона и безбедноста на граѓаните и туристите

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи...

Lifestyle2 дена

Еве колку често треба да ја миете косата во лето: Ќе бидете шокирани

Експертите препорачуваат дека миењето коса секој ден во лето може да биде корисно, особено во топлите месеци. • Зошто секојдневно...

Lifestyle2 дена

Путерски кифли: подобри од пекарски — меки, воздушести и неодоливи

Ако сакате домашно печиво што ќе го надмине вкусот на она од пекарница, овие путерски кифли се вистинскиот избор. Меки...

Магазин2 дена

YouTube повторно воведува ограничувања: што значат новите правила за помладите креатори

Од јули 2025 година, YouTube воведува нови правила што ќе влијаат врз сите млади корисници кои емитуваат во живо на...

НАЈЧИТАНИ