Кичево
„Enigma Rock Night“ vol.2 во Кичево
Кичево е на прагот на уште една незаборавна вечер, преполна со моќни рок звуци и енергија која ќе ја раздрма музичката сцена! Во сабота, на 2 ноември 2024, со почеток во 20:00 часот, холот на Домот на култура „Кочо Рацин“ ќе биде домаќин на уште еден ексклузивен концерт „Enigma Rock Night vol. 2“ , каде што најдобрите локални бендови ќе ја пренесат својата страст и љубов кон рок музиката преку автентични звуци.
Оваа вечер е совршена шанса за вистинските љубители на рокот да уживаат во настапите на:
🎸 Fire Phoenix
🎸 Half God
🎸 Future Band
🎸 Black Velvet
🎸 Steam
🎸 Plum
Подгответе се за динамични рифови, заразни ритми и неповторливи интерпретации, бидејќи овие бендови ќе донесат енергија што ќе ве врати во минатото, но и ќе создаде свежа и возбудлива атмосфера. „Enigma Rock Night vol. 2“ е вечер кога звукот ќе биде гласен, енергијата заразна, а атмосферата – незаборавна!
Не ја пропуштајте оваа рок сензација во срцето на Кичево! Подгответе се за уникатно музичко доживување и одлична дружба што ќе се памети!
Кичево
(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух
Не е прв пат во овој период од годината густ смог да падне врз град Кичево, некои викаат дека оваа појава почнала да се застапува поради низа активности, некои пак укажуваат дека сепак е тој природен феномен кој секогаш се случува при ваква или слична конфигурација и местоположбата на самиот град.
Предмалку наш читател Д.К. сподели на неговиот фејсбук интересно аматерско видео снимано пред околу 2 часа од патот кон месноста Крушино, односно с. Кнежино каде нормално се на поголема нмв, може да се забележи дека таму буквално ѕуни чист воздух и сонце тлее на секаде, додека долу кон живеалиштата, местото е обвиено со густ смог.
Моментално концентрацијата на ПМ10 е на умерено ниво и не претставува проблем, но смогот честопопуларниот израз (магла) треба неколку часа за да се крене, односно ослободи од градската средина.
Кичево
(ВИДЕО) На голема радост на дечињата, ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево блесна во украсна новогодишна бајка
Во рамки на денешниот ден заврши и предновогодишното украсување на училиштето. Благодарение на наставниот колегиум и директорот, ова училишно катче навистина изгледа преубаво, на голема радост на дечињата.
– Кога се работи за нашите ученици, ама баш не претставува никаква тешкотија да се украсат училниците, главниот ходник и училишниот двор. Заедно со наставниот кадар кој морам да ги пофалам за нивната креативност успеавме да направиме едно вистинско новогодишно катче во пресрет на новата 2026-та година и божиќните празници. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои придонесоа секако и на родителите кои се тука и постојано ни ја даваат максималната поддршка, на кратко истакна директорот на ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, г-дин Бошко Лазаровски
Во прилог ви го презентираме нивниот краток видео запис и некоја фотографија која ни испратија:
Кичево
Вчера вечер во кичевски угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка на четворица жители на град Кичево
На 11.12.2025 во 23:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект, на ул. „Маршал Тито“ во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.А. (34), С.А. (25), од една страна и Х.Џ. (22) и О.М. (42), од друга страна.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, за јавноста соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп2 денаХороскоп за сабота (13 декември)
-
Спорт1 ден(ВИДЕО) Со головите на кичевчаните Стефан Стојаноски 23′ и Павел Димоски во 93′, Македонија У15 ја победи силната Турција, секоја чест момци, гордост на нашиот град
-
Хроника1 денМаж во производствена хала од машина се здобил со повреди и починал на лице место
-
Хороскоп22 часаХороскоп за недела (14 декември)
-
Кичево10 часа(ВИДЕО) Утрово Кичево под густ смог, но затоа кон месноста Крушино сонце и чист воздух



