Временска прогноза
Екстремно високи температури, во понеделник топлотен бран!
Нашата држава поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури на воздухот се наоѓа во ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА фаза, така ќе се задржи и понатаму во следните денови.
Времето постојано ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, повремено ветерот на некои места ќе засилува на интензитет. Особено поиздразен ветер од западен правец ќе имаме во понеделник, особено од пладневните часови па натаму.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, најтопло ќе биде во понеделник (за Илинден) кога температурите Долж Повардарието и на југоистокот ќе се искачат до околу 45 степени и истите и понатаму ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО над просекот за овој период од годината.
- И понатаму во следните денови, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок со што и атмосферата ќе биде заматена и со намалена видливост.
- УВ ИНДЕКОСТ ќе остане МНОГУ ВИСОК и следните денови и ќе има коефициент 9, што значи граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да пијат што повеќе течности.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Од утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
Под влијание на циклонска активност со центар над Медитеранот, почнувајќи од утре (вторник 25 ноември) особено навечер и ноќта кон среда па се до сабота претпладне во Република Македонија ќе имаме нови обилни врнежи од дожд проследени со повремено засилен ветер од јужен правец. На планините над 1500 метри надморска височина повремено врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Овој циклон на многу места ќе донесе ново големо количество на воден талог (над 30 литри дожд) а значително поголемо количество на врнежи повторно ќе наврне во западните и во југозападните предели (локално над 70 литри дожд).
И во Скопје и околината за време на оваа циклонска активност од Медитеранот ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни и проследени со засилен ветер од јужен правец. Во делови од котлината ќе наврне значително количество на дожд (над 30 литри дожд). Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 10 степени.
Поради очекуваните нови обилни дождови апелирам особено возачите да бидат крајно внимателни и да не се движат покрај водотеците и тоа поради можноста за ново зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија а исто така можни се и нови поплавувања, соопшти Славчо Попоски од метеоаларм.
Временска прогноза
Нови врнежи од дожд на планините ќе провејува снег, продор на ладен бран од север може да резултира со снег на превоите
Територијата на Република Македонија останува да биде под влијание на циклонскиот систем од Џенова и на серија на влажни воздушни бранови. Во ваква ситуација од оваа вечер и претстојната ноќ како и утре (петок 21 ноември) и за време на овој викенд ни следуваа нови обилни врнежи од дожд проследини со засилен ветер од јужен правец и со локална појава на грмежи. Локално овие процеси повторно ќе бидат застапени во форма на невреме.
На повеќе места ќе наврне ново големо количество на воден талог (локално нови над 50 литри дожд). Токму поради ова постои можност за нови поплавувања и понатамошно зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија. На возачите ги советувам да бидат крајно внимателни и да не се движат покрај водотеците.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме нови пообилни врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер а ќе има услови и за локална појава на грмежи. Во делови од котлината повторно ќе наврне позначително количество на воден талог, и тоа нови над 30 литри дожд.
Што се однесува до температурите тие до сабота остануваат да бидат натпросечно високи и без промени во однос на оние температури кои ги имавме изминатите денови и тоа поради јужното воздушно струење.
Продор на ладен бран од север кој значително ќе ги спушти температурите очекувам од недела 23 ноември кога на планините над 1200/1300 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Дожд секаде, повремено ќе засилува југоисточен ветер, поради состојбата ќе растат условите за зголемување на нивоата на реките и на езерата
Денеска поради влијанието на циклонската активност од Џенова во Македонија во најголем дел ќе има повремени врнежи од дожд. Особено обилни врнежите ќе бидат во западните и во југозападните предели од Македонија каде за 24 часа очекувам да наврне ново големо количество на дожд (над 50 литри дожд). Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (локално со брзина од над 60 км/час) а ќе има услови и за ретка појава на грмежи.
И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе има повремени врнежи од дожд со умерен интензитет. Повремено ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец.
Температурите остануваат да бидат натпросечно високи за ноември и тоа поради јужното воздушно струење и тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 13 степени.
– Апелирам поради обилните дождови кои ги очекувам особено во западните и во југозападните предели од Македонија граѓаните да бидат внимателни каде и како се движат, особено да бидат внимателни возачите и тие да не се движат во близина на водотеците. Исто така поради понатамошните обилни врнежи од дожд растат условите и за зголемување на нивоата на реките и на езерата во нашата Македонија, особено во западните и во југозападните предели, соопшти Славчо Попоски
-
Кичево23 часаОВР Кичево поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник, постапувал спротивно на законот за пожарникарство
-
Кичево1 ден„Венаки“ Кичево: Пристигнува гооолемиот „Black Friday“ со неверојатен попуст до -70% на цени на одредени производи од светски производители за санитарија и останата покуќнина
-
Хороскоп2 денаХороскоп за вторник (25 ноември)
-
Хороскоп13 часаХороскоп за среда (26 ноември)
-
Македонија2 дена16 годишник од Охрид извршил обљуба врз 12 годишно девојче, видеото стигнало до уценувач
-
Хроника22 часаМлад затвореник од струшко починал, откако во тешка здравствена состојба бил донесен во Општата болница во Охрид
-
Временска прогноза23 часаОд утре повторно нови обилни врнежи од дожд и засилен ветер, снегот ќе биде застапен на повисоките места од државата
-
Кичево8 минутиОВР Кичево го пронајде возачот кој предизвика сообраќајна несреќа во Кичево и го напушти местото на настанот
