Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Утре времен прекин на електрична енергија од два часа на ул. Јанко Михајлоски према „Атва“

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре на ден 31.03.2021 година – четврток, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на:
ул.Јанко Михајлоски (према маркет Атва) и Маркет АТВА како и околните објекти. (Од 08:30 до 10:30 часот)
Извор: Струја
Кичево
Во недела на големиот празник рождество на Пресвета Богородица, во кичевско с.Другово ќе се осветува поставениот Крст

Со голема радост и духовен трепет од с.Другово известуваат дека на големиот празник Рождество на Пресвета Богородица, ќе се изврши осветување на православниот Крст поставен на просторот кај базенот.
Овој благословен чин е израз на нашата вера, љубов кон Бога и почит кон Пресветата Мајка.
Ве повикуваме сите верници, мештани и гости да присуствувате и заедно да го споделиме овој значаен момент, во слава на Бога и чест на Пресвета Богородица.
Секој е добредојден – да се обединиме во молитва, заедништво и духовна радост.
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ прва изложба на кичевчанецот Зоран Здравески насловена како „Железна поезија“, вечер на креација, инспирација и разговори

Вечерва со почеток од 19:30ч во фоајето од Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи изложбата „Железна поезија“ на Зоран Здравески. Роден во Кичево на 17 јануари 1975 година. Завршил средно образование како машински техничар, а професионално е ангажиран во приватна фирма специјализирана за метал и обработка на метал.
Паралелно со работата, неговата страст е изработката на железни скулптури. Контраст меѓу студеното и топлото металот е „ладен”, а уметноста му дава „топлина”.
Тој контраст создава поезија што се чувствува без зборови. Со еден збор, „Железна поезија” кажува дека уметноста може да направи и најцврстиот материјал да пее.
Екипата на Порта.мк му честита за првата негова изложба, со надеж за уште поголеми проекти во иднина. Повелете и дадете поддршка со вашето ценето присуство на една поинаква уметничка вечер исполнета со креација, инспирација и разговори.
Кичево
ЕВН: Времен прекин на електрична енергија утре во следните кичевски места

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 12.09 – петок, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата и објектите на следните места од град Кичево:
КИЧЕВО | Ресторан и Маркет Атва (пожарна), Сетек, Стокомак, Скопска Пивара, Магацин за пелети, Синдикат ССМ и околните објекти | 12.09.2025 08:30 | 12.09.2025 15:30 |
- Напомена: Времетраењето „од-до“ може да зависи од ефикасноста на работата.
-
Кичево12 часа
Во недела на големиот празник рождество на Пресвета Богородица, во кичевско с.Другово ќе се осветува поставениот Крст
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (18 септември)
-
Музика2 дена
Училиштето за Црковна музика „Митрополит Козма Пречистански“ во петок и сабота преку „аудиција“ врши упис на нови членови за источно пеење
-
Скопје15 часа
Малолетници на 12 и 14 годишна возраст од угостителски објект одзеле пари од вработени и побегнале, едниот се заканил со остар предмет
-
Временска прогноза17 часа
Следната седмица вистинска промена на времето
-
Временска прогноза2 дена
Брз продор на ладен воздух од север, додека само утре услови за слаб локален дожд
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за петок (19 септември)
-
Магазин2 дена
Осум iOS 26 промени што мора да ги пробате