Следете не

Здравје и убавина

Една крвна група носи најмалку ризик за срцев и мозочен удар – велат од Европското здружение на кардиологија

Објавено пред

на

Студија на Европското здружение за кардиологија опфати анализа на податоци од над 1,3 милиони луѓе, а резултатите покажаа дека ризикот од кардиоваскуларни проблеми кај луѓето со крвни групи А, Б или АБ е девет проценти поголем отколку кај луѓето со крвна група O, пренесува британски BBC.

За луѓето со „поризични“ крвни групи се смета дека имаат поголемо ниво на протеини на коагулација на крв, што може да предизвика артериска тромбоза, што е една од главните причини за срцев удар и мозочен удар, но и белодробна емболија.

Експертите нагласуваат дека е потребно да се спроведат истражувања со цел да се утврди ова со 100% сигурност, како и истражување за причината за зголемен ризик кај луѓе со крв А, АБ и Б.

Здравје и убавина

Дајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје

Објавено пред

на

Фото: Jonas Kakaroto @ unsplash
ФОТО: Unsplash.com @ Jonas Kakaroto

Многу луѓе се соочуваат со проблеми во дигестивниот систем кога патуваат на одмор. Промената на климата и новата околина често влијаат, но има решение што може да ви помогне да се ослободите од овие тегоби. Австралискиот нутриционист Роберт Вилсон советува како да се справите со тоа.

Таа објаснува дека е многу важно да се консумира овошје кое е корисно за цревата.

– „Крушите се одличен избор, бидејќи нивните влакна и природни шеќери, како што се сорбитолот и фруктозата, помагаат за одржување на добрата работа на дигестивниот систем и спречуваат запек“, изјавува Вилсон.

Патувањето со авион често доведува до стомачни проблеми, што е последица од наглите промени во воздухот, што особено го погодува дигестивниот систем.

„Но, ова не се однесува само на проблемите со столицата. Здравиот дигестивен систем и цревата се клучни за добро чувство и повисоки нивоа на енергија. Тие помагаат на организмот да ги апсорбира хранливите материи и да изгради силен имунитет“, додава тoj.

Крушите се еден од најбогатите извори на влакна, па ако редовно ги јадете додека сте на одмор, вашите црева ќе ви бидат благодарни.

/taratur

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Како полесно да ја издржите диетата за слабеење

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ i yunmai

Според една понова анализа спроведена од научници од Холандија и Португалија, ако за време на држење диета си дозволиме еден „слободен ден“ во неделата кога можеме да изедеме нешто што инаку е забрането, значително се зголемува веројатноста да се остане доследен на режимот.

Во истражувањето биле вклучени две групи луѓе кои имале цел да ослабат: првата група секој ден консумирала по 1.500 калории, додека втората шест дена во неделата јадела по 1.300 калории, а седмиот ден добивала дозвола да внесе околу 2.700 калории.

Резултатите покажале дека учесниците од првата група побрзо ја губеле мотивацијата. Кај втората група, пак, сознанието дека имаат „награден ден“ делувало мотивирачки, па поретко се откажувале од диетата.

Интересно е што и покрај разликите во пристапот, двете групи забележале слично намалување на телесната тежина.

Извор: taratur

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Само со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Somnox Sleep

Доколку секоја утрина се борите со алармот и без силно кафе не можете да ја започнете дневната рутина, постои брз трик кој може да ви го промени стартот на денот. Според стручњаците, доволни се само 90 секунди под туш за да го „разбудите“ телото и да се наполните со енергија.

Професионалците од академијата „Кериер Грл“ истакнуваат дека голем дел од луѓето имаат погрешни навики при утринското туширање. Имено, топлата вода создава дополнително чувство на релаксација и поспаност, па дури и кога ќе излезете во студената просторија телото сè уште е „во режим на спиење“.

Нивната препорака е следна: започнете 30 секунди со ладна вода, продолжете 30 секунди со топла и завршете повторно со 30 секунди ладна вода.

Иако на почеток можеби ќе ви биде непријатно, овој контрастен туш ја поттикнува циркулацијата и ги активира капиларите, што делува како природен „вклучувач“ на мозокот и телото. Дополнително, ваквото туширање може да помогне во намалување на стресот, зајакнување на имунитетот преку зголемено создавање бели крвни клетки и поефикасно согорување масти.

Овој ритуал редовно го користат и светските ѕвезди, кои дел нагласуваат дека ладно-топлото туширање делува како природен антидепресив, бидејќи го стимулира мозокот со зголемени електрични импулси и носи чувство на освежување и благосостојба.

/таратур

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија3 часа

Се намалува малопродажната цена на Мазутот, бензините и дизелот остануваат со иста цена за литар

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,089 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Хроника3 часа

Денеска млад жител на Скопје бил пронајден починат во напуштена куќа, вчера имало уште еден случај пријавен до СВР Скопје..

Ноќеска, на 12.12.2025 околу 00:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштена куќа на подрачјето на Центар е...

Кичево4 часа

Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево

На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево...

Спорт4 часа

Во просториите на ФФМ работен состанок одржа комисијата за избор на нов селектор на фудбалската репрезентација, изборот ќе се знае до 25 декември

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А-репрезентација, во состав на Масар Омерагиќ претседател на ФФМ, Горан Пандев директор...

Социјални мрежи6 часа

„Инстаграм“ за минатиот месец е водечка апликација по превземања на мобилните телефони, за септември на прво место беше „ChatGPT“

Мобилните апликации денес се неизбежен дел од нашата секојдневна рутина и заземаат голем дел од времето што го минуваме пред...

Македонија7 часа

(ВИДЕО) МВР: Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава

СВР Тетово – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(53) од с.Неготино, општина Врапчиште, поради постоење...

Кичево8 часа

Финишираат подготовките за овогодинешниот Хуманитарен „Божиќен Базар“ во Кичево, период на многу забава, радост и среќа

Месец јануари ќе започне долгоочекуваниот „Божиќен Базар“ 2026, кој функционира долго време поради неговиот карактер и хуманитарна мисија. Предмалку побаравме...

Временска прогноза9 часа

Ладно на утро со температури под нулата

Влијанието на силниот Антициклон кој се протега од југ и кај нас условува да имаме стабилно суво и претежно сончево...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за петок (12 декември)

ОВЕН Ви претстои важен состанок, а можно е да се договорите. Одлично време е да го претставите она што ви...

Кичево1 ден

Во ОВР Кичево вчера било пријавено непознато лице, кое направило обид на сила да влезе во семејна куќа на постара жена

На 10.12.2025 во 00:00 часот во ОВР Кичево, 49-годишен маж од Кичево пријавил дека на 09.12.2025 околу 23:40 часот едно...

НАЈЧИТАНИ