Автомобили
Електричен Jaguar E-Type

Британскиот специјалист за пренамена на класични автомобили Electrogenic нуди и неколку пакети за електрична конверзија на легендарниот Jaguar E-Type.
Цените на пакетите започнуваат од 54.000 фунти колку што е основната „Tourer“, која вклучува батерии од 40 kWh, автономија од 241 км и максимална брзина од 161 км на час.
Следува пакетот „Sprint“ по цена од 62 000 фунти, со 470 Nm, како и модифицирани сопирачки и суспензија.
На врвот е пакетот „Гранд Турер“ со 402HP и 600 Nm, со автономија од 402 km, по цена од 80.000 фунти.
Автомобили
Новиот прототип на „Subaru“ се очекува да дебитира на „Japan Mobility Show 2025“

Главниот технолошки директор на Субару, Тецуо Фуџинуки, накратко зборуваше за новото возило, кое според тизер фотографијата најверојатно е поврзана со новата генерација на моделот WRX, не откривајќи го директно името. Тој изјави дека автомобилот ќе користи усовршен систем за погон на сите тркала, инспириран од оној што се користи во тркачката серија Супер Таикју.
Јапонското списание „Car Watch“ пренесе дека Фуџинуки го опишал автомобилот како „атрактивен“, со најава дека ќе има уште поимпресивна верзија во иднина. Повеќе детали ќе бидат објавени на самиот саем.
Според „Carscoops“, иако нема официјална потврда, сите знаци укажуваат дека ова е новата, долгоочекувана верзија на WRX, можеби дури и во STI издание.
Сликата што беше објавена не открива многу, но се гледа агресивен дизајн, со спортска аеродинамика. Предниот дел изгледа како модернизирана верзија на сегашниот WRX, со голема маска, нагласен сплитер и хауба со отвор за воздух.
Покрај новиот модел, Субару потврди и дека работи на следната генерација на својот боксер мотор. Иако сè уште нема многу технички детали, се знае дека моторот ќе биде прилагоден за користење јаглеродно неутрално гориво E20 и е можно да има хибридна поддршка. Не се знае точно колкава ќе биде работната зафатнина или колку цилиндри ќе има.
Во изјава за Best Car Web, Фуџинуки ја нагласи посветеноста на Субару кон своите клиенти. Тој изјави: „Им благодариме на сите кои го избираат Субару. Ќе продолжиме да создаваме автомобили што ќе го оправдаат нивниот избор.“
Повеќе информации се очекуваат на отворањето на Јапонскиот саем за мобилност на 30 октомври 2025 година.
Извор: Carscoops / Car Watch / Subaru
Автомобили
Утре во Прилеп ќе се одржи традиционалниот „Авто слалом“, учество ќе земе шампионот од Кичево, Кристијан Бојоски!

Утре (недела), 1-ви јуни со почеток од 11:00ч, град Прилеп повторно ќе биде домаќин на традиционалното државно првенство на Македонија во „Авто слалом“ со возила „Олд тајмери“ и „Јанг тајмери“ во организација на Национална Федерација за историски возила на Македонија која припаѓа во семејството на „FIVA“ – Fédération Internationale des Véhicules Anciens и „Класика Прилеп“ поддржано од Министерство за Спорт.
На наше огромно задоволство и под наше медиумско покровителство свое учество ќе земе нашиот кичевчанец, поранешен шампион и долгогодишен искусен учесник Кристијан Бојоски со својот модифициран „Опел Кадет“, кој долги години е миленик на прилепската публика, а владее голема поддршка и од нашиот град Кичево.
Инаку да потсетиме лани Кристијан Бојоски се натпреваруваше во класа 3 заедно со уште 11 учесници, рекорден број во таа категорија. Бојоски заврши на четвртата позиција со извозено време 1:40
Бидете дел и заедно да навиваме за кичевчанецот кој благодарение на пријателите и спонзорите кои здружено помагаат првично во техничката спремност, а тука не смее да се заборави поддршката на „Adler“, успешно плови по автомобилистичките води.
Имено да потсетиме, во октомври 2023, Бојоски го извози најдоброто време во класата „олд тајмери“ и се закити со пехар и медалја.
Настанот е на официјалната локација пред „Палма Шоп“ во Центарот на градот. Истиот беше закажан за 11-ти мај, но доби нов датум 1-ви јуни поради санација на делови од патеката, тогаш истакнаа од организацијата.
Со среќа на сите учесници!
Автомобили
„BMW“ во својата палета на електрични автомобили ќе го истакне својот модел „i4 M60“, со неверојатни 593 коњски сили

Помина нешто повеќе од една година откако BMW направи освежување на Серија 4 Gran Coupe и електричниот модел i4. Сепак, спортската верзија i4 M50 тогаш не доби технички промени. Таа продолжи да се нуди со истата M Performance поставка која развива 536 коњски сили и 795 њутн-метри вртежен момент. Неколку месеци подоцна, BMWBLOG објави информации дека се подготвува помоќна верзија – i4 M60. Сега, иако неофицијално, таа верзија се појави на холандската страница на BMW.
Новата i4 M60 веќе е наведена меѓу понудените модели, иако сè уште не може да се конфигурира. Интересно е што i4 M50 сè уште стои во понудата, но тоа веројатно ќе се промени наскоро. Новиот модел носи 593 коњски сили, што е за 57 КС повеќе од претходниот. Вртежниот момент останува ист – 795 њутн-метри.
Поради дополнителната сила, i4 M60 е побрз – од 0 до 100 км/ч стигнува за 3,7 секунди, што е за 0,2 секунди побрзо од M50. Максималната брзина останува ограничена на 225 км/ч. Покрај подобрените перформанси, има и други новитети кај оваа верзија, која е најпродаван BMW M модел последниве три години.
Според податоците од холандскиот сајт на BMW, новиот i4 M60 има автономија од 432 до 551 километар според WLTP стандардот. Иако минималниот дострел е помал од претходната верзија (469 км), максималниот сега е поголем (513 км порано). Батеријата и натаму има капацитет од 81,1 kWh, со максимално полнење на 205 kW со еднонасочна струја.
Новата верзија троши малку повеќе енергија – од 21 до 16,6 kWh на 100 км, додека старата верзија имаше потрошувачка од 19,7 до 17,9 kWh. Исто така, автомобилот е малку полесен – намален е за 5 килограми, па сега тежи 2.285 кг.
Брзината на полнење исто така е подобрена. За само 10 минути, може да се добие енергија за 141 до 185 километри, додека кај претходниот модел тоа беше 135 до 175 километри. Бидејќи BMW веќе ги подновува своите веб-страници со новиот модел, целосното претставување на i4 M60 најверојатно ќе се случи многу наскоро.
Извор: bmwblog.com
-
Хроника1 ден
При изведување градежни работи на автопат Кичево-Охрид од дрвена платформа паднал работник, жител на Кина
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (4 јуни)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за четврток (5 јуни)
-
Временска прогноза2 дена
Попоски апелира за локална дестабилизација со пороен дожд, ова се информациите
-
Кичево56 минути
(ФОТО) ТППЕ Кичево: Се гаси дива депонија зад „Стара централа“
-
Спорт23 часа
ФФМ на дечињата кои учествуваа во финалниот турнир во „Детската лига“ ќе им овозможи бесплатно да го следат мечот Македонија-Белгија од трибините на „Тодор Проески“
-
Скопје11 часа
За еден ден во Скопје изречени 180 мерки во областа на сообраќајот
-
Македонија3 часа
На граница кај бугарин во возило пронајдени биле електрошок и солзавец, бил веднаш лишен од слобода