Кичево
Ехо – фестивал на планински филм & Kicevo Fusion Day на први јуни во Кичево

На 01.06 со почеток во 14:00 ќе започне “Ехо – фестивал на планински филм & Kicevo Fusion Day“ во организација на Ехо – фестивал на планински филм, Montparnasse – Здружението за култура, уметност и креативни индустрии и Извиднички одред „Мирко Милески“ Кичево.
Програмата на настанот кој е бесплатен и има за цел да ги обедини локалните артисти и креативци и патувачко кино на фестивалот ЕХО, вклучува Базар на ракотворби, активности и работилници на Извиднички одред „Мирко Милески“ Кичево и Сојузот на извидници на Македонија, музичка програма на артисти од Montaprnasse, изложба на ликовното атеље Адамс Едукација и Наталија Спасеноска, промоција на интерактивната книга за деца „Мали диви детективи“ и работилница поврзана со неа и проекција на селектирани филмови од Ехо фестивалот.
Ова ќе биде прво гостување на патувачкото кино на ЕХО во Кичево. Мисијата на фестивалот ЕХО, кој се случува веќе 14 години, е да ја промовира планинската култура преку нејзино изразување преку различни интердисциплинарни форми на филм, издавање на книги, традиција на практикување планински спортови и одговорен однос кон природата.
„Како здружение поведуваме иницијативи во областа на културата, уметноста, уметничкото творештво и зачувувањето на животната средина, учествуваме во промоција и афирмација на културата, уметноста и уметничкото творештво и стремиме за децентрализација на културата со што им се дава поголем простор на младите локални артисти за себеизразување и пренесување на своите идеи, желби, знаења и вештини. Ваквиот пристап нѐ спои со Извидничкиот одред „Мирко Милески“ кои преку својата програма и активности ќе до доближат извидништвото и неговото значење до присутните на настанот и патувачкото кино ЕХО чија што идеја и главна цел се да се децентрализира главниот фестивалски настан што се одржува во Скопје и во исто време да послужи како платформа за изразување на локалното население и активисти, за нивните идеи поврзани активности со екологија, активен туризам, планински спортови и култура. Ова организациско трио најавува супер забавен ден со програграма наменета за сите“ – ни пренесоа преку неформален муабет членовите на Montparnasse непосредно пред настанот.
Настанот ќе почне преку ден со интересни активности, а филмската програма ќе почне во 19:30 часот под отворено небо пред објектот на Извиднички одред „Мирко Милески“.
Повеќе детали за агендата на настанот погледнете на https://www.facebook.com/share/7X3XFETou6ikhgvV/
/porta.mk
Кичево
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.
Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.
По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, информира МВР.
Кичево
АТВА Маркети со нова викенд и неделна акција на производи, пазари и штеди уште веднаш!

Од денес во нова неделна и викенд на акција на производи во АТВА Маркети – Кичево
Заштеди веднаш, само во АТВА Маркети!
Кичево
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство

-
Кичево1 ден
Во с.Цер кичевско биле забележани непознати лица кои нуделе Цептер продукти и запишувале присуство
-
Кичево8 часа
Неконтролирано се движел, по пријава во Кичево бил сопрен, констатирано е дека бил пијан!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (18 јули)
-
Хроника2 дена
МВР со детали за стравичната несреќа во Охрид каде со мопед загина тинејџер на 16 години
-
Македонија14 часа
Се „лета“ на патиштата, на радар фатен 75 годишник од Охрид, возел 126 км/ч на место каде дозволено е 50?
-
Македонија1 ден
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (19 јули)
-
Хроника14 часа
Од охридска плажа до болницата Св.Стефан донесен 65 годишник од БиХ без знаци на живот