Следете не

Кичево

Повик до кичевчани, организираме „Еко-Акција“ за уредување на „Базенот“ каде се положува светиот Крст за „Богојавление Водици“

Објавено пред

на

©porta.mk

Почитувани верници, сограѓани и познаници. Ве информираме дека на наша иницијатива со целосна поддршка и вклученост на кичевското архиерејско намесништво, за претстојниот голем празник „Богојавление Водици – Кичево 2024“ организираме и ве покануваме на „Еко-Акција“ – ќе го уредуваме „Базенот“ во поранешниот Дом на АРМ, сегашен Правен Факултет – Кичево, место каде со години се положува светиот Крст по повод нашиот најголем празник.

За таа цел потребни сме токму ние кичевчани и луѓе од околината, оние кои се во можност за пружање на помош за чистење, понесување било каков алат кои сметаат дека би бил од потреба, било тоа да е алат за кастрење трнливи површини, Трактор/Возила за смет, предмети за бојадисување, средства за затнување на рушевините во самиот базен, итн..

  • „Еко-Акцијата“ е закажана да биде во петок, односно 5-ти јануари во 11:00 часот. Да ја покажеме нашата христијанска свест, онака како што и нашите предци тоа го извршувале и заедно да допринесеме за големиот ден, достојно како што доликува да го прославиме, во чиста и уредена средина.
  • За повеќе информации контактирајте ☎️ 078/422-153 ; 077/688-050078/445-522

Вака беше „Водици 2023“ во Кичево, каде бевме генерални спонзори на настанот:

Кичево

Во понеделник овие кичевски села поради работа на ЕВН „КЕЦ Кичево“ ќе бидат без електрична енергија

Објавено пред

на

©porta.mk

Како што информираат од ЕВН за нашиот медиум, поради зафати на електродистрибутивната мрежа во понеделник на ден 21.10.2024 г, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните кичевски села:

* с. Свињиште, Козица, Белица и ХПП Белица, с. Другово, Пополжани, Долно и Горно Добреноец, Видрани и Брждани (Од 10:30 до 13:30ч)

  • НапоменаВреметраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Денес во „Check In“ кичевскиот ФК „Напредок“ доби промоција и нови дресови од „Евротип“ и „Gold Slot Club“

Објавено пред

на

©porta.mk

Денес како што најавивме под покровителство и спонзорство на најдобрите „Gold Slot Club“ и обложувалници „Евротип“ се организираше официјалната промоција на кичевскиот фудбалски клуб „Напредок“. Во одлична атмосфера покрај богатиот кетеринг и одличната музичка агенда на DJ Anonymous присутните и дел од вработените на овие експозитури имаа вистинска прилика да уживаат. Како што е познато, спонзорството се состои во спортска опрема – дресови.

На настанот присуствуваа претставници од маркетинг секторот на КС Групација во чиј состав влегуваат компаниите Голд Слот и Евротип. Присутните на настанот уживаа во пријатна атмосфера, а беа обезбедени и гратис пијалоци за сите. На настанот свое обраќање имаше и директорот на клубот. Голд Слот и Евротип како горди спонзори на ФК „Напредок“ не само што го поддржаа овој настан туку ќе продолжат и во иднина да бидат ветер во грб на самиот клуб.

На социјалните мрежи проследете ги на следните линкови:

„Gold Slot Club“: Facebook и Instagram 
„Евротип“: Facebook и Instagram

Галерија:

Прочитај повеќе...

Кичево

Вечерва во НУЦК ,,Кочо Рацин“ Кичево ќе се реализира ревија на македонски традиционални носии

Објавено пред

на

Вечерва 18 октомври со почеток од 19 часот во голема сала при НУЦК ,,Кочо Рацин“ Кичево ќе се одржи Ревија на македонски традиционални носии на авторот Антонио Стојчески во соработка со КУД ,,Рацин“

Гости: Ученици од ДМБУЦ ,,Илија Николовски-Луј“

Бидете дел, влезот е слободен.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle6 минути

Зошто некои кучиња се плашат од мачки?

Иако често мислиме дека кучето, со оглед на неговата големина и енергија, треба да биде „газда“ при средба со мачка,...

Lifestyle17 минути

Кој е нормалниот крвен притисок според возраста?

Читањата на крвниот притисок можат да покажат колку добро работи вашето срце и се важен дел од целокупното здравје. Крвниот...

Магазин22 минути

Изненадување на Xiaomi – започнува со производство на сопствен 3 nm процесор

Xiaomi постигнува историски успех во развојот на сопствен 3nm чип, потенцијално отворајќи ја вратата за новите технологии во кинеската полупроводничка...

Магазин23 минути

Apple го објавува iOS 18.1 следната недела: Еве што ќе има ново

Apple следната недела ќе ја објави надградбата за iOS 18.1, која носи Apple Intelligence и други нови функции. Ажурирањето на...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за вторник (22 октомври)

ОВЕН Денес ќе бидете стимулирани на различни начини. Ќе бидете фасцинирани од се што блеска, па внимавајте да не ги...

Временска прогноза14 часа

Според „Европскиот“ и „Глобалниот“ метео модел најверојатно зимата доаѓа во почетокот на месец ноември, ова се информациите

Според прогностичките материјали од двата најажурни модели, и тоа Европскиот (ECMWF) и Глобалниот (GFS) се согласуваат околу раното доаѓање на...

Македонија22 часа

Од ноќеска пониска цена на горивата во Македонија

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Lifestyle1 ден

Додадете две состојки во зелениот чај и направете моќен напиток: Го зајакнува имунитетот, ги топи килограмите

Зелениот чај е познат по своето антиинфламаторно дејство, а додавањето на зачини го подобрува неговото антиоксидативно дејство. Куркуминот од куркумата...

Магазин1 ден

Apple може конечно да го реши овој проблем

Најновите информации сугерираат дека Apple може да го реши проблемот со зумирањето со моделите на iPhone 17 Pro. Неодамнешното тестирање...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за понеделник (21 октомври)

Овен  Ќе истражувате и ќе пребарувате по некои податоци за да дозннаете информации за некои минати работи. Ова е период...

НАЈЧИТАНИ