Следете не

Здравје и убавина

Еве зошто треба повеќе да зачестите со конзумирање ф`стаци

Објавено пред

на

Егзотични и вкусни, а можат да се најдат во секоја продавница. Велат дека се најздравата ужинка која го забрзува метаболизмот, го намалува холестеролот и го забавува стареењето. Меѓутоа, за од нив да го извлечете максимумот потребно е да ги консумирате речиси секој ден, но не повеќе од една шака.

За само пет дена ќе го намалите холестеролот за 20 проценти, благодарение на антиоксидантот лутеин кој го содржат. Ф’стаците се одличен извор на влакна, го регулираат нивото на шеќер во крвта, а само една шолја содржи дури 60 проценти од препорачаната дневна доза на фосфор.

И на крај, она што ќе ги израдува мажите – ф’стаците поволно влијаат на либидото, така што ја зголемуваат сексуалната желба за дури 51 процент ако се консумираат секојдневно.Есенцијалните масни киселини во ф’стаците помагаат во производството на полови хормони и го забрзуваат протокот на крв во гениталиите.

А имаме добра вест и за жените – ф’стаците се наречени природен бтокс. Само пет до десет ф’стаци дневно се доволни за да го забават процесот на стареење на кожата.

Здравје и убавина

Внимавајте од мувлата на храната, таквите намирници можат да бидат фатални по здравјето

Објавено пред

на

Ако мувла зафатила само еден дел од вашата храна, најверојатно мислите дека е безбедно да го отстраните тој дел и да си го изедете остантиот дел кој е „здрав“, без оглед дали се работи за овошје, зеленчук или можеби леб. Сепак, ако навистина правите вака, тоа е една многу лоша идеја.

Постојат илјада видови на мувла, а некои видови произведуваат и микротоксини – хемикалии кои можат да предизвикаат бројни невролошки проблеми, па дури и смрт.

На микроскопско ниво, мувлата расте во тенки влакна, кои се шират кружно, како корен на дрво.

Тие не се видливи со голо око, па дури и кога ќе се исече дел од местото кое видливо го зафатила мувла, дел од оваа заразна колонија останува и на остатокот од храната за кој сметате дека е сосема чист.

Ова најчесто се случува кај лебот, овошјето и зеленчукот, а со отргнувањето на мувлосаниот дел не сте го решиле проблемот целосно, бидејќи не сте ни свесни до каде е проширена оваа мувла.

Најдобро е ваквата храна, воопшто да не ја жалите и да ја фрлите, дури и да нема мувла, а на вас ви делува сомнително, подобро фрлете ја и купете свежа, бидејќи компликациите и проблемите кои можат да настанат во вашиот организам можат да бидат фатални.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Неколку работи за „Витамин Ц“ кои дефинитивно не сте ги знаеле

Објавено пред

на

Витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот систем, го одржува ткивото здраво, но и помага при апсорција на железото. Ако сте настинати, витаминот Ц ви е најдобриот сојузник во таа борба.

Препорачаната доза на витамин Ц за жени е 75 милиграми, а за мажи 90 милиграми, но и да внесете повеќе, никогаш не можете да се предозирате бидејќи овој витамин од телото се исфрла преку урината.

Погледнете кои намирници содржат најмногу витамин Ц:

1. Гуава

Половина шолја гуава содржи 188 милиграми витамин Ц и само 56 калории.

2. Црвена пиперка

Во половина шоља црвена пиперка има 143 милиграми витамин Ц, а само 20 калории. Доколку ја зготвите, таа во тој случај ќе ви обезбеди 118 милиграми витамин Ц.

3. Киви

Едно киви со средна големина содржи 70 милиграми витамин Ц и 46 калории.

4. Портокал

Еден портокал со средна големина има 70 милиграми витамин Ц и само 63 калории. Во сокот од портокал (природно цедениот), односно во ¾ од една чаша има од 61 до 93 милиграми витамин Ц и меѓу 79 и 84 калории.

5. Зелена пиперка

Таа содржи 60 милиграми витамин Ц и само 15 калории.

6. Грејпфрут

Половина грејпфрут содржи 39 милиграми витамин Ц и 52 калории.

7. Сок од зеленчук

Напитокот од зеленчук ќе ви обезбеди значително количество корисни состојки, вклучувајќи и витамин Ц. Ако додадете и домат, ќе добиете корисна доза на ликопен, кој е исклучително лековит. Во една чаша сок од зеленчук може да се најдат 50 милиграми витамин Ц и само 34 калории.

8. Јагоди

Јагодите содржат доста влакна и антиоксиданти, вклучувајќи и витамин Ц. Половина шоља јагоди содржи 49 милиграми витамин Ц и 27 калории.

9. Диња

Една четвртина диња има 47 милиграми витамин Ц и 51 калорија.

Додека сме кај овој витамин, пред неколку години истражувачите од Империјал Колеџот во Лондон откриле дека пациентите со астма или хронична опструктивна болест на белите дробови, почесто доаѓаат на болничко лекување во деновите кога загадувањето на воздухот поголемо. Исхраната богата со антиоксиданси би можела да им помогне на вашите бели дробови да се изборат со загаденоста од воздухот, покажува една студија.

Аеросолите исто така предизвикуваат оксидативен стрес во организмот и го зголемуваат ризикот од срцев удар.

Меѓутоа, истражувачите откриле дека лицата кои имаат повисоко ниво на „витамин Ц“ во крвта имаат помали шанси да завршат во болница кога воздухот е позагаден од вообичаено.

Иако студијата била со мал обем, ова откритие „придонесува кон се поголемиот број докази дека ефектите од загадување на воздухот можат да се регулираат со антиоксиданси, вели Мајкл Бројер, научник од Универзитетот во Британска Колумбија.

Со истражувањето се опфатени 209 лица кои се примени во лондонската болница.

Претходно, истражувачи од Корнел универзитетот откриле дека исхраната богата со антиоксиданси ги чува функциите на белите дробови, а докажани се и позитивните ефекти на витаминот Ц и Е, како и селенот.

Исто така, Универзитетот во Северна Каролина пред повеќе години објавија дека „витаминот Ц“ може да ги заштити белите дробови од озон.

/denar

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Каде се наоѓа хемикалијата која предизвикува тумор

Објавено пред

на

Во бројни намирници кои секојдневно се на нашето мени е пронајдена хемикалија која предизвикува појава на тумор.

Станува збор за хемикалијата наречена акриламид, а пронајдена е во кафето, чипсот, пржените компирчиња, крекерите, па и во некои видови на детска храна. Овој опасен спој настанува со термичкото загревање при пржењето на наведените производи. Во најголема опасност се децата поради ниската телесна маса.

Опасноста од акриламид пред неколку години ја потврди и агенцијата на Европската унија ЕФСА (European Food Safety Authority), која веќе предложува нови закони за постапување со храната.

Зошто акриламидот е опасна хемикалија?

Акриламидот кој се консумира орално се апсорбира во гастроинтестиналниот тракт и се дистрибуира до сите витални органи и таму метаболизира. Така настанува глицидамид кој е предизвикувач на генетски мутации и тумори кои се појавуваат кај лицата.

Извор: denar.mk

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Свет2 часа

Сан Франциско им дозволува на полициските роботи да користат смртоносна сила

Одборот на супервизори во Сан Франциско гласаше да им се дозволи на полициските роботи да користат смртоносна сила во екстремни...

Магазин2 часа

Протекоа информации за MIUI 14 пред официјалното лансирање

Сите новости ги објави корисникот на Twitter @kacskrz, а MIUI 14 ни носи нова системска архитектура со претходно инсталирани апликации...

Магазин2 часа

Дали Apple ве лажеше за приватноста?

Со зголемената загриженост за приватноста на податоците, Apple прибегна кон паметен маркетинг и ТВ реклами за да ги увери корисниците...

Магазин2 часа

Twitter ја прекина политиката за дезинформации за корона

Долгогодишните напори на Twitter за борба против дезинформациите за коронавирусот завршуваат, барем засега. Twitter почна да се занимава со дезинформации...

Магазин2 часа

Еве Viber услуга што не ја користите и која може да ви заштеди пари

Rakuten Viber пред празниците им понуди на своите корисници нова услуга Viber Out Rakuten Viber, една од најголемите глобални комуникациски...

Магазин2 часа

Криминалците го користат популарниот предизвик TikTok за да го направат невидлив малициозен софтвер за крадење податоци

Злонамерниот софтвер го користи популарниот предизвик TikTok за ширење на малициозен софтвер за крадење податоци преку лажна апликација која досега...

Магазин2 часа

Лионел Меси стана лик во играта на Call of Duty, а на фановите едно им пречи (ВИДЕО)

Лионел Меси стана лик во видео игрите Call of Duty Modern Warfare II и Call of Duty: Warzone. Меси е...

На денешен ден6 часа

2 декември – На денешен ден

1254 – Сицилијанскиот крал Мафред ја поразил папската војска во битката кај Фоџа и го задржал своето кралство. 1547.- Починал...

Македонија8 часа

Со последното намалување на цените на нафтените деривати, дизелот и бензинот од денес се продаваат по иста цена за литар

Дизел горивото од денес се продава со намалена цена за два денари од литар, додека пак цената на бензините останува...

Временска прогноза14 часа

Целосна метео анализа за месец декември, ова се најновите вести

Според најновите анализи кои ги направивме со помош на најпрецизните нумерички модели во светот, месец декември оваа година ќе биде...

НАЈЧИТАНИ